Category Archives: COVID 19

Продолжуваат лошите бројки: Починаа четири пациенти, 162 лица се новозаразени од вирусот

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 75, Куманово 14, Дебар 1, Штип 5, Прилеп 5, Тетово 13, Струга 1, Велес 2, Битола 5, Охрид 2, Кавадарци 2 , Гевгелија 3, Струмица 10, Крива Паланка 3, Радовиш 4, Кочани 12, Пробиштип 1, Валандово 1, Виница 2 и Свети Николе 1.

–Починати се 4 лица, тројца пациенти од Скопје (55, 80 и 81г) и еден од Штип (81г), се наведува во информацијата.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 18138, бројката на оздравени пациенти е 15068, на починати е 743, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2327.

Бројот на позитивни од Ковид е „плафон“ – состојбата загрижува

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 77
-Куманово 9
-Дебар 3
-Штип 5
-Прилеп 11
-Тетово 16
-Струга 3
-Велес 5
-Битола 6
-Охрид 2
-Кавадарци 3
-Гостивар 5
-Гевгелија 1
-Струмица 9
-Крива Паланка 3
-Радовиш 6
-Кочани 10
-Пробиштип 3
-Берово 1
-Валандово 3
-Виница 3
-Делчево 2
-Свети Николе 5
-Кичево 2
-Неготино 1

Во болнички услови се починати 2 пациенти од Прилеп (80г) и Велес (54г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти од:

-Скопје 33
-Куманово 8
-Дебар 13
-Штип 3
-Прилеп 6
-Тетово 29
-Струга 2
-Велес 6
-Битола 5
-Охрид 1
-Кавадарци 8
-Гостивар 5
-Гевгелија 1
-Струмица 14
-Крива Паланка 2
-Радовиш 1
-Пробиштип 1
-Македонски Брод 4
-Берово 5
-Валандово 1
-Виница 5
-Кичево 5

Досега во земјата се направени вкупно 188.777 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17977, бројката на оздравени пациенти е 14959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279.

Филипче: Јануари ќе биде најкритичен месец

Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека најкритичен месец во однос на состојбата со заразата ќе биде јануари. Тогаш, како што објасни Филипче, е период кога ќе заврши циклусот од два месеца кога луѓето ќе поминуваат повеќе време во затворен простор.

Сепак, тој вели дека полициски час на територија на целата држава нема да има. Можно е тоа да биде само во одредени населби или општини.

Исто така напомена дека има големи шанси да се отворат границите со земјите од регионот.

„Разговори има, но не сакаме да избрзуваме. Сепак, останатите земји немаат широк начин на тестирање, како што имаме ние“, соопшти Филипче и надополни дека во тек е набавка на брзи тестови за новата болест, што ќе дадат резултати за 15 минути.

„Дел од нив ќе бидат на граничните премини, а дел од нив по болниците“, вели министерот.

Според Филипче, во некои клиники или болници ќе дојде до промена на директорските места, поради послаб перформанс во изминатиот период.z

„Нема да има поделби дали е од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Немаше реакции од ДУИ кога беше сменет Зибери, тие ја прифатија одлуката и сум немал досега никаков конфликт со коалициските партнери“, рече Филипче.

143 нови случаи на коронавирусот,9 починати , ова се градовите денеска со нови случаи во последните 24 часа

Министерството за здравство јавува дека Во последните 24 часа се направени 1504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на коронавирусот и тоа во овие градови:

Скопје 43-Куманово 16-Штип 4 -Прилеп 9 -Тетово 6 -Струга 2 -Велес 3 -Охрид 2 -Кавадарци 3 -Гостивар 6 -Гевгелија 4 -Струмица 11 -Радовиш 1 -Кочани 15 -Пробиштип 1 -Пехчево 1 -Валандово 3 -Виница 2 -Делчево 3 -Свети Николе 5 -Кичево 2 -Неготино 1.

Поч инати се 9 лица, пац иент од Виница (70г), двајца пац иенти од Струмица (по 67г), еден пац иент од Охрид (48г), од Гостивар (64г), двајца пац иенти од Тетово (70 и 71г) и двајца од Куманово (68 и 77г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти од:

Скопје 42 -Куманово 14 -Прилеп 11 -Тетово 8 -Струга 5 -Велес 1 -Битола 3 -Охрид 6 -Кавадарци 1 -Гостивар 2 -Гевгелија 1 -Струмица 3 -Радовиш 1 -Кочани 3 -Пробиштип 1 -Пехчево 1 -Берово 1 -Делчево 2 -Кратово 1 -Свети Николе 3.

Досега во земјата се направени вкупно 182.538 тестирања на коронавирусот.

Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на коронавирусот дија гностицирани во нашата земја од почетокот на епи демијата изнесува 17343, бројката на оздравени пациенти е 14422, на поч инати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2200.


Д-р Вело Марковски: Можеби децата го прележале вирусот лани

Инфектологот, д-р Вело Марковски, на почетокот од пандемиската криза, во месеците март и април беше еден од медиумски најекспонираните доктори, кои се обидуваа да го објаснат новиот вирус и да прогнозираат, како ќе се одвива пандемијата во иднина.

Но, тука има една нелогичност. Д-р Марковски вели дека децата можеби го прележале вирусот во ноември. Значи биле заразени. Како тогаш во ноември не го пренеле на повозрасните во своето семејство?

Нов есенски бран на новозаразени со ковид-19, Филипче најавува можни нови рестриктивни мерки

Состојбата со ковид-19 станува сѐ полоша. На дневно ниво се зголемува бројот на заболени, а според надлежните главната причина за ова е непочитувањето на мерките. Токму затоа, можно е воведување на нови рестрикции, а најмногу се размислува за  задолжително носење маски на отворено, ограничување на бројот на лица на одредени места, но и засилени контроли и казни.

Главната причина за зголемување на бројката, според анализите на надлежните, се должи на непочитување на мерките и тоа пред се групирање, семејни собири, прослави и свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.

Според Филипче, апсолутно е недозволиво покрај сите најави за ризиците што ги носи овој период значителен дел од граѓаните и понатаму да не ги почитуваат и да ги прекршуваат мерките. Недозволиво е како што рече, и сериозен дел од бизнисите, пред сѐ од угостителскиот сектор да не ги почитуваат превентивните мерки.

„Да ги почитуваме мерките и да не дозволиме да се преполнат болниците. Непочитувањето на мерките ќе значи оптоварени и изморени здравствени работници кои заради зголемениот број пациенти нема да можат да пружат соодветна нега и грижа. Да ги почитуваме мерките, бидејќи тоа значи истовремено и почит кон здравствените работници“, порача вчера на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој појасни дека иако во моментот вкупниот капацитет на болниците е во сосема добра состојба, еден од најголемите ризици беше и останува притисокот врз здравствениот систем. Свесни дека повеќе од сигурно ќе се соочиме со есенски бран, потенцира, уште на почетокот на летото го подготвуваме здравствениот систем, ги зголемуваме капацитетите на болниците, функционира системот на ротација на лекари и медицински сестри.

И покрај можните ризици, сепак останува препораката училиштата да почнат со работа. За дневниот престој, се чекаат конечните бројки од МОН.

„Засега останува препораката дека училиштата може да почнат со работа. Ако го следиме функционирањето на градинките, секојдневно практично ги пратиме бројките и епидемиолошките мини случувања во однос на појава на мини кластери во рамките на поединечни општини за во таа смисла да може да интервенираме или да дадеме дури и некоја таргетирана препорака во некој еден одреден дел од земјата. Значи, не на територијата на целата земја и тоа не само врз основа на бројката, туку и врз основа на епидемиолошките податоци, односно како тие луѓе се заразиле, кои биле контактите итн“, рече Филипче.

Ковид-19 е сѐ поприсутен меѓу работноспособното население, а најголем број на заболени имаат над 60 години.

 Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 88 случаи на заболени со ковид-19, од вкупно 1.618 тестирања.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.867. Оздравени се вкупно 14.084 пациенти, а починале 705. Во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.078, најмногу во Скопје 564, во Куманово 215, Тетово 134 и во Прилеп 119.

Во болниците од ковид-19 се лечат 341 пациент, од кои 43 се на кислородна поддршка, а четворица се на респираторна машина.

Повеќе: https://www.mkd.mk/makedonija/obrazovanie-i-zdravstvo/se-ochekuva-esenski-bran-na-novozarazeni-so-kovid-19-filipche

Филипче: “Главна причина за зголемување на бројката на заболени е непочитување на мерките“

Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека главната причина за зголемување на бројката на заболени со ковид-19 се должи на непочитување на мерките за заштита. Тоа се групирање, семејни собири и прослави, свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните.

„ Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм, дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме и јавното здравје и здравствениот систем. Повторно ќе кажам нема да дозволиме оние кои не ги почитуваат мерките да ги изложуваат на ризик критичните, ризични групи граѓани, но и сите останати кои може да бидат жртви на вирусот, а видовме дека коронавирусот може да биде фатален буквално за секој еден од нас. Заради оваа состојба веќе започнавме, а уште повеќе во следните денови ќе ги засилиме контролите за спроведување на мерките и протоколите кои се веќе на сила. Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките интензивно ќе работат и апелирам состојбата да се сфати сериозно. Апсолутно е недозволиво, покрај сите најави за ризиците коишто ги носи овој период, сериозен дел од граѓаните и натаму да не ги почитуваат мерките. Недозволиво е сериозен дел и од бизнисите пред се во угостителскиот сектор да не ги почитуваат превентивните мерки“, рече министерот Филипче.

22-годишно момче почина од компликации на КОВИД-19

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски денеска соопшти дека на Инфективната клиника во Скопје како последица на Ковид 19 починало 22-годишно момче од Свети Николе.

Според неговата информација, момчето најпрво се лекувало на Инфективното одделение од болницата во Велес, но поради компликации, минатата недела било итно пренесено во Скопје.

Коцевски апелираше до сите жители на општина Велес да ги почитуваат мерките за заштита затоа што последните десетина дена бројките покажуваат зголемување во тој реон

Опуштете се, СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ СЕ ИМУНИ НА КОРОНА ВИРУС

Научниците претпоставуваат дека голем број луѓе веќе се имуни на САРС-КоВ-2 и оти овој имунитет потекнува од обични настинки кои исто така ги предизвикуваат коронавирусите, пишува Бритиш медикал џурнал.

Научниците во моментов испитуваат можни имунолошки реакции на САРС-КоВ-2, со претпоставка дека голем број луѓе веќе имаат имунитет на овој вирус.

Одговорите на јавното здравство ширум светот се засноваат на претпоставката дека вирусот влегол во човечката популација без претходно постоечки имунитет. Сепак, низа студии кои идентификуваа Т-клетки кои реагираат на САРС-КоВ-2 и кај луѓе кои не биле заразени, сега поведуваат нови прашања во врска со вистинската природа на епидемијата.

Најмалку шест студии потврдиле присуство на антитела кон САРС-КоВ-2 кај 20 до 50 проценти од луѓето кои, колку што е познато, не биле во контакт со вирусот.

Во истражувањето на крвта од дарители во САД, чии примероци биле собрани меѓу 2015 и 2018 година, кај 50 проценти пронајдени се видови на Т-клетки кои реагираат на САРС-КоВ-2. Слична студија е спроведена во Холандија врз примероци собрани одамна пред пандемијата, при што антитела на САРС-КоВ-2 биле пронајдени кај две од десет лица кои не биле изложени на вирусот.

Во Германија, антитела реактивни на САРС-КоВ-2 се забележани кај дарители на крв кои се негативни на вирусот. Во Сингапур, анализа на примероци земени од луѓе кои не биле во контакт со САРС или Ковид-19 покажа дека кај 12 од 19 случаи потврдена е реактивност на САРС-КоВ-2, како и кај седум од 11 лица кои биле негативни на вирусот. Реактивност на САРС-КоВ-2 е забележана и во Велика Британија и Шведска, кај луѓе кои претходно не биле изложени на вирусот.

Резултатите од овие студии, иако се мали во обем, тешко е да се игнорираат, иако сепак не даваат прецизен увид во претходно стекнатиот имунолошки одговор на САРС-КоВ-2.

Научниците се убедени дека се на пат да се утврди потеклото на тој имунолошки одговор.

Даниела Вајскоф, една од авторките на студијата, истакна дека се претпоставува оти станува збор за имунитет кој потекнува од обични настинки, кои исто така ги предизвикуваат коронавируси. До сличен заклучок дошле и научници во Сингапур, но тие забележале дека реактивноста на Т-клетките може да потекнува од некои други коронавируси, можеби и од животински.

Оваа претпоставка, за која се потребни дополнителни истражувања, може да доведе до ревизија на начинот на кој треба да се утврди чувствителноста на населението и да се следи степенот на ширење на пандемијата.

Видео: Прв пациент вратен жив од респиратор – здрав заминува од Жан Митрев Клиникa

По две недели поминати на механичка вентилација и после 4 хемофилтрации 61-годишниот беровчанец заминува дома со негативен тест на Sars–Cov–2. Човекот е лекар за кого имаше апели за помош и лекување. Тој е првиот пациент во Македонија кој успеа да се врати во живот откако беше приклучен на респиратор. Од Жан Митрев Клиник во детали појаснуваат како успеале да го спасат животот на овој пациент:


Пациентот во нашата клиника се лекуваше еден месец а беше дојден во исклучително тешка општа состојба, позитивен на коронавирусот, со температура над 38 степени целзијусови.
Непосредно по приемот пациентот беше поставен на неиванзивен мониторинг каде што можевме да ги следиме виталните параметри на пациентот и беа направени лабораториски, микробилошки и генетски анализи.

Од анализите веднаш забележавме покачени вредности на инфламаторни маркери, леукоцити, ЦРП, прокалцитонин како и покачени вредности на дедимери, ЛДХ и интерлеукин 6.
Применувајќи ги нашите медицински сознанија и следејќи ги најновите препораки за третман на пациенти позитивни на Covid 19 дел од третманот на тешко болни пациенти го засноваме на прочистување на крвта кој се базира на методот на хемоапсорпцијата на цитокини и други восплителни медијатори.