Category Archives: Здравје

Mакедонија ќе добие 100.000 вакцини „AстраЗенека“ преку КОВАКС

Канал 5 штотуку неофицијално дозна од извори во Министерството за здравство на Македонија дека првата пратка на вакцини од КОВАКС системот доаѓа на 31 март,а втората на 15 април…

Според информациите, првата пратка ќе има 40 илјади, а втората 60 илјади дози на вакцини од АстраЗенека…

Од извор на Министерството за здравство Канал 5 телевизија чека уште една финална потврда за овие термини, но бројот дозите не е спорен.

Прилеп бара полициски час од 19 часот, ситуацијата АЛАРМАНТНА

Општинскиот кризен штаб на Прилеп бара од надлежните во државата заострување на мерките за заштита од ковид-19, поточно полицискиот час во следните две до три недели на територијата на општината да биде од 19 до 5 часот.  Барањето следува откако Прилеп стана втор град во државата по број на новозаразени меѓу кои голем дел се млади лица, има многу хоспитализирани и починати од ковид-19. Општина Прилеп е прва во државата по стапката на морталитет, поточно број на смртни случаи од вкупниот број на население.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, на денешната прес-конференција, прва по неговото закрепнување од ковид-19, рече дека состојбата со болеста во општината е алармантна и крајно загрижувачка.

„Во Општата болница ‘Борка Талески’ во Прилеп се хоспитализирани 89 лица од кои 77 се на кислородна поддршка. Дополнително во дневната болница се лекуваат 92 пациенти . Во последните 24 часа за преглед на Инфективното одделение се јавиле 105 пациенти, а имаме и 5 починати во последните 24 часа“, рече Јованоски.

Градоначалникот објасни дека полицискиот час треба да почнува три часа порано бидејќи во периодот од 19 до 22 часот има најголем број дружења, собирања по дома и излегувања по кафулињата.

24 починати и 999 нови случаи на КОВИД-19 во земјава

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на КОВИД-19 во:Скопје – 539, Прилеп и Битола – по 44, Куманово – 41, Охрид – 38, Кавадарци – 34, Велес – 25, Гевгелија – 23, Тетово – 22, Неготино – 21, Кочани – 20, Крива Паланка – 19, Гостивар – 16, Штип – 15, Струга – 10, од Струмица, Кичево, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 8, од Ресен и Делчево – по 7 лица, Берово – 6, Демир Капија – 5, по 4 лица од Свети Николе, Радовиш и Пехчево, од Демир Хисар и Виница – по 3, Кратово – 2, од Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1. Регистрирани се 543 оздравени пациенти од:Скопје – 240, Охрид – 52, Прилеп – 38, Тетово – 27, Велес, Гевгелија и Струга – по 24, Куманово – 17, Струмица и Битола – по 14, Гостивар – 12, Кочани – 8, Крива Паланка, Пробиштип и Дебар – по 5, Кичево, Крушево и Делчево – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, од Штип, Берово, Виница, Демир Хисар и Богданци – по 2, од Неготино, Валандово и Радовиш по 1 лице. Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 46 – 80 години и тоа: 5 пациенти од Прилеп, од Скопје – 4, од Кавадарци – 3, по 2 починати лица од Гевгелија, Гостивар, Кочани и Дебар, по едно починато лице од Куманово, Битола, Штип и Неготино. Сите пациенти се починати во болнички услови. Направени се 3.627 тестови преку: ИЈЗ-467, ЦЈЗ Скопје-99, Авицена-387, Биотек-344, Жан Митрев (Филип Втори)-201, Систина-330, лабораторија Лаор–176, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-97, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.360, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0. Досега во земјата се направени вкупно 571.068 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)Скопје 50464, активни 5941Прилеп 6166, активни 805Куманово 6030, активни 418Тетово 5817, активни 359Гостивар 4089, активни 292Кавадарци 3906, активни 638Штип 3844, активни 191Велес 3782, активни 314Битола 3754, активни 321Охрид 3621, активни 455Струмица 2929, активни 205Струга 2530, активни 161Кочани 1991, активни 150Кичево 1835, активни 57Неготино 1618, активни 403Гевгелија 1515, активни 297Свети Николе 1153, активни 41Крива Паланка 981, активни 133Ресен 894, активни 96Дебар 806, активни 12Радовиш 784, активни 42Делчево 771, активни 49Берово 713, активни 66Пробиштип 597, активни 46Виница 542, активни 23Валандово 417, активни 45Крушево 381, активни 113Богданци 346, активни 65Кратово 303, активни 23Демир Хисар 303, активни 41Демир Капија 291, активни 58Македонски Брод 261, активни 9Пехчево 200, активни 13Македонска Каменица 194, активни 2Дојран 101, активни 5

СРБИЈА ЗАТВОРА СЕ ништо нема да работи, освен пекари, аптеки и бензиски

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека од утре до понеделник во државата речиси ништо нема да работи, се ќе биде затворено, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи.

По седницата на Кризниот штаб за борба со епидемијата на коронавирусот, Брнабиќ изјави дека нема да има полициски час.

Според неа, тие мерки се компромисно решение бидејќи медицинскиот дел од Кризниот штаб побарал затворање во траење од 14 дена.

Здравствените власти сметаат дека нема друг начин да се спречат собирањата, особено на младите, во диви дискотеки, кои секојдневно се откриваат.

Медицинскиот координатор на ковид-болницата во Арена во Белград, Предраг Богдановиќ денеска изјави дека построгите мерки во текот на изминатите три викенди не влијаат врз намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19.

Единствен од функционерите кој не се согласува со ваквите мерки е заменик-градоначалникот на Белград Горан Весиќ кој вели дека ги почитува напорите направени од извршната власт да се најде компромис меѓу барањата на медицинскиот дел на Кризниот штаб и оние што се занимаваат со економија, но смета дека „секое заострување на мерките значи економски штета и губење на работа “.

Тој во утринската програма на ТВ Хепи рече дека викендот што измина, кога не беше отворен ниту еден угостителски објект, покажал дека се организирале многу приватни забави.

Ми се јавија од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини

Вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби во вчерашнато интервју на ТВ21 изјави дека секојдневно му се јавуваат луѓе кои му нудат вакцини и дека вчера луѓе од Германија му понудиле дури 5 милиони вакцини.

– Секој ден ми се јавуваат луѓе за вакцини. Денес ми се јавија луѓе од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини. Се јавуваат и од други земји. Сум имал контакти со доста луѓе. Ова станува трговија веќе, што не е добро. Јас не верувам во нарачки надвор од официјалните процедури. Ова е глобална пандемија. Затоа, да почекаме уште малку и вакцини ќе има, порача Груби.

Тој посочи дека денеска се слушнал со министерот за здравство Венко Филипче кој го информирал дека на почетокот на месец април ќе пристигнат вакцини.

– Денес се слушнав со министерот Венко Филипче и ми кажа дека почетокот на месец април ќе пристигнат 800.000 вакцини од Ковакс системот, и 200.000 од Кина наредните денови. Со компанијата Фајзер сме во постојана комуникација, а во процедура сме и со Спутник. Има директни контакти, нагласи Груби.

„Казнување луѓе по улица за маска нема врска со ширење пандемија, треба клуч на кафаните„

Надлежните да признаат каде најмногу се шири корона вирусот, а не во интерес на економијата да се затскриваат зад напишани казни за неносење маски на улица, бидејќи на отворено и со држење на дистанца вирусот не се шири, дециден е професорот Никола Пановски. Тој вели оти неопходно е да се стави клуч на врата кај угостителските објакти, и да се воспостави ред во јавниот превоз, оти само така ќе се држи под контрола третиот корона бран.

-Сите мерки, додека работат кафани, кафичи, фитнес клубови, коцкарници и обложувалници се депласирани, без разлика дали од 22 до 05 часот. Казнување на луѓе по улица дека не носеле маски, никаква врска тоа нема со ширење на епидемија. Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафичите секојдневно гледате како стојат на коњопои на триесет сантими без маски, вели професор доктор Никола Пановски за Алфа.

Вчера журка во скопска 24-ка!

Ова е автобус бр. 24 во Скопје вчера! Дистанца – слабо!
Но не се луѓето виновни кога немаат избор, нема почест возен ред за да се распределат, а нема ни понуда на друг превоз како алтернатива!
Замислете Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë да поддржи обележување на брзи велосипедски ленти спроведени во мрежа од 200-500 метри на секоја улица каде што има услови, за велосипедските врски да бидат достапни на разумно растојание до сечиј дом и работно место. Брз #ПросторАнтиКорона!
“ – стои во објавата на Фејсбук.

„Ова може да де реши единствено со купување на голема флота на автобуси, кој ке може да вртат на кратки интервали. Не може со 30-тина нови автобуси, туку да се дуплира флотата!“ гласи еден од коментарите на Фејсбук страницата НаТочак.

Ова е автобус бр. 24 во Скопје вчера! Дистанца – слабо! Но не се луѓето виновни кога немаат избор, нема почест возен…

Posted by НаТочак – NaTochak on Sunday, March 14, 2021

Вакцини уште нема, рамото стоооо!

И 15-ти март дојде, а вакцини уште нема, твитови на денот:

ЕУ ни бара КОВИД пасоши, а не ни даде НИЕДНА ВАКЦИНА

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, прашува како тоа ЕУ планира да бара ковид пасоши и да ги признае само вакцините кои унијата ги одобри, а не дала за земјата ниду една вакцина.

Вучиќ се сомева дека ќе биде прифатен предлогот, но доколку се прифати потецира дека нема да биде фер кон многу земји.

– И, како мислите да има ковид пасош, а не ни доставивте ниту една вакцина? Кои сме ние? Што сме ние? Тие не сакаат да признаат дека сме поминале подобро. Претпоставувам дека треба да бидеме полоши од нив, за да бидеме добри – рече Вучиќ.

Вучиќ исто така потсети дека голем број унгарски граѓани биле вакцинирани со кинески вакцини, вклучувајќи го и премиерот на таа земја, Виктор Орбан.

– Имате вакцини кои немаат контраиндикации. Некои вакцини се толку безбедни што ќе им се даваат на бремени жени и деца. Кога имаме доволно од нив и кога тоа е дозволено во Кина, па дури и во други земји, немам проблем да го вакцинирам малиот син, не само постарите деца – рече претседателот на Србија.

Вучиќ рече дека пак од друга страна дека таквата најава ковид пасоши на ЕУ ќе и отвори економска шанса на Србија, бидејќи скоро цела Азија ќе биде блокирана да влезе во ЕУ.

– Нека дојдат луѓето кај нас. Тие ќе потрошат повеќе пари во Србија. Што се однесува до ЕУ, само вие се затворате – рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека кинеската вакцина ќе ја прими во четврток или петок, истакнувајќи дека со таа вакцина нема да може да оди во Брисел.

1.031 нови случаи на Ковид 19 починати 20 лицa!

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.373 тестирања, а регистрирани се 1.031 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 492, Прилеп – 64, Кавадарци – 53, Велес – 47, Тетово и Гостивар – по 45, Охрид – 31, Битола – 30, Куманово и Неготино – по 29, Гевгелија – 25, Струмица – 20, Штип – 16, Струга – 13, Берово – 12, Ресен, Радовиш и Крушево – по 9, Кочани – 8, Свети Николе, Пробиштип и Валандово – по 7, Крива Паланка – 6, Демир Хисар – 4, Кратово – 3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2, Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.

Регистрирани се 241 оздравен пациент од:

Скопје – 152, Гевгелија – 20, Велес – 15, Куманово – 14, Гостивар – 13, Битола – 9, Штип – 6, Ресен – 4, Валандово – 3, Струмица – 2, Кичево, Радовиш и Свети Николе – по 1.

Пријавени се вкупно 20 починати лица, на возраст од 50 – 93 години и тоа: 9 пациенти од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 4.373 тестови преку: ИЈЗ-777, ЦЈЗ Скопје-109, Авицена-403, Биотек-364, Жан Митрев (Филип Втори)-193, Систина-337, лабораторија Лаор–437, Судска медицина-46, ЦЈЗ Битола-91, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-158, Ремедика-39, лабораторија болница Козле-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.399, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0.

Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 49491, активни 5588

Прилеп 6059, активни 854

Куманово 5975, активни 432

Тетово 5768, активни 367

Гостивар 4051, активни 283

Кавадарци 3829, активни 649

Штип 3804, активни 173

Велес 3738, активни 324

Битола 3694, активни 292

Охрид 3554, активни 496

Струмица 2905, активни 213

Струга 2513, активни 184

Кочани 1950, активни 144

Кичево 1824, активни 52

Неготино 1582, активни 421

Гевгелија 1479, активни 307

Свети Николе 1143, активни 39

Крива Паланка 961, активни 146

Ресен 875, активни 81

Дебар 804, активни 17

Радовиш 779, активни 38

Делчево 763, активни 48

Берово 705, активни 62

Пробиштип 585, активни 42

Виница 538, активни 24

Валандово 406, активни 36

Крушево 372, активни 113

Богданци 332, активни 72

Демир Хисар 300, активни 42

Кратово 300, активни 28

Демир Капија 279, активни 48

Македонски Брод 260, активни 9

Пехчево 194, активни 9

Македонска Каменица 194, активни 2

Дојран 101, активни 6