Category Archives: Здравје

Д-р Даниловски: Се заразуваат и вакцинирани зошто се вакцинираа со кинески вакцини

Епидемиологот Драган Даниловски во емисијата „Студио 10“ објасни зошто во последно време има ковид заразени лица кои се вакцинирани. Според него тоа е последица што голем број на луѓе се вакцинирани со кинески вакцини.

– Омикронот го заобиколува имутетот па и оној со вакцини. Реинфекции се случуваат затоа што имунитетот стекнат бледее со тек на време и зависи кога сте ја прележала инфекцијата. Исто е и со вакцините чија заштита е во првите 3 месеци. Единствено решение е да се прими трета доза за граѓаните кои се постари од 50 години и е подложен на акутни заболувања. Помладите од 50 години кои биле со две дози Фајзер кај нив постои можност да се заштитени од зараза со омикрон. Вакцинацијата со кинеските вакцини е последица за зголем број на заразувања кај вакцинираните -изјави професорот Даниловски

Даниловски: „Новото нормално“ ќе биде со десетина зaболени дневно

Епидемиологот д-р Драган Даниловски смета бранот со омикрон во Македонија е во надолна линија. Според него, до март ќе дојдеме до поднослив број на заразени и нормално одвивање на секојдневието.

Тоа ќе биде „новото нормално“. Со очекување во летото дека ќе дојде до релаксација на бројките од десетина дневно и мал број починати. Омикронот е лебедова песна на короната во Македонија“, оценува д-р Даниловски во емисијата „Топ тема“.

Пановски: Распустот да се продолжи за две недели или 10 дена, или наставата да се одвива онлајн

По самостојниот синдикат за образование, наука и култура со барање за онлајн настава излезе и првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку и микробиологот Никола Пановски во утринската програма на Канал 5 телевизија, предлага распустот да се продолжи за две недели или 10- на дена, или наставата да се одвива онлајн, додека не падне кривата со новозаразени лица.

НАД 2.000 НОВОЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА – Црните бројки рушат секакви рекорди!

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 7.038 тестови, а регистрирани се 2.269 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 1.169, Битола – 183, Прилеп – 165, Куманово – 88, Кавадарци – 56, Гевгелија – 48, Охрид – 44, Тетово – 43, Струмица – 35, Кочани – 34, Гостивар, Велес и Кичево – по 33, Ресен – 32, Струга – 31, Неготино – 26, Крива Планка, Радовиш и Берово – по 24, Делчево – 19, Валандово – 15, Демир Хисар – 14, Свети Николе и Кратово – по 13, Штип и Крушево – по 11, Македонски Брод – 9, Виница и Македонска Каменица – по 8, Пехчево – 7, Пробиштип, Богданци и Дојран – по 5, Демир Капија – 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.269), регистрирани се 310 реинфекции.

Регистрирани сe 1.420 оздравени пациенти од: Скопје – 790, Битола – 124, Прилеп – 86, Охрид – 76, Кавадарци – 40, Куманово – 27, Штип – 26, Струмица – 23, Гевгелија, Велес и Кичево – по 22, Ресен и Неготино – по 15, Валандово – 14, Тетово – 13, Кочани – 12, Делчево – 11, Струга – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8, Крива Паланка, Свети Николе, Крушево и Македонски Брод – по 7, Пробиштип – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Македонска Каменица и Пехчево – по 3, Берово, Богданци и Демир Капија – по 2, Дојран и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 5 починати лица од Скопје (64г, 66г, 68г, 79г и 82г), 3 од Струмица (58г, 61г и 66г), 2 од Кавадарци (52г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (73г), Струга (77г) и Охрид (54г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 11 починати лица од Гевгелија (4), Струмица (2), Струга (2), Кичево (2) и Богданци (1) починати во период од 03-16.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 87г. Од пријавените случаи 3 се починати во домашни услови и 8 се во болнички услови.

Направени се 7.038 тестови преку: ИЈЗ-511, ЦЈЗ Скопје-102, ЦЈЗ Битола-94, ЦЈЗ Прилеп-45, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-93, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-25, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–11, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Авицена-344, Биотек-472, Систина-127, лабораторија Лаор-158, Синлаб-63, Ремедика-26, Плодност-139, Генеа-27, Никоб Лаб-846, ВФВ Медикал-83, Ели Медика-46, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-57, Рапид Лаб–40, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–13, Рамус-63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.404.

Досега во земјата се направени вкупно 1.717.482 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 247.663, бројот на оздравени пациенти е 222.306, на починати е 8.139, а бројот на активни случаи изнесува 17.218.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 111527, Активни 9167
Куманово 13947, Активни 662
Прилеп 12093, Активни 960
Тетово 11770, Активни 283
Битола 11312, Активни 1516
Гостивар 8372, Активни 237
Кавадарци 8050, Активни 426
Велес 7926, Активни 327
Охрид 7490, Активни 548
Штип 7139, Активни 259
Струмица 6727, Активни 345
Кичево 4634, Активни 245
Кочани 4342, Активни 178
Струга 4156, Активни 190
Гевгелија 3317, Активни 266
Неготино 2858, Активни 171
Свети Николе 2269, Активни 92
Ресен 2118, Активни 189
Крива Паланка 2097, Активни 112
Радовиш 2040, Активни 195
Делчево 1604, Активни 104
Берово 1562, Активни 74
Дебар 1479, Активни 16
Виница 1229, Активни 38
Пробиштип 1213, Активни 53
Валандово 1212, Активни 136
Кратово 831, Активни 41
Крушево 772, Активни 145
Богданци 763, Активни 59
Демир Хисар 715, Активни 60
Македонски Брод 599, Активни 43
Македонска Каменица 462, Активни 30
Демир Капија 456, Активни 18
Пехчево 387, Активни 22
Дојран 195, Активни 11

Д-р Даниловски: Пикот од омикрон сојот допрва доаѓа

Епидемиологот, д-р Драган Даниловски смета дека пикот на новозаразени во овој ковид-бран, во кој доминира омикрон-сојот, би достигнал врв токму крајот на јануари и почетокот на февруари.


-Колку и да изгледа драматично растот на бројките, тоа беше за очекување. Ако продолжи сегашново темпо, кое што веќе се намалува, до врвот ќе стигнеме некаде кон крајот на јануари или почетокот на февруари, со не повеќе од 4.000-4.500 регистрирани случаи на дневно ниво. Но тоа е само врв на леден брег. Реалната бројка е многукратно повисока, посочува тој за Нова Македонија.

Според него, време е да се соопштува само бројот на хоспитализираните, зашто сега е важно да се води сметка болниците да не ни се претрупаат и, секако, бројот на починатите.

Овој последниов бран сѐ уште се должи на делта. Тој е во опаѓање. Очекувам за недела-две да почнеме да броиме смртни случаи од омикрон, кои дефинитивно ќе бидат помалку, заклучува епидемиологот.

Д-р Беќаровски: Вчера стававте слики од дочек на Стара нова година, а утре ќе објаснувате како е нехумано децата да одат во училиште

Ситуацијата со болеста во нашата држава станува се посериозна, откако новиот сој зема замав за време на новогодишните прослави и празниците кои следуваа подоцна.

Докторите постојано апелираат да не се прославува во големи групи, како и да се избегнуваат гужви, меѓутоа веројатно бранот повеќе не може да се контролира затоа што болеста е многу проширена.

На својот Фејсбук профил то*сикологот д-р Нико Беќаровски упати критика до сите оние кои деновиве прославуваа стара нова година.

– До 14 часот стававте слики од масовни собири на работните места со паричката. Вечерва го преплавивте Инстаграм со слики од дочек на Стара нова година. Утре ќе бидете големи филантропи и ќе објаснувате како е нехумано децата да одат на настава со физичко присуство – пишува д-р Беќаровски.

Mexмедовиќ за Фокус обвинyвa за заговop дека некој намepно ги тepa луѓето да се зapaзуваат со Омикpoн

Доктор Злате Мехмедовиќ од ковид центарот на интерните клиники вели дека во моментот неконтролираното ширење на новата варијанта омикрон значи исклучително многу можности за мутација на вирусот и создавање на нови варијанти, пренесува Фокус.

„Се уште постои емпириска можност за функционално „унапредување“ на САРС-Ков2 и никој не може со сигурност да каже дека тоа нема да се случи, односно дека омикрон ќе биде последната варијанта со која ќе заврши пандемијата.

Мислам дека сериозен проблем преставува промовирањето на тезата за намерна експозиција на оваа условно кажано „лесна-блага“ варијанта на вирусот со цел да се создаде суперимунитет, па дури се промовира и да не се носат маски на затворено, да нема затворање на рестораните и кафаните, како и да не се користат ковид сертификати“, објаснува доктор Мехмедовиќ за „Фокус“.

Според него, повеќето луѓе ги поминале последните две години борејќи се да го избегнат ковид 19, а сега некој ги потикнува да го направат спротивното.

„Таквата девијантна логика е налик на логиката со која родителите намерно ги изложуваат своите деца во средина каде има сипаници за да создадат имунитет, што е апсолутно погрешно. Кажавме дека омикрон е неверојатно високо пренослив и многу луѓе, прележани, вакцинирани и невакцинирани ќе се заразат за време на овој бран“, додава доктор Мехмедовиќ.

Извор: ФокусShare on F

Во ек на Омикрон со илјадници заразени дневно нема тестови на државна сметка – граѓаните до сега платиле околу 30 милиони евра

Не само рекорди на нови случаи со Ковид, деновиве се прават и рекорден број тестирања, но парите ги даваат граѓаните од свој џеб.

Ако се земе последната дневна статистика, завчера од 7724 направени тестови само 1.027 се на државно, останатите 6.697 се во приватните лаборатории.

За скоро 2 години од почетокот на пандемијата имало 1.665.043 тестирања, од нив за 1.205.902 Ковид тестови платени се приватно. Ако просекот на еден ПЦР е 25 евра. Граѓаните потрошиле над 30 милиони евра за да дознаат дали се позитивни или негативни.

Една од причините за ова според матични лекари е што многу тешко се доаѓа до термини за тест во државна лабораторија.

-На товар на Фондот за здравство најверојатно за 7-8 дена од сега, најверојатно не во Скопје, т.с во Тетово или околината, а на приватно веднаш, вели матичниот лекар д-р Ненад Лазаров.

Бидејќи нема термини за ден-два голем број граѓани одлучуваат да се тестираат со брзи тестови од аптека кои се поевтини. Но, ова според лекарите дава нереална епидемиолошка слика, пациентите сами си одредувале колку и дали ќе бидат во изолација зошто матичните не можат никако да ги евидентираат во системот, а бројката на самотестирани е многу голема.

-Нема да претерам 6 од 10 случаи, тоа е страшно фрапантно, уште поголем проблем е што ние немаме никаква моќ, ниту ингеренција нешто околу тоа да преземеме, буквално ни доаѓаат со тестот во ќесенце, а ти треба да го третираш, а немам право да напишам Ковид како дијагноза, бидејќи немам потврда за тоа, вели д-р Ненад Лазаров, матичен лекар.

Од министерството за здравство за реакциите од граѓани и матични дека нема доволно термини за Ковид тестови на државно велат дека тие не ја правеле распределбата.

– Во зависност од тоа колкав е капацитетот на лабораториите, се одредува и бројот на термини кој ќе биде издаден за јавно здравствените установи.  Во процесот на одредување на потребни термини за тестирање учествуваат Центрите за јавно здравје, како и самите Здравствени домови каде се спроведува тестирањето, одговорија од мз.

Од тука се поставува прашањето кој ја менаџира ковид кризата, и дали државата ако нема капацитети требаше да склучи договори со лабораториите за да не се трошат граѓаните.

-Чувствувам потреба да потенцирам дека не се они виновни, тоа е приватен сектор и они си ја работат работата за која се лиценцирани. Државата е виновна што дозволи да не се склучат договори и по 200 евра се наплаќаа брз тестови за патување. Зборуваме за лошо менаџирање до еден одреден период. Последните 2 месеци сме во анархија тотална, не постои менаџмент на криза, вели доктор Лазаров.

Досега  во земјава регистрирани се 236.000 позитивни на Ковид. А битката со вирусот  ја загубија 8055 граѓани, што ја вброи Македонија меѓу првите земји во светот по најголема смртност.

Сител ТВ

Ајде први во свет да ги укинеме сертификатите, децата во училиште без маски

Добро би било ако сега можат да го скратат периодот на изолација, а уште една многу важна работа што треба да се направи е да се повлечат ковид-сертификатите. Ние треба да бидеме први во светот што ќе ги повлечеме сертификатите кои се голема глупост, немаат никаков ефект и никако медицинско оправдување, објасни микробиологот д-р Никола Пановски за Канал 5.

Тој вели дека земјава досега немала стратегија како да се справи со пандемијата, а како што посочува, сега е веќе доцна да се смислуваат нови стратегии.

Тргнете ги сертификатите и одложете ја училишната година за две недели, а потоа децата да тргнат на училиште без маски на лицата – истакна д-р Пановски.

Во видеото погледнете го целиот разговор на Сања Трајковска Ставров со проф. д-р Никола Пановски – микробиолог.

Лазаров: Се шетаат по град пaциeнти позитивни на Koвид 19

Доктор Ненад Лазаров открива детали за хаосот во кој во моментов се наоѓа македонскиот здравствен систем.

Според него во моментов има повеќе позитивни пациенти на Ковид 19 без ПЦР тест и нерегистрирани од министерството за здравство, отколку регистрирани.

Тој посочува дека позитивни на Ковид се шетаат по град и се опacност за останатите граѓани.

-Во моментов имам ист или поголем број на ковид пациенти без пцр отколку такви кои имаат, повеќето прават тест сами дома и сами си одредуваат колку и дали ќе бидат во изолација!

Со закон ми е забрането и немам како да реагирам кога ги гледам по ресторани, си одат на работа, шетаат најнормално, дури и продавачи кои одат по канцеларии, ова не е нормално, пишува доктор Лазаров.