Tag Archives: Ѓоковиќ

(Видео) Голема прослава во домот на Ѓоковиќ: Семејството доби нов член!

Сашка Веселинов, сопругата на Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, родила син на кој му дале име Александар, а семејството Ѓоковиќ веднаш почнало да слави.
Семејството Ѓоковиќ ја организираше прославата во викендичка во Рума, а на мрежите се појавија видеа од прославата.

Марко и Новак Ѓоковиќ пееја и го носеа Ѓорѓе на грб, беше испеана песната „Мали Господин“, а забавата ќе потрае, објавуваат српските медиуми.

Покрај ова, свири музика, а има и огномет за наследникот, како и кинење на кошулата на Ѓорѓе, додека убавата декорација покрај водата ги остави сите без зборови.

ЛИНК од видеото

„Ноле, те сакаме! Дојди во Скопје!“ (Видео)

„Ноле те сакаме! Дојди во Скопје!“, во еден глас испратија порака учениците од Основното општинско училиште „Вера Циривири“, од Општина Карпош. 

Заедно со градоначалникот на Општината, до славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, испратија заедничка покана за тенисорот да го посети Скопје и Општината. 

-Заедно со учениците од ОУ Вера Циривири се одлучивме да му испратиме заедничка покана на Новак Ѓоковиќ да го посети Скопје. Се надеваме дека ќе ни успее оваа покана затоа што е спортски пример за сите дечиња во Македонија. Уште еднаш Новак, повели биди гостин на Општина Карпош ќе ни биде чест да те пречекаме! – истакна градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

(ВИДЕО) Татко му на Ѓоковиќ со политички говор пред српското собрание, го спореди Новак со Исус Христос

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, денеска пред српското собрание обраќајќи им се на неколкуте стотини демонстранти кои протестираа против одбивањето на австралиските власти да му издадат виза со која ќе може да учествува на тамошниот тениски турнир одржа несекојдневен говор, полн со политички коментари па дури и со споредби на неговиот син со Исус Христос.

Во придружба на помалиот брат на Новак и на својата сопруга, Срѓан Ѓоковиќ упати грст навреди кон властите во Австралија обвинувајќи ги дека сето тоа што му го прават на неговиот син е политичка игра и политичко угнетување.

„Луѓето кои живеат таму, има и многу наши од Балканот, тие не се виновни. Ним не смееме да им судиме. Ама тој премиерот, како ли се вика, Скот Морисон. Неговото име на нашиот јазик добро го опишува. Тој е скот. Сето ова е политичка игра, а Новак, нашето сонце, се бори за сите нас. Ние Србите сме слободољубив народ. Дел сме од слободарските народ во светот. Чукна часот кога треба да престанеме да бидеме угнетувани. Не можеме веќе да бидеме нечии заложници. Тие сакаат да го турнат Ноле на колена. Е, нема да може. Ниту него, ниту Србија никогаш не успее да ја фрлат на колена. Сами сме се бранеле. И Новак сега се брани. Нашиот Новак, нашето срце и душа. Тие до понеделник ќе го држат во најдобриот спортист на светот во затвор. Целиот Балкан, Блискиот Исток, Далечниот Исток, нашата мајка Србија, нашата мајка Русија, Кина, Индија, цела Африка. Сите се зад Ноле. И секој ден ќе не има се повеќе“, истакна Ѓоковиќ во обраќањето пред присутните.

Иако во својот говор подвлече дека организираниот собир не е политички, тој во токму таков стил продолжи со своето обраќање.

„Ова е наше собрание, наша земја, наша Србија. Народно собрание, ние сме народот. Не повикувам на насилство, туку на поддршка за нашиот Ноле. Ние го правиме тоа што сме го правеле низ целата наша историја. Се бориме за себе. Пред сто и нешто години бевме шест и пол милиони. И денеска сме толку. Зошто? Затоа што не убиваа, не бомбардираа, не сакнционираа, не протеруваа од нашата земја, од оваа најубава земја на светот. Ама, не ни можат ништо. Нема да потклекнеме. Новак е нашето провидение. Тој стои на браникот на одбраната на слободољубивите народи од сиот свет. Запалете свеќа во црквите за Новак, за Србија, за сиот слободољубив народ и сите заедно да го издржиме ова одвратно однесување на политичарите. Новак не го даваме и треба да му дадеме поддршка на нашиот Ноле, нашиот Христос“. потенцира неговиот татко пред насобраните демонстранти.

Тој најави дека секој ден во исто време пред српското собрание ќе се одржуваат мирни протести во знак на поддршка на Новак Ѓоковиќ.

ФОТО: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кралот е соборен: Ѓоковиќ е во финале на Ролан Гарос! (Видео)

Победа на Новак Ѓоковиќ над Рафаел Надал вчера во полуфиналето на Ролан Гарос.

Ноле по пресвртот го победи 13-кратниот шампион и ја обезбеди борбата за титулата.

Надал никогаш не загубил во полуфиналето на Ролан Гарос. Шпанецот го доживеа првиот пораз во Париз од 2015 година – тогаш беше елиминиран од Ѓоковиќ во четвртфиналето. Вкупно, ова беше трет пораз на „кралот на земјата“ на вториот Грен слем во сезоната, а Новак му нанесе два.

Фото: © Nicolas Gouhier/FFT

Ѓоковиќ останува крал на Австралија опен(Видео)

Ѓоковиќ по деветти пат во кариерата и трет пат го осојува победничкиот пехар на Отвореното првенство на Австралија.

Ѓоковиќ во големото финале претпладнево на центрачниот терен во Мелбурн го максимални 3-0 по сетови 7-5 , 6-2 и 6-2 го декласираше Руссинот Данаил Медведев.

По само 114 минути врвен тенис Новак Ѓоковиќ го освои 18 пехар од Грен слем турнирите.