Tag Archives: јаже

Џејмс Бонд ли е, Ангелов ли е – На јаже преку клисура во оделооо! (Видео)

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на вчерашната спасувачка вежба ги покажа вештините преминувајќи со јаже преку кањоњ длабок 30 метри, мислиш е Џејмс Бонд 🙂 и тоа во одело.

Тој изјави дека тоа го направил на вежбата во организација на Спелеолошката федерација на Македонија за да ја покаже неговата доверба во вештините и опремата која што ја поседуваат членовите на федерацијата.

Во знак на восхит, во знак на почит, во знак на длабок наклон кон овие храбри млади луѓе кои што ги ризикуваат своите животи за да спасат друг живот. Потребни се длабоки системски реформи за овие луѓе да бидат ставени во системот за управување со кризен менаџмент за нивните вештини да бидат на располагање за сите граѓани на кои ќе им биде потребно спасување или извлекување од непристапни терени, изјави Стојанче Ангелов.

-Наша задача како ЦУК е да има длабоки реформи на целиот систем за да бидат отстранети сите недостатоци кои ќе ги детектираме или се детектирани до сега, истакна Стојанче Ангелов

Целта на двете институции како што наведоа е хуманоста и да се биде на ниво на задачата, така што секогаш ќе се помогне на лицата на кои им треба помош и поддршка.

Вежбата „Мрежичко“ беше изведена во кавадаречкиот регион, а кањонот, кој преку кој директорот на Центарот за управување со кризи поминуваше е длабок околу 30 метри.