Tag Archives: ЈеленаКарлеуша

Марија Шерифовиќ Е БРЕМЕНА– потврди и Јелена Карлеуша

Евровизиската музичка ѕвезда 38-годишната Марија Шерифовиќ не престанува да ги вознемирува фановите и новинарите. Овојпат со мошне убава вест. Убавата Мара, како што нагалено ја викаат, конечно е бремена и ќе се породи веројатно таму на почетокот на летото. Марија не ја крие својата воодушевеност, но вели дека ни на сон не саката да разоткрива таткото на бебето. Идното суштество е зачнато по вештачки пат во некоја од најдобрите светски клиники за вонтелесно оплодување на жените.

Со оглед на тоа дека Марија не сака да живее во класичен брак во кој функционираат маж и жена и што е според својата сексуална определба лезбијка (таа тоа не го крие од јавноста), пејачката одлучи на овој начин да стане мајка.

Тоа дури го потврди и нејзината најдобра другарка, “мала од скандала“ контровезната Јелена Карлеуша. – Мара ни е бремена, јас навистина се радувам, вели Карлеуша.

– Се што има врска со дете е сериозна работа за мене. Знам како ќе се вика, но не можам се да ви откривам, нека остане нешто за изненадување. Ќе има необично име, раскажа кусо неодамна пејачката гостувајќи во една телевизиска емисија.
(Фото:ФБ)

Уште ова го немавме видено од неа: Јелена Карлеуша се појави “топлес“ на настап во дискотека (ВИДЕО)

Српската пејачка Јелена Карлеуша која во моментов преживува тежок период од животот поради разводот со својот долгогодишен партнер Душко Тошиќ со кого има две деца, не престанува да ги изненадува своите фанови.

Имено Карлеуша долгото топло лето лето го најави уште првиот ден од својот одмор во Турција, од каде објавуаше навистина „жешки“ фотографии и видеа на својот Инстаграм профил.

Ја плyкнал, па ѝ врзал шамap – Инцидeнт меѓу Душко и Јелена

Српската пејачка Јелена Карлеуша денеска го пријави сопругот Душко Тошиќ во полиција за семејно насилство. Поранешниот фудбалер доби 48 часа забрана да ѝ се приближува поради пријавата.

Според српски „Блиц“, полицијата дошла во нивниот дом каде било утврдено дека Душко Тошиќ прво ја плукнал сопругата, а потоа ја удрил со отворена рака по лицето, при што се здобила со повреда на десниот образ во форма на рез.

Инцидентот го потврдите роднините кои биле на семеен божиќен ручек во домот на сопружниците.

Душко Тошиќ, како и тетката на Јелена Карлеуша, дале изјави во полициската станица Савски Венац.

По дадените изјави и дадените проценки од полициската станица, на Душко Тошиќ му е забранет пристапот и комуникација со Јелена Карлеуша во траење од 48 часа, а мерката ќе биде доставена до обвинителството за да се процени дали има потреба од нејзинот продолжување.

Ова не е првпат Јелена да го пријави Душко во полиција. Имено, пејачката пред две години изјави дека Тошиќ психички ја малтретирал и дека и ја виткал раката, додека Душко сето тоа го негирал и рекол дека се расправале бидејќи имаат несогласувања во бракот. Пејачката подоцна се предомислила и не сакаше да го тужи.

Карлеуша во новогодишна ceкcи разгледница (Фото и Видео)

Јелена Карлеуша направи општ хаос на социјалната мрежа Инстаграм со новите фотографии. Не поминаа ниту часови, откалко разголена се валкаше во снегот, а белградската „мала од скандала“ одново ја шокираше јавноста.

Имено, овој пат русокосата позираше за своите следбениницки како за на предновогодишна секси разгледница, со разголена задница. Додека едни мислат дека претерала, други страсно го фалат смелиот потег и нејзиниот неодолив сексапил со кој пејачката го крева еротскиот набој до плафон.

Жешкото издание во црна долна облека и скапи штикли во кои карлеуша блеснаа на социјалните мрежи, за помалку од 15 минути собра речиси 20.000 лајкови. Фотографиите се направени од фотограф кој на Инстаграм се потпишал како MilosPh.

Цеца ја прашале како ќе РЕАГИРА ако ЈК би се ПОЈАВИЛА во Ѕвездите на Гранд: Еве што одговорила

Светлана Цеца Ражнатовиќ во црна мини сукња со сребрени чизми дошла на снимање во Ѕвездите на Гранд.

Пејачката зборувала за ќерката Анастасија, го спомнала и покојниот маж Жељко Ражнатовиќ Аркан, а потоа следело прашање и за Карлеуша.

– Кај мајками морав се да знам, одржување и готвење, се, но кога се омажив за Жељко ми се раздени, неморав ништо – насмеана рекла Цеца.

На прашање дали и се пожалила Анастасија на некоја домашна работа која не и оди, Цеца одговорила:

– Да ви кажам нешто, јас не сум ПР на Анастасија Ражнатовиќ, повикајте ја, таа е љубезна кон медиумите, па нејзе поставете и ги сите можни прашања, рекла Цеца.

Едно прашање останало неодговорено, а се однесувало на Јелена Карлеуша.

Кога била прашана коко ќе реагира Јелена да се појави како специјален гостин во жири, таа рекла:

– На тоа прашање нема воопшто да одговорм, бидејќи тоа воопшто е невозможно.

На инсистирање да одговри, порачала:

– Ве молам, не правете проблем таму каде што го нема.