Tag Archives: Јорданов

Директорот на Канал 5 бара Европскиот парламент да ја провери менталната состојба на бугарски пратеник

Директорот на националната телевизија Канал 5 бара Европскиот парламент да ја провери менталната состојба на европратеникот Александар Јорданов кој се ситеше на поразот на Македонија во мечот со Украина кој украинците го добија со три спрема два иако Македонија водеше со два спрема нула на полувреме.

Според европратникот и екс амбасадор на Бугарија во Македонија, Елмас и другарите загубиле од Украина затоа што биле антибугари.

„Добра вест. Украина ја победи Македонија во фудбал! Среде Скопје. Сè додека се антибугари, така ќе биде“, коментира на Фејсбук дипломатот Јорданов.

,,Какво битие треба да бидеш, да мислиш на ова и да го кажеш јавно?
Се прашувам Европски парламент, дали барем еднаш годишно ја проверувате здравствената состојба на секој од пратениците на ЕУ?


Лажно да се обвинува цела македонска нација, дека мрази бугарска нација не е нормална изјава, коментира Мирчевски по изјавата на Јорданов упатувајќи барање до Европарламентот да поведе сметка за менталната состојба на своите пратеници.

Поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија предходно се „прослави“ со тешките навреди за Македонците по одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во февруари.

За европратеникот Јорданов НАВРЕДИТЕ кон Македонците НЕ СЕ ГОВОР НА ОМРАЗА, туку КОНСТАТАЦИИ

Бугарскиот европратеник и амбасадор во Скопје од 2001 до 2005 година, Александар Јорданов, не ги смета за говор на омраза тешките навреди кон Македонците, кои ги нарече „србомански измет“, „црвени ѓубриња“, „комунистички фосили“, „титоисти“, „југословенски партали“?!

„Прво, тоа не е јазик на омразата, туку јазик на констатациите. Работите што ги кажав емотивно се констатирани и од политичари, и од научници, и од историчари. Така што апсолутно не можам да се тревожам. Вистината е дека македонската држава преку своите политичари, претставниците на медиумите и граѓаните манипулирани со пропаганда, преминаа многу граници. Го преминаа не само добриот тон, добриот однос кон Бугарите и Бугарија, туку ги преминаа и најелементарните човечки норми за разбирање и за добар третман. А токму тој ден, кога се случи тоа скандалозно однесување на македонската гранична полиција кон моите сонародници Бугари, не можев како европратеник, едноставно, како бугарски државјанин, да пренебрегнам дека сум бил политичар и поради тоа да не реагирам емотивно. Затоа што човек има нерви, има разум, но има моменти кога веќе ми проговори срцето и ги изговорив овие навистина остри зборови, можеби малку чувствителни зборови, но во секој случај зборови што излегоа од мојата душа. Затоа што не можам да дозволам европските граѓани, Бугарите, да бидат понижувани. И тоа со години го прават македонските власти, а сега само се демонстрираше на граница. И затоа крикнав. Се разбира, нека се жалат, разбрав дека напишале некое писмо – прочитав во весниците, ништо официјално не стигнало до мене, но не ми пречи. Важно е мојата совест пред мене и пред мојот народ да биде чиста“, изјави Јорданов за бугарското радио Фокус, пренесува Express.mk.

ТИТОИСТИ, ЦРВЕНО ЃУБРЕ, СРБОМАНИ, ЌЕ КЛЕЧИТЕ ПРЕД ВРАТАТА НА ЕУ! – ЗАКАНИ од бугарскиот европратеник Јорданов

– Уште еднаш стана јасно дека еден национален револуционер како Бугаринот Георги Делчев нема ништо заедничко со денешните Македонци кои се копи пејст на најодвратните комунисти од времето на Југославија. Мора да се стави крај на нивната десетгодишна непријателска политика кон Бугарија. Го слушнав и лидерот на опозицијата во оваа земја Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој активно работи против својата држава во интерес на соседна Србија. А најверојатно и Русија. Денеска не повика нас, Бугарите, да гледаме кон иднината, кон 21 и 22 век. Веднаш му одговарам: зошто сакајќи да погледнеме во иднината, центарот на Скопје го изградивте со антички градби? Зошто го лажиравте дури и урбаниот архитектонски простор?- пишува европратеникот Александар Јорданов на социјалните мрежи во објава со наслов: Европска унија без Македонија!

Нема иднина за такви комунистички фосили како вас – титоисти, црвено ѓубре, југословенски гикови. Ќе висите пред портите на Европа многу долго. Ќе клечите пред нив додека не ви скапат тиквите за историската вистина дека сте срамни наследници на достојните македонски бугари. Дека сте се преродиле од вашиот бугарски народ. Долго ќе чекате за европско членство бидејќи вашето однесување е србоманско. И затоа што не сте достојни да го носите името Македонци, што е име на македонските Бугари. А што само Бугари: Перличев, браќата Миладинови, Пејчинович, Делчев, Груев, Сандански, Александров, Михаилов – пишува ХЈорданов.