Tag Archives: љубебошковски

Утрово пукано во таткото на Самоил Костадиновски, киднапираниот внук на Љубе Бошковски

Денеска изутрина во скопската населба Лисиче било пукано во таткото на Самоил Костадиновски, кој исчезна на почетокот од март годинава и од тогаш нема информации за тоа каде е и што се случило со него.

Таткото на Костадиновски, познат и по тоа што е внук на владиниот соработник Љубе Бошковски, според информациите на „Фокус“ околу 8.30 часот добил прострелна рана во пределот на раката. Кон него било пукано додека бил во дворот од својот семеен дом.

Инаку таткото на Костадиновски пред извесно време во јавноста понуди награда за информација која ќе доведе до пронаоѓање на неговиот син.

(Видео) Бремената сопруга на киднапираниот Самоил моли за помош!

Таткото и сопругата на киднапираниот Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошковски, со емотивни сведоштва се огласија за Канал 5 телевизија.

Неговата сопруга низ солзи се моли да го пронајдат жив и признава дека живее во страв како ќе ги расте децата без татко. Таа и Самоил веќе имаат едно дете, а сега е бремена и со второто.

По момчето се трага веќе 10 дена. Две лица се во притвор, но од Самоил ниту трага, ниту глас.

Неговата сопруга низ солзи се моли да го пронајдат жив и признава дека живее во страв како ќе ги расте децата без татко. Таа и Самоил веќе имаат едно дете, а сега е бремена и со второто.

Велат дека ниту пиел, ниту користел дрога. Бил спортист кој освојувал награди. За причината за киднапирањето немаат информација, но таткото изјави сомнеж дека во прашање се пари.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствија на кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Тие на 3 март заедно учествувале во дејствија на грабнување на едно лице во Кисела Вода. Осомничените, на возраст од 30 и 25 години, претходно по предлог на Обвинителството, а со решение на Судот беа задржани во краткотраен притвор во траење од два пати по 48 часа со цел обезбедување докази.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, особени околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се обидат да ги скријат или уништат трагите на кривичното дело, ќе влијаат врз сведоците или ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје сега достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.​

Четири дена го нема внукот на Љубе Бошкоски, се сомневаат дека Е КИДНАПИРАН

На социјалните мрежи вчера беше објавен апел за пронаоѓање на Самоил Костадиновски, внук на политичарот Љубе Бошкоски. На 26-годишниот Самоил, според сведочењата пред три дена му се губи трага кај Амбасадата на Чешка Република во Скопје, а полицијата соопшти дека работи на расчистување на случајот, пренесува Слободен печат.

Сопругата на Бошкоски, Виолета за ММС ја потврди веста и раскажа дека се работи за нејзин внук од брат.

-Веќе четири дена го нема, никој ништо не знае, а полицијата трага. Самоил е дете од брат ми и има 26 години. Излегол од дома, наводно го викнале накај Кисела Вода или Драчево. Некој човек, каде што го оставиле автомобилот кажал дека излегол од својот автомобил и влегол во друг, каде имало тројца луѓе. Потоа кажале дека тоа се случило кај чешката Амбасада, наводно префрлен во украден автомобил. Засега никој ништо не знае, а телефонот му е исклучен, изјави Бошкоска.

Таа додаде дека семејството сè уште не ја знае причината за неговото киднапирање и оти Самоил не зборувал дома дали има проблеми.

Случајот вчера го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

„На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26)“, се вели во полициското соопштение.

Од МВР велат дека преземаат мерки за да се пронајде момчето.

Исчезнал внукот на Љубе Бошкоски – излегол од дома пред три дена, и не се вратил

Лица блиски до семејството на политичарот Љубе Бошковски на социјалните мрежи објавија дека исчезнал неговиот внук Самоил Костадиновски.

Според објавите, Костадиновски бил киднапиран во близина на Чешката амбасада, па на социјалните мрежи се шири апел за помош од граѓаните.

Од МВР претходно во дневниот билтен објавија дека е исчезнато 26-годишно лице.

– На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира МВР.

„Љубе Бошковски ЗЕМА 50 ИЛЈАДИ ЕВРА за мандат, а никој не знае ни што работи“

Аферата „Паразити“ секој нов ден покажува нов аздислак на власта на СДС и ДУИ во време на криза. Додека од народот бараат да стега ремен, да се тушира со поладна вода, да готви во мали тенџериња, тие немаат абер да ги скратат баснословните хонорари и плати на функционерите кои ги именуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.

Еден од најкарактеристичните примери за паразитирање на грбот на граѓаните е Љубе Бошковски кој зема 50 илјади евра за мандат, а никој не знае ни што работи ни што придонесува за тие пари, посочуваат тие.

Додаваат дека Фестим Халили, пак, од позиција директор на ФИТР зема 1.000 евра месечно и скоро 50 илјади за мандат, за нешто за кое граѓаните немаат апсолутно никаква корист.

Уште еден пример за неразумна плата е и Миѓен Селмани член на Управен одбор и директор во М-НАВ кој зема 3000 евра месечно или 144 илјади за мандат.

Сите овие, но и десетината други кои ги обелоденивме ја чинат Македонија околу 2 милиони и 250 илјади евра за еден мандат. Овие средства доколку се скратат од ставката „паразитирање“ и се потрошат наменски сега во време на криза ќе има повеќе пари за лекови, за студентски оброк, за поддршка на земјоделците или за изградба на некое училиште, градинка или амбуланта, стои во соопштението.

Потенцираат дека власта на СДС и ДУИ во оваа криза имаат други приоритети, различни од тие на народот. На власта приоритет им се непродуктивните трошења, криминалот и полнењето на функционерските џебови.

Денес скандалот „Паразити“ продолжува со нови имиња и нови непродуктивни трошења во време на криза, нагласуваат тие.