Tag Archives: Љубовник

Го нашле лажниот љубовник од Фејсбук кој „олесни“ битолчанка за 7.500 евра

Четириесет и деветгодишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 6.500 евра и 72.000 денари.

Според пријавеното, тие се запознале во мај оваа година преку социјалната мрежа Фејсбук и биле во љубовна врска, при што лицето и ги побарало парите за да одблокира сметка од негова фирма и ветило дека брзо ќе ѝ ги врати.

Како што е пријавено, откако открила дека лицето лажно ѝ се претставило и дека не поседува фирма, случајот го пријавила во полиција, информираа од МВР.

Лишен од слобода е Д.М.(31) од Пробиштип од страна на полициски службеници од Полициска станица Пробиштип.

Тој се сомничи дека во периодот од мај до јули оваа година, по запознавање со две жени од Битола на социјалната мрежа Фејсбук и по започнување љубовна врска со нив, кај едната извршил кражба, а другата ја измамил за сума од 6500 евра и 72.000 денари, за што беше пријавено на 27.07.2022.

Со втората Битолчанка се запознале во мај оваа годинава и биле во љубовна врска, при што лицето и ги побарало парите за да одблокира сметка од негова фирма и ветило дека брзо ќе ѝ ги врати.

-Тој бил спроведен и задржан во СВР Битола и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.