Tag Archives: ЊуЈорк

На повидок дипломатски скандал – 28 ГОДИШНА ПРЕЗЕНТЕРКА ќе стане ГЕНЕРАЛЕН КОНЗУЛ во Њујорк

28 годишна тв презентерка на вести, Бесмира Ејупи ќе стане генерален конзул на Македонија во Њујорк. Според високи владини извори, по предлог на Министерството за надворешни работи, синоќа на затворена владина седница е утврден предлогот Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк.

Според информациите на ТВ 24, присутните на владината седница молчеле, а само министерот Спасовски бил зачуден и заинтересиран за какво лице станува збор. Од МНР молк – не потврдуваат како е предложена за генерален конзул, ниту какви се нејзините професионални кфалификации. 

Владините портпароли денеска кажаа дека таква точка на дневен ред на отворената седница немало, но не кажаа дали имало на затворена седница. 

Прашање – Дали е точно дека лицето Бесмира Ејупи синоќа на затворена владина седница, поминала, за да стане генерален козул во Њујорк и какви кфалификации поседува?

Душко Арсовски портпарол на РСМ – На отворената седница на Владата немаше точка со ова кадровско решение 

Според законот за надворешни работи, генералниот конзул мора да има исполнето низа услови, меѓу кои да има висока дипломатска титула и активно да владее два странски јазици од кои еден службен во ОН. Во приложената биографија на Ејупи која е дискутабилна, може да се прочита само дека има високо образование, а од работно искуство само дека била презентерка во 4 телевизиски куќи.   

ТВ 24 се обиде да ја контактира Ејупи, но таа не одговори, а по неколку повици, ја вклучи телефонската секретарка. 

Во конзулатот во Њујорк во моментот генерален конзул е Јордан Панев кој има уште една година од мандатот, а за Ејупи која не е кариерен дипломат останува нејасно какви услови исполнила за таква позиција. 

Инаку постапката за именување ја покренува министерот, а по прифаќање од владата, се бара odobrenie од земјата домаќин, по што следуваат подготовки од 60 дена за преземање на должноста и се сметаат за завршени по завршниот разговор со Министерот и директорите во министерството. 

Медиумите веќе објавуваат дека Ејупи не е единственото контроверзно решение a донесена уште една одлука за испраќање на Петрит Муслиу за генерален конзул во Чикаго –  син на аналитичарот Алберт Муслиу. Социјалните мрежи пак вријат. На твитер може да се прочита- домат дипломатија и дека се испраќаат нестручни лица. 

Македонија со години ја тресат дипломатски скандали, како возење на амбасадор во пијана состојба, тепачки и љубовни скандали кои завршуваа со пполициска интервенција.

(ВИДЕО) ПOTOP нa „УС Опен“: Мeчoт бeшe пpeкинaт, пyбликaтa eвaкyиpaна!

Натпреварот од второто коло на УС Опен помеѓу Диего Шварцман и Кевин Андерсон беше прекинат бидејќи се поплави стадионот „Луис Армстронг“.

Силно невреме го погоди Њујорк, па иако беше затворен терен, натпреварот мораше да се прекине, а публиката беше евакуирана од стадионот. Водата навлезе во внатрешноста на стадионот, па публиката ги почувствува последиците.

ВИДЕО:

Mакедонските вина и руската салата стигнаа до Њујорк Тајмс

Габриела Хамилтон повеќе од две децении го води познатиот ресторан Prune во Њујорк и е една од најпознатите готвачи ширум светот.

Покрај многубројните признанија, таа е и добитник на најголемата американска награда за кулинарство “James Beard”, а е и авторка на два бестселера.

Но во 2021та таа решила да пишува за гибаницата и руската салата.

“Српскиот ресторан од Седмата Улица, од источна страна на долни Менхетен е место до кое не можете да стигнете со метро. Лоциран на агол од зграда, каде продира мека светлина се наоѓа место по име Кафана”, пишува Габриела.

Сопственикот на кафаната Владимир Ококосиќ е професор по внатрешен дизајн. Тој го отвора овој ресторан со оправдување дека неговите домашни забави станале преголеми.

Поддршка му дала неговата сопруга Маша Дакиќ, која по професија е актерка.

-Нашиот стан во Њујорк е многу мал. Па така кога ќе имавме слава или роденден многу од нашите гости требаше да чекаат пред врата додека некој не замине за да се отвори простор друг да влезе, вели Владимир.

Месо на скара, свежи кобасици и салата од кисели краставици, домат и лук…ова е само дел од менито во Кафана. Сите вина се од сортата грозје од далматинскиот бреги како и од планинскиот дел на Словенија, Македонија, БиХ и Црна Гора, стои во текстот.

-Голем дел од вината имаат етикети на кирилица па бев приморана да побарам помош за да одберам од кое да се напијам, пишува Габриела.

Впрочем, Кафана има капацитет да услужи 36 гости, но уште од отворањето во 2008 година местото е преполно, а дел од гостите чекаат ред и надвор.

-Имам пријателка која е со потекло од Хрватска и таа живее на само два блока од овој ресторан. Која ја откри Кафана ми кажа дека таму се чувтвува како дома. Според неа, живата музика секој петок ја прави да се чувствува како да седи во некоја кафана во Дубровник и пие ракија со своето семејство, пишува Габриела.

Поради пандемијата, забавите во Кафана се стопирани но ресторанот работи и достава.

Сите оние кои сакаат да пробаат руска салата можат да го направат тоа на масите и столчињата поставени во дворот на Кафана. Впрочем, според Габриела оваа салата е омилена на различни народи кои живеат во Њујорк. Од Руси, Турци или Шпанци….

-Основата на салата се состои од компири, моркови, грашок, тврдо варено јајце, кисели краставички и мајонез. Понекогаш се додава и пилешко. Јас не можев да прекинам да ја јадам. Колку е убава, вкусна и свежа, пишуваа таа.