Tag Archives: ќерка

11-годишно девојче собра пари за болниот татко од продажба на крофни: „Доаѓаат луѓе од сите страни …“

Откако на социјалните мрежи се прошири веста за девојчето со крофните, бројни граѓани застанале во ред. Крофните по симболична цена од 100 динари, што е околу 50 денари, се продаваат уште денеска.

11-годишната Нина, која последните денови продаваше крофни во Нови Сад за да собере пари за лекување на својот болен татко, успеала во својата намера. Како што потврди нејзината мајка Наташа, успеале да ги соберат потребните средства.

„Се отиде предалеку, луѓе доаѓаат од сите страни и многу сме им благодарни. Ги собравме парите и одиме во Москва, карта до таму чини 1.000 евра, а ќе видиме колкави се останатите трошоци. Засега имаме доволно пари“, открила таа, пишува „Kurir.rs“.

Откако на социјалните мрежи се прошири веста за девојчето со крофните, бројни граѓани застанале во ред за да купат. Крофните по симболична цена од 100 динари, што е околу 50 денари, се продаваат уште денеска.

„Јас прво сакав да продавам крофни за џепарлак. Но, се сетив дека би можела да му помогнам на тато да собереме пари што побрзо за неговите лекови. Така почнав да продавам поради него“, рекло девојчето за „Blic“.

„Колку сум горда на овие луѓе“, „Браво за новосаѓаните“, „Душа мила, браво девојче мало“, „Секоја чест за сите овие прекрасни луѓе“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Таткото на Нина, Зоран, го загубил видот во 2016-та година по аблација на мрежницата. Во март 2022-ра година повторно ја јавила аблацијата, по што му се дијагностицирани симпатичка офталмија и панувеитис, поради што животот му е загрозен. Сега му е потребна помош за да може да оди на далечно лекување во Москва.

„Морам да кажам дека ние се лекуваме тука од 2016-та година, но ситуацијата е сè полоша. Им благoдaрам на министрите, на сите лекари кои се прекрасни и прават многу за нас“, рекла мајката на Нина.

Мојата љубов кон тебе, не може да се опише со зборови: Шилегов и ќерката славеа роденден (Фото)

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов вчера славеше роденден. И тој и неговата ќерка Симона, се родени во ист ден, па објавија фотографии со торти, секој со својата торта и секој со своите години.

Па така, Петре наполни 54, а Симона 21. Винтиџ тортата на бившиот градоначалник посебно остави впечаток и пораката на неа. За ќерка  пак напиша: „Мојата љубов кон тебе, едноставно не може да се опише со зборови.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов покрај ќерката Симона го има и синот Иван. Шилегов е во брак 27 години со неговата сопруга Јасмина. Двајцата се заедно од средношколските денови. Тие учеле во исто училиште и така се вљубиле еден во друг, ни откри Шилегов лани во разговор за Репортер.

„Како во песната на Балашевиќ. Таа имаше панделка во коса, а јас бев бунтовникот со долга коса“, ни раскажа Шилегов во интервјуто.

Груби се пофали со матурантката – Морав да ја носам неколкупати во Косово на проба за фустанот

Хера, ќерката на првиот вицепремиер Артан Груби, матурира во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје. Татко ѝ сподели неколку фотографии од нејзината матурска вечер, а во очи падна и фустанот што го носеше таа. Хера заврши гимназија во истото училиште во кое завршиле и нејзините родители, ни откри Артан Груби во разговор за Репортер“.

Тој вели дека ќерка му е одлична ученичка во сите четири години и дека сè уште не знаат каде ќе студира, но секако дека тоа ќе биде тука во нашата земја. Го прашавме првиот вицепремиер и за изборот на фустанот, на што Груби ни открива: „Фустанот е креиран од дизајнерот Пајтим Раци од Косово и нејзин избор беше од првиот ден. Фустанот е со рачно креирана скулптура во форма на корсет, но морав неколкупати да ја носам на избор, на проба. Исто така, и шминката и фризурата беа во Приштина кај Selma&Kaci, а чевлите, накитот и чантата се од Скопје“, ни рече Артан Груби за „Репортер“.

Reporter го праша вицепремиерот дали е љубоморен татко, но и колку е близок со својата ќерка. На тоа тој вели: Не сум љубоморен татко, но имам големи очекувања и многу ги предизвикувам децата за да ги спремам да се соочат со општеството и со животот воопшто. Немаат привилегија во ништо. На пример, ќерка ми две години работи сезонски, а така ќе биде и годинава“, открива Груби.

Цел ТЕКСТ ТУКА

Ќерка на познат српски спортист загина во масакрот во Белград

Ќерка на познат српски одбојкар е меѓу жртвите во Белград.

Момче денеска во училиште уби девет лица, од кои осум деца, додека шест деца и еден наставник се наоѓаат на лекување во болница. 

Меѓу загинатите е и ќерката на познатиот српски одбојкар, Драган Кобиљски. Станува збор за одбојкар кој како играч со успех настапуваше за Партизан, како тренер ги водеше Црвена Звезда и Раднички Крагујевац, додека моментно работи како тренер во Романија, но семејството му живее во Белград.

Во истото училиште при нападот се наоѓала и ќерката на кошаркарот Душко Савановиќ, но тој во изјава за српските медиуми потврди дека таа е неповредена во страшниот настан.

Ќерката на Павел Шатев: Татко ми е Македонец и се што е негово ѝ припаѓа на Македонија

Милка Шатева ќерката на Павел Шатев упати остра порака до бугарската, меѓутоа и до дел од македонската јавност. Шатева нагласи дека нејзиниот татко е Македонец и се што е негово ѝ припаѓа на Македонија.

Минатиот пат ви ги дадов микрофилмовите, а сега Ќе ви дадам сѐ што имам тука. Вие немате претстава, ниту можете да замислите какво е чувството по цели 60 години татко ми да биде конечно рехабилитиран. Ве молам, сакам сѐ да биде во Македонија, речиси низ солзи изустува г-ѓата Милка Шатева.

Оригиналните ракописи и сѐ што имам од татко ми сакам да биде во Македонија.

Со оваа помисла сум обземена, не можам навечер да спијам и верувајте ми, тоа ми е поголем товар од годините што ги носам.

Вака зборуваше Милка Шатева, ќерка на гемиџијата и истакнат македонски револуционер, првиот министер за правосудство во повоена Македонија, Павел Шатев.

ЛИНК

ПРЕУБАВА – НАСЛЕДНИЧКАТА на Мики и Светле Црнокрак се закити со ТИТУЛА на избор во Бејрут (Фотогалерија)

Во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа за 2023г. Нашата држава ја претставуваше 24-годишната убавица Моника Црнокрак, која успеа да ја освои титулата Мис фотогеничност (Miss Photogenic), во конкуренција на 35 девојки од исто толку европски држави.  Победничка, односно Мис на Европа за 2023г е претставничката на Италија, а прва придружничка е кандидатката од Русија. Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Aja Production од Либан, која традиционално веќе со години овој најголем европски избор за убавина го одржува во Бејрут.  “Во Либан поминавме прекрасни две недели со другите кандидатки од цела Европа во подготовки за големото финале, но и со многу забави, дружење и прошетки низ целиот Либан, кој на мене остави навистина фантастичен впечаток. Пресреќна сум поради титулата која ја освоив за мене, Македонија и Модното студио Црнокрак, ова e едно прекрасно искуство кое сигурно ќе го паметам цел живот”, изјави веднаш по финалето од Бејрут нашата Моника, која е ќерка на Светлана и Мики Црнокрак, сопствениците на Модното студио Црнокрак, а кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој најголем европски избор за убавина. 

Авторот на најтрогателната слика од Турција откри што му кажал неутешниот татко: „Снимај го моето дете…

Таткото сакаше светот да ја види неговата и тагата на неговата земја. И светот ја виде. Фотографијата на АФП се појави на насловните страници на светските весници.

Тоа беше момент кој ја опишува неиздржливата болка од земјотресот во Турција: татко ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка, единственото нешто што се гледа на нејзиното тело згмечено од бетон.

Месут Ханчер седел сам на купот скршени цикли и бетонски блокови што некогаш беа негов дом, несвесен за светот и обземен од тага. Почина неговата ќерка Ирмак. Но, тој одбил да ја пушти, галејќи ги прстите кои се гледале од душекот на кој спиела девојката кога се случил првиот земјотрес пред зори во понеделникот.

Немаше спасувачки екипи. Преживеаните избезумени го пробиле патот низ урнатините за да ги најдат своите најблиски. Било предоцна за Ирмак, една од речиси 21.000 загинати во најсилниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија во изминатиот век.

Искусниот фотограф на АФП, Адем Алтан, кој побрзал на местото на настанот од Анкара, не можел да го тргне погледот од неподвижниот татко кој немо тагувал. Тој го насочил фотоапаратот кон Ханчер на далечина од 60 метри. Тоа бил чувствителен момент. Но, наместо можеби да го избрка, таткото го поканил фотографот во својот дом.

-Сними го моето дете, му рекол со тивок растреперен глас.

Таткото сакал светот да ја види неговата и тагата на неговата земја. И светот ја виде. Фотографијата на АФП се појави на насловните страници на весниците ширум светот, вклучувајќи ги и Фајненшл Тајмс и Волстрит журнал.

-Додека снимав, постојано си велев „колку голема болка е тоа“. Не можев да се сопрам од плачење. Останав без зборови, изјави Алтан. Го прашал како се вика и како се вика ќерка му.

-Тешко му беше да зборува, па не можев премногу да разговарам со него, рече Алтан.

Алтан не можел да поставува прашања. Тишината била неопходна за да се слушне дали има преживеани под урнатините кои бараат помош. Со 40 годишно искуство,  Алтан знаел дека оваа фотографија ја претставува болката на Турција. Но, неговото глобално влијание го изненади. Споделена е стотици илјади пати на Интернет. Алтан доби илјадници пораки од луѓе ширум светот кои сакаат да понудат поддршка.

-Многумина ми кажаа дека никогаш нема да ја заборават оваа слика, рече тој.

ФОТОГРАФИЈА КОЈА ГИ СКРШИ СРЦАТА: Татко ја држи за рака својата мртва ќерка закопана во урнатините

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 5.100, а десетици илјади се повредени. Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Спасувачите се во трка со времето. Бројот на загинати расте со голема брзина. СЗО претходно денеска процени дека бројот на загинати може да се искачи на 20.000.

Покрај последователните потреси, спасувачите имаат голема борба и со студот. Луѓето се заробени под урнатините каде што се изложени на ризик од смрт од студ, глад или повреди.

Една од најтрогателните фотографии доаѓа од разурнатиот од земјотресот град Кахраманмарас. Месут Ханчер ја држи за рака својата петнаесетгодишна ќерка. Таа лежи мртва на креветот, закопана во урнатините. Не е можно да се извлече.

ПОЧИНА ЌЕРКАТА НА ЕЛВИС ПРИСЛИ, откако синоќа итно беше пренесена во болница

Лиза Мари Присли (54), ќерката на Елвис Присли, почина откако итно беше префрлена во болница поради можен застој на срцето.

Лиза Мари Присли (54), ќерката на Елвис Присли, почина откако итно беше префрлена во болница поради можен застој на срцето.

Ќерката на музичката икона Елвис Присли и Присила Присли, вчера итно била пренесена во болница, пренесува ТМЗ. Лиза била ставена во вештачка кома.

Веста за нејзината смрт пристигна неколку часа откако заврши во болница.

Бил Гејтс ќе стане дедо (фото)

Бил Гејтс и сопругата Мелинда ќе станат баба и дедо за прв пат. Џенифер Гејтс (26) ја објави среќната вест на „Денот на благодарноста“ со прекрасна фотографија на Инстаграм.

Џенифер го чека своето прво дете со сопругот, египетско-американскиот џокеј Најел Насер.

Познатата наследничка и нејзиниот три години постар сопруг се венчаа минатата година. Како што изјави за „Вог“, било тежок предизвик да се организира прославата поради пандемијата и семејните околности, имајќи предвид дека нејзините родители во тоа време веќе биле разведени, по повеќе од две и пол децении брак.

Прославата траеше два дена, ја организираше експертот за венчавки Марси Блум, сѐ чинеше околу два милиони долари, а меѓу многуте познати гости беа Кевин Бејкон, Леброн Џејмс и Били Џоел.

Да потсетиме, Мелинда и Бил Гејтс беа во брак од 1994 до 2021 година. Покрај Џенифер, тие ја имаат ќерката Фиби и синот Рори.

фото:Инстаграм