Tag Archives: џениферлопез

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА СОЗДАДЕ ДИГИТАЛНА КОПИЈА ОД ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ – Ова е иднината на рекламите (ВИДЕО)

Компанијата за бродски крстарења Virgin Voyages лансираше нова кампања за привлекување патници, искористувајќи ја вештачката интелигенција за да создаде дигитална копија на поп-ѕвездата Џенифер Лопез.

Централниот спот на кампањата почнува со сцена во која заводливата Лопез ги кани гледачите на крстарење, меѓутоа тогаш се случува некаква „грешка“ во „матрицата“ – дознаваме дека всушност се работи за дигитален аватар зад чие лице стои маж по име Кајл.

Рекламата потоа добива хумористичен пресврт, така што повеќе луѓе од креативниот тим на Virgin Voyages сакаат да ја испробаат технологијата и да дадат своја интерпретација на популарната Џеј-Ло.

Ѕирнете во новиот дом на Џенифер Лопез и Бен Афлек во богата населба во Лос Анџелес

Џенифер Лопез и Бен Афлек бараат совршен дом уште од нивната венчавка, па изгледа и го пронајдоа – во Калифорнија. Имотот вреди 64 милиони долари.

Двојката минатиот месец стави депозит од 34,5 милиони долари на имотот во Лос Анџелес, т.е. во богатата населба Пацифик Палисејдс, но се откажа од купувањето. Наместо тоа, се чини дека тие конечно ќе се населат на местото на едно од најпознатите и најбогати семејства во градот – она на Грегори Милкен.

Тие во 2009 година го купиле имотот за 14,5 милиони долари, а неговата вредност денес се проценува на 64 милиони долари.

Со шест спални соби и 10 бањи, имотот се простира на 1.200 квадратни метри и доаѓа со куќа за гости од речиси 300 квадратни метри со две спални соби и четири бањи. Има и две работни простории, поголема просторија за рекреација со поглед кон дворот, домашно кино, пространа кујна, дневна соба и камин. Покрај тоа, има и вежбалница од 70 квадратни метри, како и базен и спа-центар надвор.

Во меѓувреме, Лопез веќе најде купувач за нејзиниот имот во Бел-Ер со девет спални соби во француски стил, којшто од минатиот месец го котираше на 42,5 милиони долари.

Фото: „Вестсајд естејт ејџенси“ (Westside Estate Agency).

Сцена од филм ќе ја чинеше Џенифер Лопез ЖИВОТ !(ВИДЕО)

Џенифер Лопез и нејзините колеги од филмот „Shotgun Wedding“, Џош Дамел и Џенифер Кулиџ, раскажале како била во животно загрозувачка ситуација на снимањето.

На прашањето кој најверојатноможе да изведе вратоломија како што треба при прв обид, Лопез рече дека таа и Дамел станале многу добри во опасните сцени за време на снимањето, а потоа сподели како таа за малку ќе умрела снимајќи една сцена.

„Освен еднаш кога за малку ќе паднав од карпа. Тоа не беше забавно“, започна Лопез, изненадувајќи ја Кулиџ, кој ја праша дали е вистина.

„Да, вистина е. Ја знаете сцената кога мојот фустан се фаќа на воланот? Еднаш се закачи а воланот и ме повлече, а јас го погледнав Џош и му реков: „Џош, не ме пуштај те молам.“ На тоа тој и одговорил: „Те имам. Ако ти заминеш сите одиме“, рекла актерката и додала дека тој момент бил застрашувачки за неа.

Македонски БИЛДЕР игра стриптиз пред Џенифер Лопез (Видео)

Тоше Зафиров, најпознатиот македонски билдер, кој има освоено бројни награди ширум светот на својот Инстаграм порфил објави видео како изведува стриптиз точка пред Џенифер Лопез, која важи за една од најубавите и најатрактивните жени во светот.

Но за жал  на Тоше тоа не е вистинската Џеј Ло, односно се работи за нејзината восочна фигура.

Погледнете ги движењата на Зафиров:

Џенифер Лопез откри каква порака ѝ изгравирал Бен Афлек на свршеничкиот прстен

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез проговори за специјалната порака што Бен Афлек ѝ ја изгравирал на свршеничкиот прстен, пренесува Daily Mail.

53-годишната ѕвезда даде интервју за Зејн Лоу од Apple Music One за нејзината врска со Бен Афлек. Конкретно, Лопез проговори за пораката што Афлек ја врежал на вереничкиот прстен што ѝ го подарил пред венчавката.

„Не. Нема да. Никаде“, напишал 50-годишниот актер на внатрешноста на прстенот. Џенифер Лопез додаде дека Бен Афлек почнал да ја користи оваа фраза откако повторно ја разгореле нивната романса. Но што значи фразата?

„Така ги потпишуваше своите мејлови кога почнавме повторно да разговараме. Како: „Не грижи се, не одам никаде“, призна Лопез.

Ги избриша сите објави на Инстраграм и стави црна слика: Што се случува со Џеј Ло? (ФОТО)

Пејачката и актерка не дала никакво објаснување, а нејзините 226 милиони следбеници на Инстаграм се прашуваат што се случило. На почетокот на оваа недела, Џенифер објави слатко видео на TikTok на кое се гледа како се гушка со својот сопруг Бен Афлек, а видеото беше споделено и на нејзиниот Инстаграм.

Меѓутоа, сега тоа видео, како и сите други објави на нејзиниот профил, исчезнаа.

Нејзината претходна содржина сè уште е видлива на нејзините официјални страници на Twitter, Facebook и TikTok. Лопез, која откри дека нејзиното вистинско име сега е Џенифер Афлек, не даде никаква изјава или коментар за промените.

Џенифер Лопез го сруши интернетот (Вирални фотографии)

Џенифер Лопез знае како да се справи со контроверзите, а тоа повторно го потврди откако ги воодушеви фановите за време на сè погласните озборувања за кризата во бракот со Бен Афлек.

Повеќе не го носи прстенот?
Гласините беа поттикнати од неодамнешната фотографија на актерот во Лос Анџелес, објавена од Радар онлајн, на која се гледа дека не носи прстен. Откако веста ги преплави медиумите, пејачката на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии кои ги избезумија нејзините фанови.

Вирални фотографии
Џеј Ло објави провокативни фотографии на кои позира во кревет во долна облека со пуштена коса и широка насмевка на лицето.

Фотографиите станаа вирални – собраа 2,3 милиони лајкови и над 20.000 коментари.

За верување ли е дека Џеј Ло има 52 години?! (Фото и Видео)

Џенифер Лопез објави фотографии на кои позира во костим за капење, и тотално го запали интернетот.

Џенифер (52) им пркоси на годините, па многумина повторно остави без здив со својата неверојатна фигура. Познато е дека латино дама се грижи за својот изглед, а благодарение на добро воспоставената фитнес рутина може да се пофали со совршено извајано тело.

Таа позираше покрај базен во свилено црно кимоно, црни бикини и препознатливите очила на Версаче, а оваа објава беше проследена со коментари:

„Како веќе да не е доволно жешко“, „Каква бомба“, „Дали си сигурна дека имаш 52 години?“ …

Видео:

https://www.instagram.com/reel/CeO2jFLrlfA/?igshid=YmMyMTA2M2Y=

Кој држи задник вреден 27 милиони долари? (Фото)☺️

Џенифер Лопез во своите педесетти години важи за една од најжешките пејачки, и во што и да се појави, мами воздишки.

За среќа на целата планета, летото сè уште трае, па бомбастичната Џеј Ло се соблече во костим за капење и ги распамети обожавателите по којзнае кој пат.

Задникот на секс-бомба вреди, односно е осигуран на 27 милиони долари и со години владее опсесија за него, на мажите пак, скоро и да не им досади.

Убавата Џеј Ло овој пат ја истакна своја бујна задница во поза од која го напрчи задникот и ги испружи витките нозе. Фотографијата за брзо време „собра“ близу 2 милиони лајкови.

Очигледно Џенифер ужива на јахта и се опушта во во глетката, а во коментарот што го остави пишува „Јас сакам лето“, истакнувајќи дека фотографијата е спомен од месец јули годинава.

Дали Џенифер Лопез која е среќна што поминува време со Бен Афлек, се врати со него во врска?

Џенифер Лопез е среќна со Бен Афлек, пренесуваат светските медиуми.

Латино дивата последните неколку недели беше во друштво на поранешниот партнер по завршувањето на четиригодишната врска со Алекс Родригез, а минатиот викенд, Џенифер и Бен беа забележани во Монтана, каде актерот има вила.

„Таа одлично се забавува со Бен. Среќна е со него и ужива да поминува време со него,“ извор близок до Џеј Ло изјави за магазинот „Пипл“.

Џенифер и Бен беа фотографирани заедно во автомобил во близина на ски- центарот Биг Скај, а таблоидите веќе објавија дека ја обновиле својата романса и дека се многу поврзани еден со друг.

Друг извор рече дека Џенифер била неколку дена со Бен надвор од градот. „Тие имаат силна врска. Сето тоа беше брзо и интензивно, но Џенифер е среќна.“

Таа се сврши со холивудскиот актер во 2002 година и тие требаше да се венчаат во 2003 година, но ја одложија церемонијата само неколку дена пред да се одржи и официјално се разделија во јануари 2004 година.