Tag Archives: 11октомври

Груевски со порака: Славењето на xepоите создава нови xepои!

Честит 11 Октомври- денот на почетокот на народно ослободителната и антифашистичка борба на Македонија во кој животот го положија околу 25 илјади главно млади наши предци за да се ослободи Македонија од фашизмот и окупаторите и да ја добие толку очекуваната и посакувана слобода и државност за која и генерации пред нив исто така ги положија своите животи. На сите нив им должиме многу.

Да не се забораваат и вечно да ги славиме жртвите за слободата на сите нас и хероите на Македонија. Со име, презиме и дело. Со чест и почит!

Славењето на хероите создава нови херои, пишува екс премиерот, Никола Груевски на Фејсбук по повод Денот на востанието на Македонија!

Отпорот никогаш не е залуден кога е инспириран од сонот за сопствена држава, за слобода, правдољубивост и еднаквост! – Честит 11-ти октомври !

Отпорот никогаш не е залуден кога е инспириран од сонот за сопствена држава, за слобода, правдољубивост и еднаквост.

Воден од овие идеали македонскиот народ во Втората Светска војна застанал на страната на Антифашистичката борба и го подигнал големото народно востание на 11-ти октомври 1941-та година.

Востанието било последица на тешката и неподнослива ситуација во која се наоѓале македонскит еграѓани под окупација, големит даноци и екслоатацијата ги бутнале македонските селани во голема беда, а со ниви сите други, Македонија била стопански осиромашена, а македонскиот народ потонал во дотогаш  невидена беда.

Затворите се полнеле со голем број на невини граѓани, а само во скопскиот затвор Идризово во текот на окупацијата минале над 8.000 затвореници, од кои 500-тини жени. Ваквата неподнослива ситуација довела до подигање на Народноослоодителното востание, на 11-ти октомври пукнале првите пушки во Прилеп, а веќе следниот ден во Куманово, Првиот Партизански одред Гоце Делчев, на 11 –ти октомври извршиле напад на бугарската полициска станица, прилепскиот затвор и телефонско-телеграфската мрежа.

На 12-ти октомври се огласиле и истрелите на кумановските партизани, почнала четири годишната Народноослободителна борба за ослободување на Македонија.

Борбите се воделе во сите краеви низ Македонија, а вкупниот број на жртви изнесувал неколку десетици илјади. Македонската војска презела неколку усшешни операции, меѓу кои се издвојуваат офанзивата на  Караџова, Февруарскиот походПролетната офанзива и завршните операции за ослободување на Македонија.

На 24-ти јуни 1944 година, на островот Вис се одржал состанок на македонската делегација, предводена од Методија Андонов – Ченто, со највисокото воено и политичко раководство на Националниот комитет за ослободување на Југославија, каде по барањето на македонската делегација би заземен единствен став – дека македонскиот народ ја искажува својата историска желба, за обединување на сите негови делови, дека тоа е негово национално право, и дека тој стремеж останува како негово трајно барање. Кое барање било истакнато и во Манифестот на АСНОМ, во кој пред цел свет била прокламирана полна национална слобода на македонскиот народ, во првата слободна македонска држава.

11-ти октомври останал да се памети и празнува како симбол на ова борба и предвесник на создавањето на самостојна, суверена и независна Република Македонија!