Tag Archives: АделинаТахири

ФОТО: Аделина Тахири во прегратките на сопругот

Пејачката Аделина Тахири сподели нова фотографија со сопругот.

На неа тие се прегрнати и изгледаат вљубено како првиот ден.

Зборови не се потребни, па пејачката во опис на фотографијата остави само срце.

Инаку, Аделина и Серјожа во 2018 година станаа родители на новното прво дете, синот Јон.

Серјожа има и ќерка од претходниот брак.

Аделина го прослави роденденот – луксузниот дом украсен како од бајките, а тоа што го има на раката вреди многу пари (ФОТО)

Нашата позната пејачка Аделина Тахири, на својот инстаграм – профил објави прекрасни фотографии направени во нејзиниот дом по повод 29 роденден кој го прослави вчера (4 април) со своето семејството.

Почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот пејачката се одлучи за интимна семејна прослава со нејзиниот сопруг, познатиот адвокат и бизнисмен Серјожа Марков.

Веруваме дека главен гостин за роденденската забави бил и прекрасниот Јон, синот на Аделина и Серјожа, кој веруваме му помогнал на својот татко во организирањето на роденденското изненадувањето.

Домот беше исполнет со многу балони, цвеќе, слатки и прекрасна роденденска торта.

Аделина го покажа и подарокот од култниот бренд за рачни часовници, препознатлив по луксузниот дизајн – „Ролекс”, подарок од нејзиниот сопруг.

Фоографии Инстаграм