Tag Archives: актерка

Почина актерката Катина Иванова: „Беше поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек“

Од Македонскиот народен театар соопштија дека почина актерката Катина Иванова (1951–2023), која повеќе од четири децении беше дел од овој театар.

„Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно специфичен и топол сензибилитет. Катина Иванова беше насмеана и префинета личност, постојан следач на претставите, поддржувач на актерите, извонреден пријател и човек“ велат од Театарот.

Иванова дипломира на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1978 година.

На сцената на МНТ дебитира уште како студентка во претставите „Соблазна во Шентфлоријанската долина“ и „Славата и смртта на Хоакин Муриета“ (двете во 1976).

По дипломирањето, односно од 1979 г., член е на ансамблот на МНТ, каде остварува бројни доминантни улоги во над 45 претстави меѓу кои: Канигунда во „Кандид“ (1980), Дена во „Кршалнига“ (1983), Амелија во „Погрижи се за Амелија“ (1984), Сузана во „Слободни врски“ (1984), Маријана во „Тартиф“ (1986), Мајката на младоженецот во „Малограѓанска свадба“ (1986), Соња во „Црна дупка“ (1988), Арсиное во „Мизантроп“ (1989), Тамарочка во „Валпургиска ноќ или Чекорите на командорот“ (1990), Клер во „Слугинки“ (1993), Ирина во „Лепа Ангелина“ (1995), Гатачката во „Едмонд“ (1997), Катерина Када во „Немушт јазик“ (2000), Македонка во „Балканот не е мртов“ (2001), Госпоѓа Робинсон во „Дипломец“ (2004), Пациент во „Мара/Сад“ (2008), Сопругата во монодрамата „Сребрена свадба“ (2010), Варвара Петровна Ставрогина во „Бесови“ (2011), Ноќта во „Сината птица“ (2014), Прасковја Фјодоровна во „Мајсторот и Маргарита“ (2015), како и последните улоги во „Разговори во четири очи“ (2015), Сесили Робсон во „Квартет“ (2016) и Госпоѓа Пернел во „Тартиф“ (2016).

Со подеднаква професионална љубопитност и страст настапува и на сцената на други театри низ Македонија, како и во проекти на независни театарски трупи.

Снимила десетина филмови и ТВ серии докажувајќи се како актерка со исклучителен креативен потенцијал меѓу кои се: „Оловна бригада“ (1980), „Хај-фај“ (1987), „Светло сиво“ (1993), „Ангели на отпад“ (1995), „Џипси меџик“ (1997), „Одмазда“ (2001), „Држава на мртвите“ (2002), „Наше маало“ (1999-2004) и „Бунило“ (2009).

За своите актерски остварувања, добитник е на Награда за најдобро театарско остварување на Фестивалот „Tеатарски празници“ (Благоевград, Бугарија) за улогата на Мег во претставата „Роденден“ и наградата на ревијата „Екран“ за улогата на Ревзија во филмот „Џипси меџик“ (1997).

Времето и датумот на погребот дополнително ќе биде објавено.

Ги заведе ЈУ-земјите како Љиљана од филмот „Офицер со роза“ – Како изгледа по 4 децении ?

Драгана Мркиќ ја освои публиката откако одигра забележителни улоги во бројни култни продукции.

Во нејзината актерска работа, меѓу другото, останаа запаметени експлицитните сцени што ги сними. Врвот на популарноста го стекна во продукцијата „Офицер со роза“, каде го толкуваше ликот на Љиљана.

Познатиот филм „Офицер со роза“ на режисерот Дејан Шорок беше премиерно прикажан во 1987 година на фестивалот во Пула, каде што Шорак ја освои Златната арена за најдобро сценарио, а Жарко Лаушевиќ за најдобар актер. Овој филм постигна голем успех, не само во Југославија, туку и пошироко, а умерените еротски сцени и интересниот заплет ги создадоа Лаушевиќ, Ксенија Пајиќ и Драгана Мркиќ.

Филмот доживеа голем успех, не само во Југославија, туку и пошироко, а умерените еротски сцени и интересниот заплет ги создадоа Лаушевиќ, Ксенија Пајиќ и Драгана Мркиќ.

Дејствието на филмот е поврзано со 1945 година, кога веднаш по Втората светска војна, партизанскиот офицер Петар, кој во филмот го игра Жарко, доаѓа во Загреб со неговата свршеница Љиљана, која ја игра Драгана, и заедно почнуваат да живеат како станари со Матилда, која ја играше Ксенија. Петар се вљубува во Ксенија, со која започнува страсна врска, откако неговата вереница Љиљана ќе го напушти Загреб. Насловот на филмот е изведен од сцената во која Петар носи две рози, по една за Љиљана и Матилда.

Насловот на филмот е изведен од сцената во која Петар носи две рози, по една за Љиљана и Матилда.

Тројцата актери кои ги играа главните улоги во оваа продукција уживаа огромна популарност, Жарко Лаушевиќ по долги години се врати на актерството и имаме можност повторно да го видиме на екранот. Ксенија Пајиќ повремено игра во театарот, но многу малку се знае за најмладата членка на оваа актерска екипа Драгана Мркиќ.

Драгана Мркиќ играше во култните југословенски филмови „Искушение на ѓаволот“, „Поглед од Ајфеловата кула“, „Погледни ме“, „Гњурац“, „Вештачки рај“, „Планински венец“, серијата „Сложна брача“, но познавачите на југословенската кинематографија најмногу ја паметат како убава црнка од филмот „Офицер со роза“, каде што го имаше своето деби.

Драгана Мркиќ во филмот во режија на Живко Николиќ, „Искушение на ѓаволот“

Во едно интервју таа познатата сцена од филмот, кога Љиљана и Матилда се капат заедно во када, ја нарече „нежна, чиста и невина“.

„Сцената во која јас и Ксенија се бањаме е снимена во стан во Загреб. Се сеќавам дека на снимањето имаше многу смеа и дека сцената ја доживеавме сосема нормално и опуштено. Како една од поважните карактеристики би ја истакнал лузната што ми ја залепија, бидејќи младиот партизан што го играв мораше барем еднаш да биде ранет. Таа лузна ми беше многу смешна“, рекла еднаш актерката.

Вака денес изгледа актерката Драгана Мркиќ

Драгана денес режира претстави, предава глума во училиште, а повремено игра и во театар. Живее и работи во Белград.

Нема да ви се верува која холивудска ѕвезда е на овие фотографии

Јавноста е запрепастена откако деновиве беа објавени фотографии од некогашната холивудска ѕвезда и актерка од многу филмски хитови во осумдесетите и деведесетите. Папараците ја уловија во понеделникот, кога со синот пристигнала на аеродромот во Лос Анџелес.

Ретко кој би ја препознал, но станува збор за Бриџит Фонда, денес 59-годишна жена, која реши да се повлече од актерството во 2002 година.

На прашањето дали сака да се врати во Холивуд, Фонда едноставно одговори: „Не“. Откако фотографот ја прашал дали има шанси да се врати, таа повторно одговорила негативно и додала дека „поубаво е да си обичен човек, кој не е познат“.

Фонда во 2003 година доживеа тешка сообраќајна несреќа откако излета од насип додека врнеше силен дожд. Како што пренесува Би-Би-Си, се здобила со „лесна скршеница на два торакални пршлени“, но целосно закрепнала.

Потоа решила да ја прекине својата актерска кариера за да основа семејство со нејзиниот сопруг Дени, кој има две ќерки од претходниот брак со Гери Ајзенменгер, а со Фонда го добија синот Оливер во 2005 година.

Таа доаѓа од холивудската династија Фонда. Нејзиниот дедо е филмската легенда Хенри Фонда, нејзиниот татко е актерот Питер Фонда, а нејзината тетка е Џејн Фонда.

Германска актерка бара помош ДА ПРОНАЈДЕ ДВЕ МАКЕДОНКИ кои ги запознала како тинејџерка во Охрид

Германската филмска ѕвезда ги запознала Зорица и Билјана во 1963 година во Охрид кога се собирала хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Скопје. Денеска на прес-конференција во Белград побара помош да ги пронајде, пренесува 360 степени мк.

Германската актерката Барбара Сукова годинава е една од најголемите филмски ѕвезди на меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ што се одржува во Белград, Србија.

На фестивалот таа ќе го претстави филмот „Далиленд“ во кој ја глуми Гала, сопруга на Салвадор Дали, меѓутоа она со што таа го привлече вниманието на српските новинари е повикот да ѝ помогнат да пронајде две жени кои ги запознала во Македонија кога биле деца во далечната 1963 година.

Таа година, актерката како тинејџерка со нејзините родители престојувала во Југославија и го посетила Охрид. Таму, раскажа денеска, запознала две девојчиња – Зорица и Билјана.

Тогаш во училиштата се собирала хуманитарна помош за настраданите во земјотресот во Скопје, а Зорица и Билјана во знак на благодарност потоа ѝ испратиле послужавник со две шолји за кафе.

„Ги чував и носев секаде со себе. Тие две сега се како мене, во средните седумдесети години. Би сакала повторно да ги видам. Бидејќи не користам социјални мрежи, можеби можете да ми помогнете да ги пронајдам“,

замоли актерката, пренесува Н1 ТВ.

Таа пред камерите покажа и фотографија од Зорица и Билјана од времето кога биле девојчиња.

Стојановска: Првпат снимив еротска сцена пред 15 години, не се секирав што ќе кажат луѓето

Ана Стојановска е истакната актерка од помладата генерација. Препознатлива по филмовите на Милчо Манчевски и сè уште актуелна по последниот, „Кајмак“, таа е една од оние глумици што го привлекуваат вниманието. Како ќерка на Силвија и Ненад Стојановски, природно било да се запише на ФДУ. Денес, таа е вработена во МНТ, каде што зад себе има многу улоги и е дел од театарската сцена.

Сè уште со скорешни сеќавања од светската премиера во Токио за последниот филм, таа вели: „Таму беше многу возбудливо. Прво, затоа што бевме во Јапонија, второ, нè пречекаа како ѕвезди. Иако таму се изгубив додека се шетав низ градот, па по два-три часа лутање по улиците сама, завршив во полиција. Таму, место да ми помогнат да се снајдам, затоа што ми се испразни телефонот и не го знаев името на хотелот, полицијата ме однесе во продавница, ми купи полнач и ми рече: еве ,снаоѓај се“, раскажува Ана.

Кога уметноста е во прашање, секогаш е актуелна темата за разголување пред камера или снимањето љубовни сцени. Таа со смеење зборува за сцената со зелките на голите гради од последниот филм.

„Имаше многу коментари. Но, види, мене не ми е проблем разголувањето. Јас пред 15 години ја снимав првата полуеротска сцена. Тогаш можеби ми било малку непријатно. Со искуството стануваш посигурен. Порано повеќе се секирав како изгледам на камера, дали сум дебела, да не ми се гледа некое влакно на ногата или слично. Кога се снима таква сцена, не е сега ‘ај вие имајте секс’, сепак има техника, малку луѓе се присутни во просторијата. За разлика од театар, потешко е да се соблечеш од причина што има прашина на сцената, а кога снимаш за филм, барем е чиста просторијата“, вели Ана за „Репортер“.

Во сеќавањата за татко ѝ Ненад Стојановски, еден од најголемите македонски актери, вели:

„Го паметам како убав, голем, светол човек. Беше многу популарен, а денес многу повеќе го доживувам како актер затоа што кога почина, јас бев мала. Денес, кога гледам негови улоги, викам бил феноменален. Мајка ми ни е најголема поддршка и на мене и на сестра ми Јана“, вели Ана и додава: „Се случило да одиме на кастинг за иста улога и јас и Јана, мајка ми ни помага, ама никако не смее да каже која е подобра, ептен ќе ѝ се скараме“, се смее актерката.

Зборувавме и за Влатко Илиевски, со кого беше во љубов, па вели: „Многу го сакав. Беше многу убав и беше одличен глумец. Два дена пред да почине бевме кај него и игравме карти. Ме погоди неговата смрт“.

Зборувавме за модата, а ни откри и дека одлично готви. За љубовта, пак, вели: „Сама сум уште, сакам да се заљубам, ама научив да си ги простувам грешките и да се сакам повеќе“.

Текст на Вистина.мк

Познатата турска актерка со потресен апел: Не знам што да напишам, потребни се ковчези за мртвите…

По катастрофалниот земјотрес во Турција, во кој до сега има преку 20 илјади жртви, познатата глумица Бирче Акалај побара донации од ковчези за семејствата да можат да ги закопаат своите починати. Таа вели дека ѝ е тешко што мора да напише ваква порака, но на турскиот народ му е потребна помошта од цел свет.

„Пишувам, пишувам и бришам, зашто не знам како да го напишам ова. Секогаш ги делиме заедно најважните потреби. Сепак, меѓу работите што ни се најпотребни се ковчези. На нашиот народ итно му требаат ковчези за своите починати. Ве молиме послушајте го нашиот глас“, напиша Бирче.

Глумицата е една од многуте кои од првиот ден по земјотресот се вклучија во хуманитарни акции за да му помогнат на населението. Таа преку социјалните мрежи испраќаше апели за помош, и им помагаше на луѓе да ги најдат своите блиски за кои немаа информации.

Меѓу оние кои помогнаа се и глумецот Ибрахим Челикол, кој испрати три камиони и 15 комбиња со помош во градот Хатај, и актерот Кивач Татлитуг кој донираше 9.800 евра. Фудбалерот Мерих Демирал освен што донираше 50 илјади евра, на хуманитарна аукција ги продава своите највердни дресови, од Роналдо, Дибала и Бонучи, а парите ќе ги донира за настраданите.

Нашата убава Македонка ги маѓепса Турците: Атрактивната водителка на „Бекстејџ“ доби улога во турската серија „Балканска приказна“ (видео)

„Балканскa приказна“ е насловот на турската серија што започна да се снима летово во Скопје, а снимените епизоди веќе се прикажуваат на турската државна телевизија ТРТ1.

Покрај турските актери во една од епизодите ќе се појави и нашата мисица и до неодамна водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, атрактивната Анѓела Јакимовска. Нашата убавица ќе ја има улогата на Кадин.

Шефо кој е еден од водечките ликови во серијата се труди преку песна да ја освои Кадин, па дури снима и видео спот.

Почина легендарната маркатна македонска актерка Сабина Ајрула-Тозија 🖤

На 75-годишна возраст почина познатата македонска актерка Сабина Ајрула Тозија.

Таа беше маркантен лик на македонската театарска и филмска сцена и препознатлива по својот актерски физикус и вонредниот талент.

Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“), а играше и во познатата турска серија „Величенствениот“.

Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери, а има играно заедно и со многу познати југословенски актери.

Нека и биде споменот вечен. Ќе ја паметиме како едно од нашите најголеми театарски имиња.

(Видео) Мaкeдoнкaтa Симона Живковска нa мaкeдoнcки jaзик вo „Цpнa Вдoвицa“ нa Mapвел

Во новиот проект на серијалот Црна Вдовица на Марвел игра македонската актерка Симона Живковска која гради меѓународна кариера по преселбата од Македонија во Велика Британија.

Живковска во сцените од филмот глуми на македонски јазик што е раритет за вакви холивудски “блокбастери” кои заработуваат стотици милиони долари на кино благајните.

“Ни преостанува помалку од еден месец! Едвај чекам да го видите ова!”, пишува Живковска давајќи ја информацијата дека во филмот таа зборува на мајчин јазик – македонски.

Во видеото јасно се слуша дека во хитот во кој главна улога игра една од најплатените холивудски актери Скарлет Јохансон македонската актерка зборува на македонски јазик.

Симона Живковска работи во Велика Британија а освен македонско има и западноиндиско потекло поради нејзиниот татко кој е од Свети Мартин.
Симона е родена во Скопје, Република Македонија , поранешна Југославија а се преселила во Велика Британија за време на раните детски години во 2001 година.

Својата прва ТВ работа Симона ја добила на 17 години на почетокот на 2012 година за потоа да ја игра главната жена во критикуваната драма на Би-Би-Си „Моето убиство“ (во режија на Брус Гудисон), стои во биографијата на Живковска.

Скандал се случил на престижните филмски награди: Актерка измачкана во крв се соблекла гола на сцената (ВИДЕО)

Во знак на протест за повеќемесечниот локдаун и затворање на културните институции, француска актерка се соблече гола на сцената на доделувањето на филмските награди на француската кинематографија Цезарз во Олимпија.

Корин Масиеро носеше крвав костум од магаре пред да ја отстрани облеката за да ги открие зборовите „Нема култура, нема иднина“ напишани преку нејзиниот грб додека синоќа ја доделуваше наградата за костим.