Tag Archives: Албанскијазик

Сите граѓани мора да знаат македонски јазик, Македонците не мора да знаат албански јазик (ВИДЕО)

Пратеничката проф. Силјановска во дебата во Собранието вели дека кога зборува за ситуацијата во Македонија и уставните права и обврски не ја интересира Косово и други примери туку дека за Македонија е важно дека секој македонски граѓанин мора да го знае македонскиот јазик.

Оваа обврска според уставот и законите за граѓаните не важи и за албанскиот јазик, објаснува професорката:

 Право и обврска на секој граѓанин е да го познава македонскиот јазик. Таква обврска не постои за албанскиот јазик

 Пратениците МОЖЕ да се обратат на пленарните седници и работните тела во Собранието и на јазикот што го зборуваат 20%, законите ќе се објават и на јазиците на 20%.

 „Може“ значи дека со закон ќе се одреди начинот на употребата, мора да биде во рамките на Уставот, што значи само поединците можат да одлучат дали ќе го употребуваат или не.

 Да, потсетам: во Законот за употреба на македонскиот јазик е утврдено дека : „право и обврска на секој граѓанин е да го познава македонскиот јазик“.

 Според Рамковниот договор, пратениците од заедницата што брои 20%, на пленарните седници и во работните тела може да се обраќаат и на својот јазик.

Целото експозе во видеото:

За Пендаровски, не се спорни барањата ни за албанскиот јазик, ни за Бугарите во Уставот!

Претседателот Стево Пендаровски нема(л) проблем ниту со барањето на Алијанса за Албанците и на БЕСА за бришење на условот од 20 проценти во Уставот и за прогласување на албанскиот јазик за официјален во Македонија, ниту со тоа за запишување и на Бугарите во Преамбулата.

„Што е спорно? Не е спорно. Јас сум го кажувал тоа уште пред неколку години: не мислам дека ако албанската заедница што живее во Македонија смета дека тоа е навредливо за нив – да не бидат претставени како бројка, туку како идентитет – немам никаков проблем да ги ставиме, наместо 20 проценти, да биде ‘албански јазик’ или ‘албански народ’. Значи, не можам да видам што тука ја загрозува независноста, внатрешната стабилност на нашава држава, навистина не гледам. Каква беше суштината на бугарското барање? Што е спорно ако и Бугарите бидат во Преамбулата на Уставот?“, праша Пендаровски во интервјуто за ТВ Сител.

Таравари бара македонскиот и албанскиот јазик да се рамноправни, како во Југославија

В.д претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари денеска истакна дека засега нема никаква понуда за неговата партија да биде дел од власта, а и да има ќе се одлучува преку партиските тела.

Тој го повтори ставот дека Алијанса за Албанците има свои предлози доколку во Собранието се почне дебата за менување на Уставот.

– Овој пакет на мерки кои што ќе го дадеме, ќе се презентира пред најзначајните амбасади во Скопје. Потоа ќе се презентира пред медиумите и се надевам пред пошироката јавност, но и пред другите политички партии. Нашиот предлог ќе биде нешто што не може да се одбие. Секако едно од нашето барања, второ ќе биде тоа еднаш за секогаш да ги тргнеме тоа 20 остсто. Да биде барем во Југославија како што беше, албанскиот и македонскиот јазик тука беа јазици кои официјално се користеа. Јас се надевам дека има подготвеност од сите македонски политички партии, тоа да се прифати, тоа да го помине и потоа да поминеме на други побитни теми, посочи Таравари.

Апасиев: Ќе ти ги враќам двојазичните документи! Џафери: Ти си еден век назад, во 96-та си имал 11 години!

Пратеникот Димитар Апасиев од Левица повикувајќи се на член 3 став 4 од Деловникот, на денешната собраниска седница му укажа на претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе ги враќа материјалите ако повторно им бидат доставени двојазично, бидејќи тоа е противуставно и противделовнички.

Ние како Левица овие материјали од денеска ќе ви ги враќаме. Ова на албански јас не го разбирам. Барам во иднина на службите да има кажете дека јас не сум пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот, да ми доставуваат материјали исклучиво на македонски јазик – рече Апасиев.

Тој исто така го праша Џафери зошто двата закони што тие ги поднеле не се ставаат на дневен ред поднесени во мај и април, потсетувајќи го дека тој е должен во рок од три дена нив да ги достави до пратениците, со што започнува собраниската постапка.

– Немам што да додадам во однос на процедуралното, во контекст на постапката што ја направи во Собранието и не бара дополнителни објаснувања. Во 1996 година имаше 11 години, доцна си дошол на оваа возраст. За среќа ние сме во 21 век, 2021 година и твојата постапка укажува дека си еден век назад во однос на перцепцијата и разбирањето – му одговори Џафери.

Гаши бара резолуција за албанскиот јазик

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија ја поттикна албанската опозиција да бара Резолуција и за албанскиот јазик. Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во интервју за Дојче Веле вели дека формулацијата за албанскиот јазик во Уставот е навредувачка и понижувачка.

-По предлог-резолуцијата иницирана од ВМРО-ДПМНЕ, очекувам македонските партии да предложат и резолуција со која ќе се промени формулацијата за албанскиот јазик во Уставот кој е дефиниран само како „јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, а кои не се мнозинство.“ Не правете им го на други тоа што не сакате вам да ви го прават – рече Гаши

И пратеникот од Алијансата за Албанците, Елми Азири, за Утрински брифинт изјави дека „местото на албанскиот јазик во државата е во Уставот