Tag Archives: Алиоски

Тасевски распали по АЛИОСКИ и БАРДИ: Не можете две строфи од ХИМНАТА да научите …

Елиф Елмаз Турчин ли е?

Турчин е така, по род?

Вчера ја пееше македонската химна на цел глас со оган во очите.Стварно не знам кој ви е проблемот на вас, неговите соиграчи Албанци кои не ја пеете?

Не го знаете текстот?

Не сакате да научите две строфи?

Алиоски зборува за заедништво. Каде е почитувањето кон соиграчите Македонци по род, од чиста култура, да им се направи ќеф да им ја запеете и вие химната.Каде е почитувањето кон македонската јавност која ве сака? И тебе Алиоски и тебе Барди. Адеми…

Што е тоа што ви пречи во химната?Има нешто што ве навредува како Албанци.Па Елмаз повеќе треба да биде навреден, зашто Гоце Делчев Питу Гули пукале по неговите пра пра дедовци Османлиите.Грда е онаа слика.Сите ја пеат химната, вие гувеете како осудени.

Што е?Добивате закани ако ја пеете од вашиот народ и политичките водачи?

Не е исклучено.Оти денес е многу важно да бидеш лојален Албанец.Секоја чест за игрите, вештините и победата, ама за заедништво не зборувајте додека не научите барем две строфи и не ги запеете заедно со Елмаз и останатите другари во репрезентацијата.

Не го сфаќајте напишаново како атак или навреда. Го напишав поради впечатокот кој го оставате кај нас кои не сме Албанци. А тој не е пријатен – пишува актерот Сашо Тасевски на Фејсбук статус, кој статус изобилува со бројни коментари, а веќе се отвори дебата на профилот на Тасевски.

Би-Би-Си: Алиоски во идеалниот тим од групната фаза на ЕУРО2020

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езѓан Алиоски се најде во идеалниот тим, кој читателите на британскиот сервис Би-Би-Си го избраа по натпреварите од групната фаза на Европското првенство.

Левиот бек на македонската репрезентација доби втора највисока оценка (8,19) зад играчот за врска на Белгија, Кевин Де Брујне (8,36).

Во идеалниот состав во избор на читателите на Би-Би-Си се најдоа и Каспер Шмајхел од Данска, Леонардо Спинацола од Италија, Симон Кјаер од Данска, Матеуш Клих од Полска, Џеорџино Вајналдум од Холандија, Мануел Локатели од Италија, Чиро Имобиле од Италија, Ромелу Лукаку од Белгија и Александер Исак од Шведска.

Алиоски беше стрелец на еден од двата гола, кои македонската репрезентација ги постигна на својот дебитантски настап на ЕУРО2020. 

(Фото) Алиоски се врати во родното место, ги изpaдува дечињата

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски заврши со репрезентативните обврски на ЕП за Македонија и дел од одморот го искористи за посета на родното Црнилиште.

По враќањето од ЕП Џани замина за неговото родно место, прилепското село Црнилиште, а таму ги израдува најмладите. Тој се сретна со децата од селото кои се и членови на фудбалскиот клуб.

Погодок на Алиоски против Украина!

Селекцијата на Украина по 33 минути игра имаше убедлива предност против Македонија со 2-0.

Украина поведе во мечот со Македонија со 1-0 кој се игра во рамки на 2. коло од групата Ц на ЕП 2020.

Во 28 минута преку Јармоленко Украина имаше одлична шанса, но Димитриевски интервенираше. Но бадијала, по корнерот истиот играч остана сам на втора статива и ја затресе нашата мрежа за предност на Украина од 1-0.

Но Ерџан Алиоски по промашен пенал, погоди во голот од одбиена топка:

ОФИЦИЈАЛНО: Арнаутовиќ суспендиран за навредите кон Алиоски

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донесе одлука и го суспендира Марко Арнаутовиќ за следниот натпревар на Австрија, поради пцовки на натпреварот против Македонија кон други играчи.

По постигнат гол, Арнаутовиќ славеше бурно и кажа недолични зборови кон Езџан Алиоски. УЕФА ја разгледа снимката по пријава на ФФМ, па му изрече суспензија на напаѓачот од еден натпревар.

Така, Арнаутовиќ ќе го пропушти дуелот против Холандија на ЕП 2020, а ќе може да игра во последното коло од групната фаза. Арнаутовиќ мина добро, иако казната можеше да биде уште построга.

Зошто Алаба му ја затвори устата на Арнаутовиќ додека го навредуваше Алиоски? (Фото)

По неговиот погодок за тимот на Австрија против Македонија, фудбалерот Марко Арнаутовиќ е тема за анализа и на австриските медиуми кои поставуваат дилема дали играчот со хрватски потекло го навредувал македонскиот репрезентативец Езгјан Џани Алиоски

“Во финалето на прелиминарната рунда од групата Ц во 89-та минута Арнаутовиќ продира во казнениот простор, се сврти околу голманот Столе Димитриевски и ја турка топката во водство за 3-1. Напаѓачот од кинескиот клуб Шангај Порт потоа почнува да слави полн со емоции низ националниот стадион во Букурешт и очигледно го кара својот противник Езгјан Алиоски, кој претходно брутално го нападна Ксавер Шлагер и повеќепати го провоцираше тимот на ÖFB”, пишуваат дел од австриските медиуми за инцидентот кој на социјалните мрежи беше оценет како можен говор на омраза кон македонскиот репрезентативец.

Капитенот Давид Алаба потоа ја покрива устата на неговиот соиграч.

Што точно кажал Арнаутовиќ, кој влезе во игра во 59-та минута никој не објавува точно но поради интервенцијата на Алаба кој буквално ја затвара устата на соиграчот јасно е дека австрискиот фудбалер кажал нешто што не смеел да го каже на фудбалскиот терен.

Реакции имаше и на социјалните мрежи: