Tag Archives: алкохол

Поинтелигентните луѓе пијат повеќе алкохол и не се по спортувањето

Иако можеби е логична помислата дека поинтелигентните луѓе живеат поздраво и повеќе се грижат за сопственото здравје, неодамнешните истражувања покажуваат дека тоа не е така.

Истражување спроведено од психологот Сатоши Каназава од Лондонската школа за економија и политички науки ги испитуваше карактеристиките и вредностите на луѓето со висока интелигенција. Резултатите покажаа дека поинтелигентните луѓе се залагаат за помодерни, полиберални вредности, а исто така се помалку религиозни од помалку интелигентните луѓе.

Кога станува збор за полиберален начин на живот, истражувањата покажаа дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција почесто остануваат будни до доцна навечер и почесто пијат алкохол, иако умерено, отколку луѓето со понизок коефициент на интелигенција. Исто така, тие помалку се вклучени во физички активности.

Сатоши Каназава ги објаснува овие резултати со „теоријата на саваната“, која вели дека луѓето со повисок коефициент на интелигенција подобро се справуваат со ситуациите и настаните во модерниот живот, додека мозокот на помалку паметните луѓе често има проблеми со достигнувањата кои се релативно нови во еволутивна смисла и затоа таквите луѓе живеат поконзервативно.

Како резултат на тоа, помалку интелигентните луѓе пијат помалку алкохол и повеќе се движат. Имено, алкохолот и седентарниот начин на живот, според теоријата на саваната, се резултат на помодерното живеење, па помалку интелигентните луѓе поретко ги практикуваат.

index.hr

МОРТУС – Во ресенско фатен возач со 4,07 промили алкохол во крвта

Вчера на ден 24.08.2022 СВР Битола продожи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија СВР Битола изречени се 59 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 7 санкции за возење под дејство на алкохол од кои кај еден возач на подрачје на с.Перово, ресенско, биле измерени  4,07 промили алкохол.

Изречени се 10 мерки за непрописно паркирање, една мерка за некористење на сигурносен појас.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Го имаме РЕКОРДЕРОТ во промили: Типов возел со „КРВ во АЛКОХОЛОТ“!

Полицијата информира дека синоќа во периодот од 23.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 70 возачи.

-Од нив, 12 на територијата на СВР Скопје, по 11 на територијата на СВР Тетово, СВР Охрид и СВР Штип, девет на територија на СВР Велес…, велат од МВР.

Според објавеното, еден од „фатените“ возачи се движел со 4,26 промили алкохол во крвта.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од полицијата.

Дали треба да пиете алkохол по примање на ваkцина против kоронавируcот?

Долги редици Босанци, Црногорци и Македонци – честопати цели семејства – се формираа пред главниот центар за вакцинација во српскиот главен град додека полицијата надгледуваше.

Едно од прашњата кои примателите на вакцина често го прашуваат е дали е дозволено по примањето на вакцина пиење на алкохол?

Пиењето алкохол по добивањето вакцина за коронавирус може значително да го отежни имунолошкиот одговор и потенцијално да ја направи вакцината неефикасна, рече водечки руски научник. „Силно препорачуваме да се воздржувате од алкохол три дена по секоја инјекција“, изјави за Њу саентист Александер Гинтсбург, раководител на Националниот центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја во Москва, кој ја развива вакцината Спутник V.

Ова предупредување не се однесува само на вакцините Спутник V, туку и на сите вакцини против ковид-19 и реално на сите други вакцини. „Ова е многу јасно“, рече тој.

Постоечката научна литература за алкохолот и имунолошкиот систем покажува дека вишокот алкохол е имуносупресив, така што луѓето што многу пијат се поподложни на инфекции. „Тешките алкохоличари имаат многу проблеми, а слабата имунолошка функција е една од нив“, вели имунологот Еленор Рајли од Универзитетот во Единбург, Велика Британија.

Во испитувањата, околу 10 проценти од луѓето не станале имуни откако примиле вакцина Спутник V, а бројката е слична и кај другите вакцини. Причините за ова се непознати. Дали алкохолот може да биде фактор не е испитано.

Една студија од 2012 година од истражувачи во Шведска покажа дека слабото до умерено консумирање алкохол благо го потиснува инфламаторниот одговор на вакцината против бактериска пневмонија, но немал никакво влијание врз имунолошкиот одговор. Истражувачите го дефинираа ова ниво на консумирање алкохол како просечен внес на помалку од 30 грама на ден, приближно како три вотки.

Гинтсбург за Њу саентист изјави дека ова е премногу строго. „Се разбира, не зборуваме за целосна забрана на алкохолот за време на вакцинацијата. Ова е само разумно намалување на консумирањето сѐ додека телото не формира свој имунолошки одговор на коронавирусната инфекција“, рече тој. „Важно е да се разбере дека прекумерната потрошувачка на алкохол може значително да го намали имунитетот и со тоа да ја намали ефикасноста на вакцинацијата, па дури и да ја направи бесмислена. Покрај тоа, ова важи не само за Спутник V, туку и за секоја друга вакцина“.

МКД.мк