Tag Archives: Амбасадорка

Османи за американскиот тим за санкции – „Ние побаравме да ни помогнат против корупцијата“

Македонија

Османи за американскиот тим за санкции – „Ние побаравме да ни помогнат против корупцијата“

Автор:Валмира Зендели07/12/2022 18:40

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вели дека самата Македонија побарала САД да ни помогне во борбата против корупцијата. Ако не ги почнеме преговорите со ЕУ, стравував дека ќе останеме дека мониторинг, затоа побарав од САД да ни помогнат во однос на корупцијата, изјави шефот на дипломатијата. Меѓутоа, во однос на изјавата на Агелер во која вели „поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери“, Османи додава дека станува збор за сеопфатен поглед на корупцијата во земјава и дека поддржуваат бескомпромисна борба на сите нивоа.

Американската амбасадорка, Анџела Агелер, вчера преку „Твитер“ соопшти дека во земјава пристигнал американски тим за санкции со цел да утврди како стои работата со гонењето на корумпираните лица. Агелер во интервју за „Сител“ рече дека корупцијата е најголемиот предизвик со кој се соочува Македонија.

„Како што патувам низ земјава и зборувам со обичните луѓе, тие зборуваат за корупција секогаш кога треба да посетат лекар, секогаш кога бараат работа, секогаш кога детето им аплицира за одредено училиште. Искрено, корупцијата доведе до она што јас мислам дека е вистинска катастрофа за оваа земја и што толку голем број млади луѓе не сакаат да останат тука“, вели Анџела Агелер.

И министерот за внатрешни работи, Спасовски ја коментираше изјавата на Агелер, велејќи дека МВР стои на располагање за секаков вид активност за борба против корупцијата.

Амбасадорката на САД, Агелер, заклучи дека корупцијата ги „брка“ младите од земјава и дека тоа е најголемата загуба за Македонија.

Агелер смета дека уставните измени нема да го загрозат идентитетот: Треба да се случат за доброто на државата

Американската амбасадорка Анџела Агелер смета дека македонскиот јазик и идентитет нема да бидат загрозени во процесот со уставните измени. Таа се надева дека опозициските партии во земјава не заземаат одредени позиции околу прашањето за уставните измени само за да противречат.

Јас се надевам дека опозицијата не зазема одредени позиции само за да противречи, да биде против. Ова е нешто што според мене ја надминува политиката. Ова не треба да биде доведено во врска со партии. Ова треба да биде во врска со тоа што е добро за земјата. И би била моја најискрена желба, гласовите од другата страна, гласовите низ државата кои го доведуваат ова во прашање, да погледнат добро што е тоа што е во најдобар интерес за Северна Македонија, за оваа земја, за сите нејзини граѓани и да донесат такви одлуки и изјави за придвижување на земјата за да стане посилна, а не послаба“,изјави Агелер во вечерашното гостување на ТВ Сител.  

На прашањето како граѓаните на Македонија да веруваат дека Софија нема да поставува нови и нови пречки кои не се поврзани со критериумите за членство во ЕУ, Агелер вели дека тоа е многу важно прашање и тоа е разговор што е клучен за граѓаните на оваа земја да го водат со своите лидери.

Агелер порача дека таа и Стејт департментот ќе направат се за да ја поддржат  евроатланска аспирација,  земјава  свесни дека не е само тешко да се придвижат уставните измени, туку и да се спроведат реформите кои се неопходни за тоа членство.

Коха-Ни Турција не ја сака Теута за амбасадор

Се чини дека Теута Арифи, поранешна градоначалничка на Тетово, нема да може да се вклучи во македонската дипломатија. По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одби таа да биде амбасадор на Македонија во Турција, дознава весникот „Коха“.

Извори на „Коха“ тврдат дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат Арифи во Анкара, Турција. Сепак, официјалната реакција на Република Турција била брза и агреманите нема да бидат одобрени.

Претходно таа беше непожелна за амбасадор и во САД и во ЕУ.