Tag Archives: американски

Американски новинар приведен на стадион во Катар поради маичката која ја носел (ФОТО)

Американскиот новинар Грант Вал, кој работи за „CBS Sports“ и има напишано книга за Дејвид Бекам, бил приведен на стадион во Катар поради носење маица со боите на виножитото пред почетокот на натпреварот САД – Велс на Светското првенство на стадионот „Ахмед Бин Али“ во Ал Рајан.

– Кога дојдов на стадионот облечен во маичка со виножито за поддршка на ЛГБТ заедницата, редарите ми забранија да влезам. Ме задржаа 25 минути и бараа да ја соблечам маицата. Твитнав за тоа. Еден момент подоцна, еден од чуварите насилно ми го грабна телефонот од раце. Помина речиси половина час. Чуварите одбија да ми го вратат телефонот и рекоа дека мојата маица е „политизирана“ и бараа да ја соблечам. Јас одбив.

Мојот пријател Ендрју Дас, новинар на „Њујорк Тајмс“, минуваше и му кажав што се случува. Го уапсија и него. На крајот чуварите ме натераа да станам и да се свртам кон безбедносната камера. Еден од чуварите праша: „Дали сте од Велика Британија? Јас одговорив: „Од Њујорк“. Ова почна да ме нервира. Конечно го ослободија Енди.

И тогаш ми пријде шефот на обезбедувањето. Тој рече дека ме пуштаат и ми се извини. Се ракувавме. Еден од редарите ми кажа дека само се обидуваат да ме заштитат од навивачите внатре кои би можеле да ме повредат поради носењето на маицата. Подоцна ми се извини и претставникот на ФИФА. Но, оваа епизода ме натера да размислам како им е на обичните Катарци кога целиот свет не гледа во нив, напиша американскиот новинар на својата веб-страница.

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) донесе забрана за било какво носење симболи или пароли, од страна на националните тимови, новинарите но и навивачите, за поддршка на ЛГБТ-популацијата, почитувајќи ги законите на земјата домаќин на Мундијалот.

Американски конгресмени тврдат: Има разузначки документи кои упатуваат дека вирусот е направен во лабopaторија?

Постојат „значителни посредни докази“ дека епидемијата на Ковид-19 потекнува од протекување од Институтот за вирологија во Вухан, тврдат Републиканците кои се во Комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом на САД.

Републиканците од комисијата бараат да се изврши уште повеќе притисок врз Кина за да се дозволи „целосна, кредибилна истрага“ за изворот на глобалната пандемија. Тие објавија и извештај во кој се наведува дека е „клучно за здравствените експерти и за американската влада да разбере како настанал ковид-19, со цел да се спречат или брзо да се избегнат идни пандемии“.

Тие како аргументи наведуваат дека во минатото има повеќе случаи на протекувања од кинески лаборатории кои резултирале со зарази, како и предупредувањата од американски дипломати во Кина уште од 2017 дека лабораторијата во Вухан спроведува „опасни истражувања“ на коронавируси без да се следат „неопходните безбедносни протоколи, ризикувајќи случајно избивање на пандемија“. Републиканците посочуваат и на неколкуте истражувачи од лабораторијата во Вухан кои есента 2019 заболеле со симптоми налик Ковид-19.

„Наспроти ова, се појавија многу малку докази кои го поддржуваат тврдењето на Кина дека ковид-19 е природна појава, која се префрлила на луѓето од некој друг вид.

Кинеските власти не успеаа да го идентификуваат оригиналниот вид кој наводно го пренел вирусот кај луѓе, што е критично за нивната теорија,“ пишуваат републиканците.

Републиканците го објавуваат извештајот откако го обвинуваат Бајден и директорот за национална безбедност дека не дале навремени апдејти околу истрагата за потеклото на ковид-19. Тие бараат американските разузнавачки служби да ги предадат сите информации што ги имаат за потеклото на Ковид-19.

Минатиот месец Белата куќа објави дека верува дека Кина „не била транспарентна“ при објавувањето на информациите што ги има околу потеклото на ковид-19, кои беа дел од извештајот што го составија заедно со СЗО.

Белата куќа порача дека во извештајот на СЗО за Кина недостасуваат круцијални информации и дава само „делумна и некомплетна слика“ за потеклото на вирусот.

Тие ја повикаа Кина и СЗО да им дозволи на меѓународни експерти непречен пристап до податоците и пристап до луѓето кои биле таму за време на избувнувањето на ковид-19.