Tag Archives: Анастасија

Анастасија ја претставува Македонија пред светот на најубавиот можен начин (ВИДЕО)

Анастасија Анастасова со своето семејство живее во Хамбург, Германија. Но, Македонија живее во нејзиното срце.Loading…

Ова девојче, кое следниот месец ќе наполни 11 години, имаше прекрасна идеја, за чија реализација се вложи максимално и затоа со гордост може да каже дека успеа.

Нејзина мотивација се љубовта кон родната земја и убавините кои Македонија ги поседува. Не мислеше дека е доволно за тие убавини да знае само таа, па сакаше да ги сподели со светот.

https://youtu.be/qBPj51IJx-M?feature=shared

Бесценето е да ги погледнете македонските богатства низ детските очи бидејќи нема нешто поискрено од детските емоции. Токму тоа стана успехот на Анастасија.

Оваа Македонка има свој канал на Јутјуб, кој го води на два јазика – германски и македонски. За да допре до срцата на сите, видеата имаат и англиски превод.

Семејството е нејзина најголема поддршка, па тие заедно работат снимање и монтажа, вложуваат свои средства, но пред сè – многу љубов.

Скопје, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Кратово, Охрид се само дел од локациите каде Анастасија направи свои мини документарци. Пред снимање се подготвува со информации кои од срце им ги пренесува на сите што ја гледаат. Снима интервјуа со славни личности од Македонија, кои наидуваат на голем интерес од страна на публиката

https://youtu.be/_Ms9ztkcYrQ

Цел текст: https://kurir.mk/magazin/mladi-talenti/poglednete-gi-makedonskite-ubavini-niz-detskite-ochi-anastasija-ja-pretstavuva-makedonija-pred-svetot-na-najubaviot-mozhen-nachin-video/

Света Анастасија им доаѓа на помош на сите жени

Родена во Рим од благородни родители, а остана сираче кога имаше три години. Како сираче, ја одгледаа во еден женски манастир во близина на Рим, каде што игуманија беше некоја Софија, монахиња на висок степен на совршенство.

По седумнаесет години, Анастасија се прочу меѓу христијаните наоколу како голема подвижничка, а меѓу незнабошците како ретка убавица. Незнабожниот градоначалник Проб слушна за неа и испрати војници да ја доведат. Нејзината игуманија два часа ја советуваше како да ја држи верата, да им одолее на ласкавите измами и да ги истрпи маките. Анастасија ѝ рече: „Готово е срцето мое да пострада за Христа, готова е душата моја да умре за преслаткиот Исус“.

Изведена пред кнезот, Анастасија јавно ја исповеда својата вера во Господ Исус Христос. А кога кнезот ја одвраќаше од верата најпрво со ласкања, а потоа со закани, Светата маченичка му рече: „Подготвена сум да умрам за Господа не еднаш, туку ако е можно и стопати.“ Кога ја разголеа за да ја исмеат, таа им викаше на слугите: „Бијте ме и сечете ме и растргнете ме и покријте го со рани моето тело и скријте го со крв мојот срам!“ Ја биеја, растргнуваа и ја сечеа.

На двапати почувствува голема жед и побара вода. Ја напои еден христијанин Кирил, заради што маченичката го благослови, а незнабошците го убија. Ѝ ги отсекоа градите и јазикот. Ѝ се јавуваше Ангел Божји и ја крепеше. Најпосле ја убија со меч надвор од градот. Блажената игуманија Софија го најде нејзиното тело и чесно го погреба. Се овенча со маченички венец во времето на царот Декиј.

На овој ден кажете ја и оваа молитва за здравје и среќа:

„Твојата овца Исусе, Анастасија, со силен глас вика: „Невесто моја, те сакам и те барам, страдам, и јас се распнувам и се погребувам во Твојата слава.

И страдам заради тебе, да царувам со тебе, и јас умирам за Тебе, за да живеам со Тебе. Прими ме како чиста жртва, со љубов жртвувана за Тебе“. Преку нејзините молитви, како Милостива, спаси ги нашите души“.

Анастасија и Бетмен добија син

Пред два дена водителката Анастасија Богдановска објави фотографии од трудничкото стомаче проследена со емотивна порака за бебушот, а веќе денес нејзиниот сопруг Богдан Илиевски или Бетмен Велит објави дека станале родители по втор пат.

„Се роди синко. Пијте по една од мене“, напиша среќниот татко, споделувајќи ја убавата вест со своите пријатели на Фејсбук.

Светата великомаченичка Анастасија Узорешителница

 Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим, во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господа Исуса, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон.

Принудена од татко ѝ, стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести, никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот ѝ горчливо ја мачеше со затвор и глад. А уште поголеми маки ѝ наложи кога дозна дека таа тајно ги посетува христијанските маченици по затворите, им носи понадици, ги служи, им ги мие раните, им ги одврзува јажињата (заради што е наречена Узорешителница, односно онаа која ги одврзува јажињата). По Божја Промисла беше ослободена од свирепиот маж – царот го испрати Публиј во Персија, а тој патувајќи по морето потона. Тогаш светата Анастасија почна слободно да им служи на мачените христијани и своето големо наследство да го троши делејќи им милостина на сиромасите.

Еднаш, царот Диоклецијан беше во градот Аквилеја и нареди да му го доведат Христовиот исповедник Хрисогон. Него по патот го придружуваше света Анастасија. На заповед од царот, на светиот Хрисогон му ја отсекоа главата. Тогаш пострадаа и трите сестри Агапија, Хионија и Ирина (под 16 април): првите две беа фрлени во оган, а третата прострелана со стрела. Нивните тела ги зеде светата Анастасија, ги завитка во бело платно и откако ги обложи со многу аромати чесно ги погреба. Потоа отиде во Македонија и таму им помагаше на Христовите страдалници. Овде ја препознаа како христијанка, и заради тоа ја фатија и ја водеа на сослушување и мачење кај разни судии.

Сакајќи да умре за возљубениот Христос, Анастасија непрестајно во срцето ревнуваше кон Него. Еден началник на жреците Улпијан сакаше сладострасно да ја оскверни, но одеднаш ослепе и издивна. Осудена на смрт со глад, света Анастасија прележа во затворот триесет дена без храна, хранејќи се единствено со солзи и молитва.

Потоа ја ставија на кораб со уште неколкумина христијани за сите да ги потопат, но Бог ја сочува и од таа смрт. Најпосле ја положија над оган, да виси приврзана со рацете и нозете со четири јазли, па ја предаде својата света душа на Бога. Пострада и премина во Христовото Царство во 304 година.

Анастасија и Бетмен – „На Дениција и е исполнета желбата, ќе си добие батко“

Maкедонската водителка и новинарка Анастасија Деа Богданоска е бремена и по вторпат ќе се реализира во улогата на мајка.

Имено, Анастасија и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски – Бетмен откако пред година ипол ја добија ќеркат Дениција, повторно ќе станат родители. Среќните вести, Деа ги објави на својот „Инстаграм“ профил истакнувајќи дека нејзината ќерка ќе стане поголема дадичка.

-Дениција беше најумното бебе а сега веќе малечко девојче, па затоа желбата и’ е исполнета. Ќе си добие “бато”.Да бидам искрена на крај од 2020 кога сето ова со пандемијата беше ново, единствено нешто што си посакав беше да сме живи, здрави, на број или побројни.
И додека ја прележувавме короната дознавме дека повторно ќе станеме родители. А Дениција ќе стане голема дада. Нашето мало девојче – голема дада. И тоа најумна, најнежна и најгрижлива.
На сето ова, времето со втора бременост и 17 месечно девојченце лета како лудо.
Не знам веќе кој побрзо расте. Јас, Дениција или бебуш, напиша таа покрај објавата од ќеркичката која гледа во фотографија од ултразвук.

Инаку, кон крајот на јули претходната година Анастасија и Богдан добија ќерка за која го одбраа името Дениција.  Ова лето тие прославија прв роденден на ќеркичката, а истиот ден направија и свадбена прослава во кругот на блиското семејство и пријателите.

Бетмен и Анастасија го одиграа свадбениот танц, Дениција ја дувна роденденската свеќичка

Македонската новинарка, поранешна уредничка на Телевизија Алфа, Анастасија Богдановска, го кажа судбоносното ДА. Таа и нејзиниот ибраник, Богдан Илиевски, еден од водачите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Анастасија и Бетмен Велит свадбената веселба ја направија една година по раѓањето на нивната ќерка Дениција. Дениција на прославата која се одржа во Охрид ја дувна и првата роденденска свеќичка.

На прославата присуствуваа неговите пријатели од „За заедничка Македонија“, оперскиот пејач Игор Дурловски и актерот Владо Јовановски.

Анаcтаcија има раckошен глаc на 15 години, cлавеј во подем (Видео)

Има само 15 г а раскошен глас кој предвидува одлична кариера на македонската естрада…

Младата Анастасија ја изведува песната „СКОПСКА ЦРНА ГОРА“ од Анета од групата Молика.

Анастасија Митровска потекнува од с. Добрушево-Битолско.

БРАВО за младата Анастасија !

Слушнете ја на следниот линк:

Анастасија Ражнатовиќ ги изненади сите со трансформацијата!

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ редовно ги известува своите следбеници на социјлните мрежи за секој свој чекор. Таа објавила фотографија со која предизвикала големо внимание.
– За прв пат афро локни – напишала Ражнатовиќ во опис на фотографијата.
Под сликата се нижеле коментари…

– Лудило, – Прекрасно ти стои, – Нов фазон, никогаш подобар – се само некои од коментарите.
Да потсетиме, неодамна на Цеца наследничката прозборела за мажење, иако ретко зборува за приватниот живот.
– Би се омажила за мојот дечко Ѓорѓе, ние сме четири години заедно. Не би го запросила, не сум толку модерна. Сигурно би сакала да се потруди околу запросувањето, да биде романтично. Ќе се случи кога треба да се случи. Не брзам со тоа, не сум оптеретена. Кога тоа ќе се официјализира со брак, нема ништо да се промени“, рекла Анастасија