Tag Archives: АнастасијаРажнатовиќ

(Видеo) Со огномет Немања Гудељ ја побара за жена Анастасија Ражнатовиќ

Фудбалерот Немања Гудељ се сврши со пејачката Анастасија Ражнатовиќ. 

Тој приредил романтично изненадување. На подот ливчиња од роза кои го покажуваат патот до интимната вечера. 

Тие ангажирале танчери на оган за церемонијата, а украсите вклучувале балони и луксузни детали. Кога Анастасија ја прифати понудата за брак имаше и огномет.

Немања ја посвети победата на загубеното бебе, Анастасија Ражнатовиќ се расплака во публика (Фото)

Српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ неодамна имаше спонтан абортус во петтиот месец од бременоста, а тажната вест ја соопшти нејзиниот партнер, фудбалерот Немања Гудељ.

Иако двојката тагува за прерано загубената ќерка, животот мора да продолжи понатаму. Синоќа Гудељ играше во финалето на УЕФА Лига Европа, а неговиот клуб Севиља го победи клубот Рома и ја освои седмата титула во ова фудбалско натпреварување.

Ражнатовиќ го бодреше својот сакан од трибините, а со неа беше и возачот на Гудељ – Рашид. По крајот на натпреварот, возачот објави снимка на Инстаграм, на која може да се види како тие двајца расплакани ја прославуваат победата на ФК Севиља.

„По сè што се случи годинава, ова треба да биде вака. Господе, ти благодарам“, напиша возачот на Инстаграм.

Кратко потоа, Гудељ објави кратко видео од себе на Инстаграм, на кое напиша „За неа. За нив. За вас“.

Aнастасија Ражнатовиќ ја доживеа тажната судбина на мајка си: И Цеца го загубила бебето месец и пол пред свадбата

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ неодамна со јавноста ја споделиле веста дека наскоро ќе станат родители и дека пејачката чека девојче, но, за жал, бременоста е прекината.

Имено, славниот пар вчеравечер на социјалните мрежи соопштиле дека, за жал, го изгубиле бебето. Фудбалерот, Немања Гудељ на „Инстаграм“ напишал дека ова за нив е болен момент, но веруваат како нивната љубов ќе надмине сè низ што минуваат. „Со вас споделивме среќна вест и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Ви благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање затоа што не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине“, стои на објавата на познатиот фудбалер.

Анастасија го деактивирала својот профил на споменатата социјална мрежа и одлучила одредено време да се повлече од јавноста.

Инаку, само неколку месеци претходно, мајката на Анастасија во својот серијал „Ceca Show“ открила интимна приказна која јавноста до тој момент не ја знаела. Имено, и таа го загубила своето бебе непосредно пред венчавката.

„Јас и Жељко очекувавме бебе пред да се венчаме. Свадбата ја закажавме за февруари, а јас претходно останав бремена. Во меѓувреме, за жал, го изгубив моето бебе“, изјавила фолк ѕвездата. И покрај загубата, Цеца и нејзиниот сопруг не сакале да ја откажат венчавката. „Се договоривме да не го поместуваме датумот, па така судбоносното „да“ го кажавме кога и планиравме, на 19 февруари 1995 година.“

Да потсетиме, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ планирале да се венчаат летово, по 50 роденден на Цеца, а потоа следната година да организираат голема свадбена прослава во Белград. Дали новите околности ќе го променат планот, останува да видиме.

Љубов наша, едвај те чекаме: Бремената Анастасија го покажа стомакот

Анастасија Ражнатовиќ за неколку месеци ќе му роди ќерка на партнерот, фудбалерот Немања Гудељ, а следната година планираат интимна венчавка во Севиља, но и гала свадбена прослава.

Анастасија ќе се породи во Шпанија, а веќе некое време не се разделува со Гудељ и не доаѓа дома од Севиља.

Иако сакаа да го скријат тоа од сите, вчера медиумите ја обелоденија убавата вест и најавија засилување во семејствата Ражнатовиќ и Гудељ, а Анастасија конечно ја покажа фотографијата на која може да се види трудничкиот стомак.

Љубов наша, едвај те чекаме, напишала Анастасија, а на фотографијата може да се види како Гудељ со насмевка на лицето ја допира нежно по стомакот.

Ќерката на Цеца е бремена – Анастасија ќе стане мајка (Фото)

Ќерката на Цесa, како што дознаваме, е бремена во четвртиот месец, а парот неодамна го дознал полот на бебето.

Среќната вест дека чекаат девојче ја споделија само со најблиските пријатели и членовите на семејството.

Анастасија и Немања веќе го започнаа заедничкиот живот во Севиља каде уживаат во секојдневието. Пред три дена беа заедно на прослава, кога ги воодушевија сите со својот стајлинг.

Ражнатовиќ блесна во црвен фустан, со огромен цвет во косата и црвена роза на усните, а многумина потсети на вистинска Шпанка. Од друга страна, фудбалерот носеше свечено одело, но имаше шал на главата.

Иако се обиде да го сокрие тоа, стомакот веќе и се гледа на фотографии и видеа од забавата.

Тесниот фустан ги истакна нејзините атрибути, а како изгледа младата пејачка во четвртиот месец од бременоста погледнете во галеријата подолу.

Анастасија за навредите поради Аркан: „Горда сум што сум негова ќерка и засекогаш ќе го сакам“

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ гостуваше во емисијата „Преживели “ кај Милан Калениќ каде зборуваше за своето семејство.

Таа откри како се бори за навредите на сметка за нејзините родители.

-Мене не ми е јасно кога некој ќе ми напише навреди на сметка на моето семејство, мојот татко, како бил ваков, онаков и сакаат да ме повредат со тоа. Јас не гледам на тоа така, започна Анастасија.

-Некој да ми направил нешто, никогаш не би очекувала од некој да се откаже од својот татко, па макар и да е најлошиот татко на светот, а мојот не беше. Јас сум горда што сум негово дете и што толку ја сакаше и бранеше нашата држава и засекогаш ќе бидам горда и ќе го сакам, изјави таа.

Анастасија истакна дека кога имала 12 години во училиште направила конфликт поради Цеца.

-Се сеќавам на училишните денови кога мајка ми беше дома со „наногица“. Имав 12 години и се правев потполно луда. Како ништо да не се случува, а сите весници пишуваа за тоа. Мајка ми беше на сите насловни страници. Се пишуваше што ќе биде, што нема да биде. Дека ќе ни ја земат куќата, ќе ни го земат старателството…Имав среќа што во училиште немаше злонамерни деца кои не ме прозиваа. Всушност, имаше едно девојче“, се потсети Анастасија.

-Тогаш првпат се тепав во училиште бидејќи ја навреди мајка ми. Нешто кажа за „наногица“. Иако сум мирна, кога станува збор за семејството и кога се случуваше таков хаос, ме преплови бесот. Кога некој ќе ти удари по мајка ти, а ти само неа ја имаш…вели таа.

Анастасија дека тогаш и „паднал мрак“ на очи.

-Таа во петок ми напиша на Фејсбук, јас во понеделник ја најдов во училиште и ја удрив, се степавме. Сите беа изненадени бидејќи јас бев дете кое не прави проблеми. Набргу по овој инцидент, мама одлучи да не однесе на Кипар, изјави Анастасија на К1 телевизија.

Цеца не штеди, за роденденот на ќерка и дала 20 000 евра!

Анастасија Ражнатовиќ вчера го прослави 23 роденден, со спектакуларна журка за која мама искеширала 20 000 евра, пишуваат српските медиуми.

Прославата воедно била и подарок од мама, а дека таа не штедела се гледа по ресторанот во кој се случило славењето и целата организација. Цеца сакала прославата да биде посебна, а вечерта незаборавна особено затоа што минатата година заради пандемијата со корона вирусот останала без журка.

Единствената обврска на Анастасија била да го направи списокот на гости и луѓе кои сака да ги види на овој ден, а се друго паднало на Цеца.

(ФОТО) Анастасија Ражнатовиќ позираше во танга од Мексико и ги полуде фановите

Младата музичка sвезда Анастасија Ражнатовиќ моментално е во Мексико, каде ужива на одмор со своите пријатели.

Со секојдневни фотографии кои таа ги објавува на социјалните мрежи покажува во каков рај се наоѓа, а не избегнува да ја прикаже и својата одлична фигура.

На последната фотографија таа позираше потпрена на дрво додека седеше во песок во неколку различни пози.

„Божица“, „Не си реална“, „Згодна“ … се само некои од коментарите под нејзиниот пост.