Tag Archives: Англија

Овој Прилепчанец ја погодил Македонија-Англија и си лапна добра паричка (Фото)

Не сите беа незадоволни поради рекордниот пораз на македонската фудбалска репрезентација од 7:0, на гостувањето на “Олд Трафорд” во Англија.

Особено овој прилепчанец, кој си уплатил илјадарче на точен резултат и коефициент 51, па си заработи одлична добика од 43.500денари во “Спорт Лајф” – објави “Спорт Манија”

Aлал вера мајсторе и создравје да си ги трошиш!

Најмладиот член на Менса – Теди може да брои до 100 на шест странски јазици, почнал да чита на 2 години

Мало дете од градот Портисхед, југозападна Англија, кое научило да чита на свои две години, е најмладиот член на Менса во Велика Британија.

Сега четиригодишниот Теди, исто така, може да брои до 100 на шест странски јазици, вклучувајќи го и мандаринскиот. Мајката на момчето, Бет Хобс вели дека тој научил да чита на само 26 месеци „гледајќи детски канали и повторувајќи ги буквите“ што ги гледал на екранот.

– Почна да ги следи зборовите на екранот, а кога тргна в градинка по укинувањето на Ковид-мерките, им кажавме на наставниците дека веруваме дека научил да чита. Наскоро ни се јавија на телефон и потврдија дека тој знае да чита!, вели таа.

Тоа било само почетокот на воодушевувањето кај родителите на Теди.

– Потоа, тој свиреше на таблетот, испушташе некои звуци кои едноставно не ги препознавав, па го прашав што е тоа, а тој ми вели: „Мамо, бројам на мандарински“, раскажува Хобс.

Неговите родители велат дека, сепак, сакаат Теди да има вистинско детство.

– Тој почнува да сфаќа дека неговите другарчиња сè уште не знаат да читаат и не разбира зошто. Нам ни е многу важно тој „да не лета во облаци“. Треба да разбере дека има некои вештини, но и дека некое друго дете, на пример, може да трча побрзо од него – секој има одредена дарба, вели Хобс.

Менса го признава членството врз основа на тест за интелигенција, каде што се потребни најмалку 98 отсто точни одговори на стандарден тест. Теди е примен во тоа здружение кога имал три години и сега тој е најмладиот член на тоа „високоинтелектуално друштво“ со седиште во Обединетото Кралство.

Далеку сме од евтина држава – Во Англија литар млеко е 33 денари, 25 денари е кило леб

Граѓани на Твитер ги коментираат цените на основните продукти во Македонија и дело од земјите во Европа, па според фотографиите и коментарите излегува дека за некои производи во Македонија граѓанитѕе ги плаќаат и поскапо од граѓаните на некои земји на ЕУ како Англија и Германија.

Според фотографиите едно литро млеко во Англија може да се најде за 46.9 пени или скоро пола фунта за едно литро. Додека пак едно кило леб може да се најде за 36 пени или третина фунта.

Цените во Германија 

Репортер на Дојче Веле во вторникот посетил маркет на Лидл во Бон, за да споредиме каква е цената на дел од основните производи во Германија- каде нема замрзнување на цените- и Македонија каде тоа се практикува од минатата недела.


Така на пример, сончогледово масло во овој дисконт во Германија чини 1,39 евра. Истото во Македонија ќе го најдете од 89 денари- близу 1,5 евра- па нагоре.

Пченичното брашно во Бон можете да го купите за 45 центи, во Македонија за 40 денари или околу 20 евроценти поскапо.

Кристален шеќер во Лидл чини 79 центи, во македонските дисконти може да се најде поевтино- за 40 денари.

Млекото со 3,5 отсто масленост во Македонија ќе ве чини најмалку 50 денари, во Германија може да се најде за 80 центи.

Ако купувате месо, во Македонија ќе минете нешто поевтино- за килограм свинско ќе платите околу 350 денари, додека во Германија 6,99 евра.


Севкупно гледано, цените на производите се слични, со таа разлика што стандардот на граѓаните во Германија е далеку повисок- барем седумпати од македонскиот. 

Според податоците за 2019 година на Еуростат во извештајот од 2020 година Македонија има најефтина храна и пијалоци во Европа.

Статистиката на Еуростат покажуваше дека во Македонија граѓаните купуваат најевтина храна, безалкохолни пијалоци (кафе, чај, минерална вода, овошни сокови и др.) и тутун од сите 37 држави на европскиот континент.


Анализата на Еуростат, со податоци од 2019 година, тогаш ја смести Македонија на дното во Европа според трошоците за основните потрошувачки производи, или обратно, на врвот како најевтина. 

Се прашуваме дали по споредбиве состојбата не е променета ако се земе фактот дека просечната плата во Европската унија e 2000 евра во споредба со нашите плати кои официјално се 470 евра или во септември 2021 во нето вредност по вработен е 28 869 денари.