Tag Archives: АнтониаГиговска

Слушнете ја „Атлантида“ на Антониа Гиговска (Видео)

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска, денеска го промовираше своето ново музичко парче, насловено „Атлантида“.

И овојпат музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветковски, а за текстот е заслужен раперот Тајзи.

– Драги мои, Атлантида – изгубениот град под вода, беше одлична метафора да се пее за она кое што сите го доживуваме во одреден период од животот. Дали некогаш сте биле во ситуација да се трудите многу околу некоја личност, но на крајот да се изгубите себеси? Или да сакате некоја личност која на крајот не возвратила на вашата љубов, па сте продолжиле понатаму многу посилни? Не дозволувајте да потонете, порачува Гиговска.

Антониа е неодлива во спотот за „Атлантида“, кој е под режиска палка на Томислав Живковиќ. Во видео спотот ќе уживате во кадрите снимени во Грција, Скопје и Галичник.

Гиговска ја отпеја „Поноч“ од филмот Тома, па побара оценка од кафанџиите :)(Видео)

Филмот „Тома“ е импресионистички портрет на Тома Здравковиќ, кој ги прикажува неговите почетоци, како и врвот на славата, неговите љубови што го инспирирале за компонирање на некои од најголемите хитови, односот со голем број пријатели од уметничкиот свет на тогашна Југославија.

Македонската пејачка  Антониа Гиговска на својот „Инстаграм“ објави видео на кое го пее делот на Силвана односно Сузана и побара оценување.

-Уште ми е еден од најубавите филмови. Мераклии на кафана сакам оценка во коментар“, напиша таа.

Гиговска фасцинира: На ТВ Пинк и го „украде шоуто“ на Јована (ФОТО+ВИДЕО)

Македонската пејачка Антониа Гиговска полека тргна да ја освојува сцената и преку граница. Таа деновиве беше гостинка на неколку од најгледаните телевизии во соседна Србија, каде Антониа ги фасцинираше и домаќините и гледачите во секој поглед. Од својот стајлинг, преку пеењето, однесувањето, па се до својот изглед.

Едноставно македонската пејачка ги плени и остави без зборови своите домаќини и на ТВ Пинк и на националната РТС, каде гостуваше во нивната утринска програма  и емисијата „Шареница“.

Не дека ним таа не им е позната од порано, зашто ако се сеќевате Антониа растури уште во „Пинковите ѕвезди(чки)“, па се појави и на доделувањето на „МАЦ наградите“, но овој пат многу позрела и послободна и попуштена, едноставно доминираше во програмата.

На нејзиното пеење во живо, во анплагд изведба, само со акустична гитара и вокал, не остана рамнодушна ниту познатата водителка на утринската програма на ТВ Пинк, Јована Јеремиќ. Кога нашата пејачка ја запеа песната од Тоше, „Чувај ја од зло“ на српски, водителката не можеше да остане мирна, зашто интерпретацијата и ја погоди емоцијата, па Јована заедно со Антониа запеа, ама и заигра во водителската столица.

Впрочем пееше целото студио, сосе сите гости во него, кои не можеа да одолеат на вокалната експресија вткаена во изведбата на Антониа, која тоа утро  „и го украде шоуто“ на Јована.  Се разбира водителката немаше ништо против, па таа како и сите останати бше воодушевена и фасцинирана од нашата млада пејачка, а двете русокоси – Антониа и Јована на крајот од емисијата завршија гушнати, во заедничко селфи.

Ништо поразлично не беше и при гостиувањето на Антони Гиговска во емисијата „Шареница“ на националната РТС.  Само таму во поинаков стајлинг, со поинаков изглед и многу понагласен сексапил. Фустанче во пастелна боја над колена со длабоко деколте кое на појавата на пејачката и додава силен еротски набој.

Видео:

Антониа Гиговска со нов хит (Видео)

Најновото музичко остварување на младата пејачка Антониа Гиговска е песната „Магнет“ која ја промовираше на своите социјални мрежи.

Слушнете ја и проценете дали е ова новиот хит на Гиговска:

ФОТО: Македонската пејачка драстично ослабе – го покажа виткото тело во бикини

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска одлучи да го доведе своето тело до совршенство и успеа во тоа.

Таа на социјалните мрежи сподели дека со режим на исхрана успеала да ослабе повеќе од 16 килограми.

Пејачката замина на одмор во Анталија од каде објави и фотографии во бикини и ја покажа витката става, и изгледа одлично: