Tag Archives: апел

Младата мајка ТАМАРА се бори да ги задржи овците, пари не бара само материјали за градба на дом за 360 ОВЦИ (Фото)

До редакцијата на Агротим пристигнаа фотографии од стадо овци, млада мајка, сирење во канти и празна површина на која може да се изгради ново бачило. Пораката била испратена од Тамара Трајковска од Пробиштип, село Турско Рудари.

Јас сум во многу тешка ситуација. Имаме 360 овци кои ги чуваме под кирија во село Рајчани. Шталата не е наша, ја користевме со плаќање на минимална кирија. Сега велат дека не може повеќе да ги чуваме овците таму и не знам што да правам. Немам намера да ги продадаме, единствено ако морам, а тоа не сакам. Сакам да ги чуваме и затоа барам некако да ми се помогне, да направам штала, ама немам средства. Било како да ми се помогне, не сакам пари, можеби материјали за градба или некој кредит да извадам“!

Секако дека сакаме да помогнеме и затоа ја објавуваме нивната ситуација со цел да изнајдеме решение за проблемот кој го има ова младо семејство кое се одлучило во животот да егзистира од најтешката земјоделска гранка, сточарство.

https://agrotim.mk/wp-content/uploads/2021/09/video-1631561786.mp4

-Од 50 овци, за шест години ги подигнавме на 360 грла, постојано вложуваме во нив. Јас правам и сирење се со цел да ги зголемиме приходите. Имаме наша земја каде може да изградиме штала но немаме средства. Ве молам не дозволувајте да ги продадеме овците – апелира Тамара.

Се надевам дека во државата има агробизнисмени и компании кои се општествено одговорни и со тоа ќе бидат дел од оваа приказна со среќен крај, а продолжување на земјоделска приказна на Тамара.

И во Кучково ПОЖАР- Без капка вода сме, ако огнот се прошири, ЌЕ ИЗГОРИМЕ ЖИВИ❗⚠️

„Без капка вода сме, ако огнот се прошири, ќе изгориме живи“, пишува во мејлот упатен до медиумите, во кој се нагласува дека токму затоа постојано апелирале да се реши проблемот со водата во селото.

Предупредуваат дека повеќето од жителите се стари лица и дека ако се случи најлошото, дека тешко дека куќите и имотот ќе може да се спасат.

Жители на скопско Кучково преку мејл до МКД.мк апелираат за помош. Велат дека пожар се шири и навлегува во селото, а дека од Општината никој не им се јавува. Од Противпожарната единица ни одговорија дека е испратено едно возило, а се прават напори за да се прати уште едно противпожарно возило. За состојбата велат не знаат каква е во моментот на ова место.

Станка од Скопје бара помош: Кога веќе државата не сака да ми помогне, нека дозволи луѓето да ми помогнат

42- годишната Станка Димова е сопруга и мајка, детството го поминува со неколку преселувања, поради разединувањето на нејзините родители.

– Еден ден се беше затнала кадата, и отидов до маркет купив солна киселина и отидов да става за да ја одзатнам, отидов и ставив.

– Почувстував голема бол ка во главата и тоа е последно што се сеќавам, а потао се разбудив во болничкиот кревет со изгореници.

– 70 проценти од телото ми беше изгорено, Бог сакал да преживеам, никогаш не би ни помислила да посегнам по својот живот, вели во солзи Станка.

– Сум имала проблеми и претходно, но сега, навистина тешко, да те гледа ќерката како се храниш преку цевка е неописливо и многу жално.

– Синот цело време ме прашува мамо кога ќе ти го тргнат тоа, кога ќе ти биде потребно, сето тоа не е за пред очи на детето да се гледа.

– Долгов време бев во болница некаде околу 2 месеци, во сите можни установи, а откако ми ја ставија цевката, килажата нагло ми падна.

– Многу е тажно кога си го храниш детето и да неможеш да го пробаш тоа што му го даваш, бидејќи изгорениците се до грлото.

– Си го хранам детето и си плакам, поголем грев од тоа нема, му ставам на маса и се тргам да не гледам, за да не плачам пред него, вели оваа храбра мајка.

– И храната што ја внесувам не смее да биде зачинета или со некоја силна арома, односно мора да биде лесна храна, бидејќи сонтата е поврзана со тенкото црево и оди директно.

– Неможам да стојам многу долго, морам да лежам, цело време во овој кревет сум, се случувало и по еден месец да не сум се бањала.

– Многу ми е тешко да отидам до бањата и мора да одлепувам многу и да внимавам многу, а пак хранењето е исто така исцрпувачко, морам по малку.

– Има можност со која животот би ми се променил а тоа е операција во Белград која е специјализирана за вакви случаеви.

– Но нашите овде немаат слух за мене, ме игнорираат, хуманитарната организација ,,Љубезност,, прати допис до болницата а тие кажаа дека од 17 до 19 илјади евра е само зафатот.

– Голема желба ми е да ми дозволат да отворам трансакциска донаторска сметка, каде не ми помагааат, каде не ми даваат ниту да отворам сметка, со која можеби некој друг би ми помогнал.

– Се надевам сеуште има добри луѓе во земјата, со чија помош би отишла на операција и би била поддржка за синот и да го исраснам.

Целиот текст за несреќната животна сторија на Станка на Кластер.мк

Семејството на Емилија Динева, првата дарителка на срце е во тешка финансиска состојба

Се слушаме речиси секојдневно, наскоро го очекуваме Иван во посета кај нас. Вака ни раскажа 19 годишниот Влатко Динев, син на Емилија Динева, првата дарителка на срце во државата за нивната врска со семејството на Иван Огненовски, човекот кому му беше пресадено нејзиното срце, објавува телевизија Телма.

Изминатите единаесет месеци двете семејства се зближија. Големата загуба, а потоа неописливиот чин на хуманост и надеж, создадоа силна врска помеѓу двете семејства.

Одлуката да се даруват органите на Емилија за Диневи била многу тешка, иако знаеле дека е правилна. Влатко вели дека надежта дел од неа да остане да живее била пресудна да се согласат.

Влатко е се уште средношколец, но работи и во општината со договор на дело. Тешката финансиска ситуација по несреќата во која се нашле Диневи, ги принудило и синот да бара работа. Општината понудила момчето да го ангажира, а ги контактирале и од министерството за здравство.

Во близина на домот на Емилија, се подготвува терен за изградба на парк со игралиште. Покренувач на идејата е градоначалникот Анго Ангов, кој им е сосед. Целиот зафат ќе го финансираат соседите, со сопствени средства и донации.

Општина Дојран вели дека се планира и поставување на спомен плоча во чест на Емилија Динева во паркот, но и една во централниот дел на Стар Дојран.

На малата Ребека и треба нашата помош, да помогнеме хумани!

Апел за помош за малата Ребека, која е со церебрална парализа и на која и се потребни матични клетки и лекување во Турција.

143126 Телеком број за донации
143463 A1 број за донации

Можете да донирате и електронски преку:

https://www.gofundme.com/f/rebeka-needs-your-support
https://www.paypal.com/paypalme/HelpRebeka

Нашите 100 денари за Кристијан значат живот на нозе

Вашите 100 денари за Кристијан значат живот на нозе. На овој мал херој сме му потребни!

Апелот на неговата мајка го пренесуваме во целост:

Кога очекувавме дека дојде крајот на маките на Кристијан, после сите поминати операции, третмани, голготи… кога очекувавме дека Кристијан ќе биде подобро, се случи тоа што воопшто не го очекувавме!

Кристијан падна и го скрши колкот. Поради неговата состојба (аутизам и епилепсија) во Македонија не се нафаќаат на операција и истата треба да ја чекаме уште 4 години, бидејќи Кристијан сега е дете и овие операции не се праваат на деца.

Покрај овие состојби Кристијан има и остеопороза што дополнително пречи колкот да зарасне. Секој ден Кристијан пие терапија против болки кои се неиздржливи, неможе да се движи, врзан е за количка. Никој не ни гарантира дека Кристијан после 4 години ќе го оперираат и дека ќе може да застане на нозе.

Барајќи го спасот секаде, не можејќи да дозволиме ваква неизвесност и вака да го оставиме Кристијан, најдовме болница во Турција која се нафати да го оперира по Judet Meyers метода за да може Кристијан да оди и да застане на нозе.

Операцијата чини 10.000 евра кои ние ги немаме ниту пак можеме некако да ги обезбедиме без ваша поддршка.

Ние како родители ве замолуваме да ни помогнете да ја поминеме и оваа голгота и да ги собереме потребните парични средства за да може нашиот син да застане на нозе.

Отврени се донациски броеви

143 125  Телеком

143 464  А1

Вашите 100 денари за Кристијан значат живот на нозе.

Уплати на жиро сметка

210-7000006478-05 NLB банка

IBAN CODE MK 07210501699259629

SWIFT TUTNMK22

NLB BANKA AD SKOPJE

Молба за помош за малиот Марко кој има тумор на мозокот

Малиот Марко Шептков има шест години и во овој момент има потреба од голема помош посебно од хуманите граѓани.

Ова мало момче кое го гледате на фотографиите има тумор на мозокот и треба да се оперира и лекува во болницата Аџибадем во Турција.

Бијдеќи, оваа тешка битка Марко нема сила да ја истера сам, неговото семејство бара финансиска помош од сите хумани граѓани. Сумата која им е потребна е 56.570 евра кои неговото семејство не може да ги обезбеди.

Доколку имате можност донирајте па заедно да му помогнеме да му се радува на животот уште долго.

ВЕ МОЛИМЕ донирајте на следната сметка:

Хуманитарна сметка: 300001000026677

Комерцијална банка А.Д. Скопје

Марко Шпетков – донации

Девизна сметка: MK 07300307050978133

SWIFT: KOBSMK2X Komercijalna banka AD Skopje

Емилија Богеска Шпеткова, цел на дознака: донации за Марко Шпетков