Tag Archives: армија

Вучиќ ја подигна БОРБЕНАТА ГОТОВНОСТ НА АРМИЈАТА

Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, наредил вооружените сили на Србија и сите единици на министерството за внатрешни работи да бидат во највисок степен на борбена готовност.

„Претседателот на Србија како врховен командант вечерва нареди српските вооружени сили да бидат на највисоко ниво на борбена готовност, односно подготвеност на ниво на употреба на вооружена сила, односно вооружен потенцијал на српските вооружени сили. “, изјави за Танјуг министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ.

Се очекува обраќањето на претседателот Вучиќ и другите надлежни државни органи.

– Нашата армија е целосно подготвена за дејствување! Ќе го браниме народот ако нападнат терористите од Приштина, нема враќање! – вели соговорникот на Информер од Претседателството на Србија.

Ова е првпат да се подига борбената готовност на министерството за внатрешни работи и на вооружените сили Србија од почетокот на тензиите, а со одлуката командата на единицата на српското МВР се префрла на Генералштабот.

Исто така, ова е највисоко ниво на борбена готовност од 1999 година, што е важно да се истакне.

Од дневникот на еден полковник: Припадниците на АРМ оставија траен белег во историјата

Езерото мирно го заплиснуваше брегот на преубавата Струга. Месноста Калишта е на неколку километри од центарот на градот, но е вистински епицентар на убавината. Во овој сончев, езерското синило мируваше пред нашите очи. Патот врви долж езерото и ни открива прекрасни струшки пејсажи. Можеме да замислиме како е овде кога ќе „пукне“ пролет или кога е лето. Природата ја дарувала Струга, неизмерно.

Целта на нашата посета на Струга беше да се сретнеме со господинот Стефан Лазарески, пензиониран полковник на АРМ. Сакавме тој да ни раскаже каков беше предизвикот во раните деведесетти години на минатиот век да се почне сè од почеток и да се гради и да се изгради армија која денес е гордост на нашата држава и институција во која граѓаните на Република Македонија имаат најмногу доверба.

Нашите домаќини нè очекуваа. Куќата ја изградиле на преубава локација, со прекрасен поглед кон езерската шир. На прагот нè пречекаа срдечни, многу љубезни луѓе, куќата домаќинска, отворена за добронамерници. Домот убаво среден, во духот на амбиентална Струга, а многубројните книги, енциклопедии, алманаси, дневен печат и фотоалбуми, укажуваа на тоа дека ова е дом на интелектуалци кои сè уште се образуваат и се информираат за современите настани.

Полковникот Стефан Лазарески исправено гази кон осмата деценија од својот живот. Сè уште стамен и исправен, со прецизна мисла и издржана анализа, овој поранешен висок офицер на АРМ успешно им пркоси на годините. Сопругата на полковникот Стефче, Катерина Лазареска, е родена Хрватка од градот Чаковец. Весела и темпераментна жена чија харизма плени. Некогаш вработена во структури на МВР, оваа македонска снаа одлично го говори нашиот јазик и држи лекции за патриотизам.

„Целиот свој работен век бев војник. Не знам за друга професија. Најубавиот период од мојот живот беше службата во АРМ“, го започнува разговорот полковникот Стефан Лазаревски. Воената академија ја завршив во Белград во 1966 година. Првото вработување ми беше во Марибор, Република Словенија. Таму ја запознав Катерина, која беше наставничка. Само што дојдов во Марибор, веднаш поднесов молба за прекоманда во Македонија. Во Струга ми беа родителите и сестрите. Сакав да бидам поблиску за да можам да им помагам.

Условот кој ми беше поставен за да добијам прекоманда беше мојата единица да биде најдобра во гарнизонот. И, успеав во тоа. Ми беше понудено да заминам прво како наставник на Воената академија во Сараево, зашто во Македонија немаше побарување од мојата струка. Копнежот по родната Македонија не стивна ни во Сараево. Повторно барав прекоманда и повторно ме условија, ако имам најдобра група питомци ќе може да заминам за Македонија, така ми ветуваше командантот. Мојата група беше најдобра. И така, по три години поминати во Сараево, добив прекоманда за Битола. Заради високите оценки бев препорачан во Разузнавачкиот центар во Скопје, каде работев само една година, а потоа началникот ме предложи да му бидам аѓутант на генералот Васко Карангелески, командантот на Третата воена област. Пет години му бев аѓутант на генералот, а потоа заминав на постдипломски студии во Белград. По враќањето од Белград ме поставија за командант на Воената полиција. Подоцна сменив повеќе должности. Бев во разузнавачката служба, бев началник на бригада, началник на Центарот за обука на РМ, командант на Обласниот штаб во Тетово“, ни раскажува за својот животен пат полковникот Стефан Лазарески

Разговорот го водиме во насока да ни раскаже подетално за периодот веднаш по осамостојувањето на Република Македонија и за формирањето на првите единици на АРМ.

„Во периодот на осамостојувањето на РМ се затекнав на местото помошник на началникот на Штабот за разузнувачки работи на ТО на РМ. На многу од нас, тогашни старешини од ЈНА, ни беше понудено да се дислоцираме во Србија. Одбив. Реков дека секоја птица си лета кон сопственото јато и дека останувам во АРМ. Се вратив во РШТО. Тој период беше многу тежок и деликатен со оглед на случувањата. Поранешната југословенска армија требаше да ја напушти нашата држава. Се одвиваа преговори на највисоко ниво. Многу одговорност и големи обврски презедовме во тој период. Како што реков и претходно, јас својата иднина ја гледав единствено во Армијата на Република Македонија. Работевме многу. Почетоците беа тешки. Понекогаш талкавме во изборот на моделите, но се корегиравме, создававме единици, се трансформиравме постојано, во од, како што се вели“, ни појаснува Стевче.

Најинтересна ни е приказната за создавањето на првата единица за почести на Армијата на Република Македонија.

Полковникот ни појаснува дека на почетокот на месец март 1992 година добил наредба да се формира почесна единица за пречек на тогашниот претседател на Р. Словенија – Милан Кучан.

„Армијата сè уште не беше пополнета, немавме оружје, опрема, униформи… ЈНА однесе сè. Значи требаше да се најдат војници, оружје, сабја за свечен дочек, ја почнува приказната господинот Стевче. Отидов во тогашните фабрики ‘11 Октомври’ и ‘Железара’. Ми беа потребни околу 600 – 700 луѓе кои беа припадници на ТО на РМ. За неполни 10 дена требаше од овие работници да направам елитна гардиска единица. Секој ден неуморно вежбавме, став, движење, команди… За прв пат требаше да се покаже јавно дека постои АРМ, а јас да рапортирам како командант на елитна единица за почести. Одговорноста беше огромна. Ми беше неопходна сабја. Знаев дека сабја за свечен дочек постоеше во касарната ‘Илинден’. Отидовме таму, но и таа беше однесена. Побаравме помош од колекционерот Блашко Димов и некако успеавме да ја обезбедиме. На генералната проба беше присутен и претседателот Глигоров придружуван од генералот Томислав Трајчевски. Делегацијата од Република Словенија пристигна на 17 март 1992 и беше пречекана и подоцна испратена со највисоки протоколарни почести. Тој датум е забележан во аналите на историјата на Република Македонија како датум кога за првпат при пречек на странска делегација била интонирана македонската химна ‘Денес над Македонија се раѓа’ , за прв пат при пречек на висок гостин била построена почесна единица на Армијата на Република Македонија, било свечено развиорено македонското знаме, а јас бев првиот македонски офицер, командант на почесната единица, кој на македонски јазик му рапортираше на претседател на странска држава“, со видливи емоции ни ги раскажуваше деталите од овој настан полковникот Лазарески.

Разговорот продолжува, на приказните им нема крај. Полковникот Стефан Лазарески е сведок на уште многу важни моменти од развојот на АРМ. Бил шеф на военото разузнавање, командант на полициските и извидувачките единици. Кажува дека кога се формирани специјалните единици на АРМ официјално на 1 март 1994 година, кадровска база за нивно пополнување биле извидувачите и воените полицајци од регрутниот состав на АРМ со кои тој раководел. Колку само картони, војнички книшки, квалификации биле прелистани додека да се изберат најдобрите.

Полковник Стефан Лазаревски бил и професор на тогашниот Факултет за одбрана. Ги држел предметите „Основи на воени вештини“ и „Командно-штабна воена служба“. Подоцна станал и професор на постдипломски студии на Воената академија.

Полковникот Лазарески бил мошне активен и во цивилниот сектор. Бил претседател на СОФК- а на Скопје, активен спортист, а како офицер – љубител на спортот ги водел кошаркарите на МЗТ на службени патувања во Варшава, Полска. Како помлад, во редовите на некогашната армија бил шампион во дисциплината вишебој, најдобар од сите.

Полковник Стефан Лазарески е горд стружанец. Тој е семеен човек кој со својата сопруга и животна сопатничка Кате израснале две деца-врвни интелектуалци од кои имаат внуци на кои се посебно горди.

Во овој дом одлично се пеат староградските македонски народни песни со благ хрватски акцент. Имаат преубава куќа и вешто аранжиран двор со цветни аранжмани покрај езерото во преубавата Струга, во делот познат како Калишта.

„Денес кога ги гледам припадниците на АРМ, новата формација која е по сите стандарди на НАТО-земјите, особено кога слушам за успесите на припадниците на пСО, навистина сум горд што сум бил дел од оваа армија“, ни изјавува со цел глас полковникот на крајот од нашата посета.

Биографијата на полковникот Стефан Лазарески не може да се напише на две страници. Но, затоа ни се остава можност и за повторна посета и дружење со овој навистина посебен човек.

Овој напис имаше една основна цел, да ги потсетиме читателите на некогашните припадници на АРМ кои несомнено имаат за што да раскажуваат и кои оставиле свој траен белег во историјата на нашата армија.

Пред да тргнеме кон Скопје, полковникот ни рече: „ Поздравете ми ги , тој, тој, тој, тој и тој“. Еминентни луѓе кои откако го примија поздравот, со пиетет и почит срдечно му отпоздравија на Стефан Лазарески, пензионираниот полковник на Армијата на Република Македонија.

Автор на текстот: Р.Ш. – списание за одбрана Штит

ЧЕСТИТ ДЕН: Триесет години Армија на Република Македонија

Четворица активни генерали, голем број офицери и подофицери како и илјадници регрути во 1992 година ја започнаа реализацијата на најголемата патриотска должност за обезбедување мир и стабилност на граѓаните на Република Македонија, кои само неколку месеци претходно на референдум се изјаснија за самостојна и независна држава со одвојување од долгогодипшното заедничко уредување со Југославија и тогашната ЈНА.

Клучната улога во обезбедувањето на територијата на државата, по заминувањето на војската на Југославија, ја имала добро организираната Територијална одбрана која прва ги превзема испразнетите касарни, а веднаш потоа и целосно, во рок од 10 дена ги обезбедува границите, односно ги превзема караулите. Со договорот потпишан на 21 февруари 1992 година, помеѓу гeнералот на ЈНА, Благоја Аџиќ, и претседателот, Киро Глигоров, беше определен и крајниот рок 15 април 1992 година за повлекување на ЈНА од државата.

На 11 март 1992 година, единиците на Територијалната одбрана на Крива Паланка ја презедоа првата караула „Рамна Нива”. Истиот ден, на свечен начин беа преземени и соседните караули „Деве Баир” и „Коприва” на македонско-бугарската граница во близина на Крива Паланка. Набргу потоа беа преземени сите караули на македонската граница, односно на 21 март е предадена и последната македонска карула „Јован Вукотиќ” во близина на преминот Меџитлија.

Претседателот Глигоров и генералот на ЈНА, Никола Узелац, на 27 март 1992 година, во Собранието на Република Македонија го потпишаа завршниот акт од Договорот за повлекувањето на единиците на ЈНА од Македонија. Со тоа целосно било спроведено одбранбеното одвојување од ЈНА и од СФРЈ и осамостојување. Со превземањето на последната караула била воспоставена целокупната организација, чување и обезбедување на границата и територијалниот интегритет и суверенитет со војници и старешини од единиците на територијалната одбрана кои таа должност ја вршеа во првите неколку месеци сè до пристигнувањето на првиот редовен регрутен контингент на АРМ.

Согласно тогашниот „Закон за одбрана”, чл. 3, од 14 февруари 1992 година, воената обврска на граѓаните е општа и на воената обврска подлежат сите граѓани на Република Македонија од машки пол на возраст од 17 до 55 години живот. За само 17 дена, со огромен ентузијазам и ангажирање на старешините и на граѓанските лица, касарните во Скопје „Маршал Тито”, во Битола „Стив Наумов”, во Штип „4 јули” и во Охрид „Михајло Апостолски” биле подготвени да ги примат првите македонски регрути. Првиот регрут на Армијата, Панче Јамандиев од Велес, роден 1970 година, пристигнал во гарнизонот во Охрид на 14 април 1992 година. Регрутите главно, биле младинци родени во 1973 година, кои во септември истата година требало да заминат во составот на тогашна ЈНА, а со одлука на Владата биле повикани да служат во редовите на АРМ.

Според податоците на АРМ до кои дојде МИА, програмата за обука на македонските регрути опфаќала две и пол месечна обука, а потоа најголем дел од нив биле упатени да ги пополнат граничните единици, додека помал дел од нив се подготвувале за пополнување на единиците на воената полиција и за вршење на останатите служби и должности.

По извршените обуките, на 9 мај 1992 година во Скопје во тогашната касарна „Маршал Тито” сега „Илинден“, во Битола „Стив Наумов” на 10 мај, во Штип „4 јули” на 16 мај и во Охрид на 17 мај, првите македонски регрути дадоа свечена обврска и отпочнаа со своите активности.

Денеска Армијата одбележува 30 години од формирањето од како со одлука, Владата од 3 јуни 1993 година, денот на формирањето на баталјонот „Мирче Ацев” 18 август 1943 година на Славеј Планина, го прогласи за Ден на АРМ. Истата година Собранието на Република Македонија ја верификува идејата за полноправно членство во НАТО, а на 15 ноември 1995 година станавме членка на иницијативата „Партнерство за мир” по што во март следната година бевме примени во Северноатлантскиот совет за соработка. На 7 јуни 1995 година на Воената академија започна образованието на кадри за одбраната на државата.

Армиските специјалци „Скорпии“ во 1996 година првпат учествуваа на воена вежба на НАТО – „Мировен орел” која се одржа во Република Албанија. Истата година се одржа и првата мултинационална воена вежба на просторот од нашата држава „Спасител ’96”, а во мај следната година вежбата „Спасител ’97”. Веќе во 1998 година се одржа и најголемата мултинационална вежба според бројот на земјите учеснички „Најдобар кооперативен зафат ’98”. Следеа бурните настани и ангажираноста на АРМ, особено на граничните состави во „Косовската бегалска криза” од 1999 година.

По создадените услови за преструктуирање на одбранбениот систем и реформа на Армијата, заради постигнување интероперативност според стандардите на НАТО, на 3 мај 2000 година, од страна на Алијансата беше прифатен Акциониот план за подготовки за членство во НАТО, со што широко, како што велат од АРМ, се отворија портите за целосна структурна реформа на Армијата. Во започнатиот процес на реформи и преструктуирање, нашата војска во 2001 година се соочи со вистински воен конфликт, иако не беше прогласена воена состојба.

Република Северна Македонија прв пат испрати свои мировници во мисијата ИСАФ (Интернатионал Стабилизатион Авган Форцес – ИСАФ) во Авганистан во 2002 година, а даде и поддршка на операцијата предводена од САД, „Слобода за Ирак“ во мисијата во Ирак. Нашите армиски состави продолжија со учество и во мисијата ЕУФОР АЛТЕА во Босна и Херцеговина, „УНИФИЛ“ во Либан и во последната со директно учество- мисијата на НАТО-КФОР во Косово. За бригадата за североисточна Европа СЕЕБРИГ деклариравме и сеуште учествуваме со чета за мировни операции, инженериски патен вод и национален елемент за поддршка за чета, а од пред две години сме домаќини на командата на бригадата која е лоцирана во Куманово. Покажаниот висок професионален ангажман и посветеноста на нашите војници во тие мисии придонесе за јакнење на меѓународниот кредибилитет на Република Северна Македонија и за нејзино дефинирање како држава која генерира стабилност во поширокото опкружување.

Армијата секогаш прва се вклучувала во помош на граѓаните и локалните самоуправи како во гасење пожари, санирање на последици од поплави, доставување храна во непристапни терени итн.

За време на поплавите во скопскиот регион 2016 година Армијата учествуваше со вкупно 5878 работни ангажирања, во просек 345 припадници дневно, 384 моторни возила, а употребени се вкупно службени кучиња во 21 случај. Вкупно 1116 куќи, 239 приватни и јавни објекти се чистени од наноси. Извршена е дизинфекција на 1014 куќи.

Во минатогодишните гасења на пожарите на 13 локации во Кочани, Берово, Делчево, Куманово и секаде каде што беа потребни, од копно и од воздух се вклучија припадниците на Армијата, при што беа ангажирани 2243 припадници и исфрлени 472 тони вода од хеликоптерите.

Ангажирањето на Армијата продолжува во асистенција на институциите во спречување на ширењето на вирусот Ковид-19, а воените сили се вклучени и во справување со мигрантската криза и асистенцијата на граничната полиција, почнувајќи од 2015 година.

Армиските припадници постојано учествуваат и во хуманитарни и крводарителни акции. Вообичаено тоа се работи на наша иницијатива за организирање на ваква акција, пред се поврзана со некој повод како прослава на ден на единиците и Ден на АРМ. Во просек секоја година се организираат помеѓу 15-20 вакви акции каде се собираат помеѓу 700-900 крвни единици.

Политиката на национална безбедност на Република Северна Македонија се темели на „активно и реално вклучување во меѓународните напори за креирање и подобрување на мирот и безбедноста”, е запишано во Националната концепција за безбедност и одбрана.

Стратегискиот одбранбен преглед од 2019 година ги даде јасните и конкретни насоки за трансформација на одбраната на Република Северна Македонија, а како нејзин составен дел е и трансформацијата на Армијата, која доби една заокружена целина. Транформацијата се уште трае, а постепената и планска модернизација и опремување на оперативните состави според динамичниот план за опремување е составен дел од неа.

Обуката, покрај модернизацијата и опремувањето, има приоритет како значаен сегмент во одбраната и истата постепено се приспособува на потребите на командите и единиците на Армијата за потребите на одбраната на земјата и за учеството во меѓународни мировни мисии.

По воената интеграција во НАТО во 2020 година, се склучи договор за чување на суверенитетот на македонското небо преку концептот на Air Policing. Армијата на Република Северна Македонија во изминатите 30 години од статична, а гломазна Армијата се трансформира во мала, мобилна и ефикасна Армија, способна да се соочи со сите предизвици, оспособена рамноправно да се носи со другите армии на земјите членки на Алијансата.

МИА

„30 години Армија“ на Република Македонија

Денот на Армијата 18 Август и јубилејот „30 години Армија“ ќе бидат одбележани со целовечерен настан организиран под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.

На настанот, што ќе започне во 19:00 часот, ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски.

Одбележувањето ќе започне со традиционалното испукување на плутони. Ќе биде презентирана најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери JLTV Oshkosh, ќе бидат прикажани вештините на армиските специјалци, а предвидена е показна точка со армиските кучиња.

Јубилејот на Армијата ќе биде прославен со настап на Воениот оркестар, по што следува богата музичка програма со настапите на Кики (Дајте музика), Пере (Нокаут), Дац и Александар, Last Expedition, DJ Babura Jr. и Еурека танцовото студио.

НАТО распоредува околу 8.000 војници во Македонија и регионот

Во нашата земја и регионот наскоро пристигнува огромна воена сила предводена од Британија. Според најавите на британската влада, НАТО сојузниците во деновиве што следат распоредуваат околу 8.000 војници на воени вежби низ Источна Европа вклучително и Македонија во знак на демонстрација на сила, по руската инвазија на Украина.

Како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на соопштението на британското Министерство за одбрана, воените вежби ќе започнат од следиот месец во повеќе држави кои се протегаат од Финска на север, па сѐ до Македонија а учество ќе земат повеќе земји членки на НАТО, вклучително и Франција и САД.

Консултираните домашни воено политички аналитичари велат дека Македонија не треба да стравува за својата безбедност бидејќи станува збор за стратешко разместување.

За „Слободен печат“ генералот и универзитетски професор Методи Хаџи – Јанев вели дека навременото распоредување на воените сили на сојузниците во овој дел од Европа е превентивно бидејќи состојбите допрва ќе се влошуваат.

– Во рамките на оперативното планирање ваквите потези се прават како дел од фазата на одвраќање, во која воените состави вршат маневар разместување, набљудување стратешко разунавање со цел да влијаат кај потенцијалниот непријател на одвраќање од евенбтуална употреба на сила – појаснува Хаџи – Јанев.

Според него со оглед на тоа дека дипломатските решенија имаат се помалку шанса логично е воените сили да вршат навремено стратешко разместување на капацитети кои треба да бидат дополнителен дел во осигурување на потенциујалниот противник за сериозноста на НАТО и сојузниците.

– Ваквото стратешко разместување се приближува и кон фазата на зграбчување на иницијативата-фаза пред да се започне со главни воени операции (офанизвни, дефанзивни дејства, или спречување на ирегуларно војување – вели генералот Хаџи – Јанев.

Слично размислува и воено-политичкиот аналитичар Милан Стефановски кој додава дека актуелните случувања во праска покажуваат како чадорот на НАТО ја „покрива” Македонија која на овој начин доживува заштита од своите поголеми и помоќни сојузници.

Извор: Слободен печат

Сите машки родени во 2004 година во Србија добиле ПОКАНА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ВОЕНА ЕВИДЕНЦИЈА

Сите млади машки лица родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2004 година добиле општа покана да се пријават во воената евиденција на Србија.

Поканата важи и за постарите лица кои поради некоја причина не се пријавиле.

Дали ова значи дека Србија го враќа воениот рок?

Оваа година младите мажи кои ќе станат полнолетни во текот на годината најмногу размислуваат за војска и воен чин.

Потполковник Зоран Филиповиќ вели дека ова е редовна процедура.

„Воведувањето во воената евиденција е во тек и трае до крајот на февруари тековната година. Потоа за лицата кои не се запишани во евиденцијата ќе има индивидуален повик и истиот ќе се реализира во април и понатаму во текот на годината, обврска пропишана со закон не значи повикување на воен рок“, рече тој.

Инаку, воведувањето во воената евиденција е дефинирано со Законот за воена, трудова и материјална облигациска обврска.

Младите мажи кои живеат во странство можат да се пријават во дипломатско-конзуларното претставништво на Република Србија во земјата каде што живеат.

Министерството за одбрана денеска ги повика сите заинтересирани млади и девојки родени од 1 јануари 1992 година до 31 декември 2003 година да се пријават за доброволно служење воен рок со оружје. Како што беше најавено, барањето за доброволно служење воен рок и воена обука за резервни офицери може да се поднесе во сите подружници на Поштата Србија, на порталот е-Влада како и во центрите на Министерството за одбрана – поранешни воени ресори. .

Покрај поедноставената процедура за аплицирање, се очекува идните војници да добиваат месечен хонорар во износ од околу 38.000 динари, како и можност веднаш по завршувањето на воениот рок да станат професионални припадници на Војската на Србија.

Заинтересираните кандидати може да добијат детални информации за условите и постапката за пријавување за доброволно служење воен рок со оружје во Армијата на Србија во 2022 година во центрите на Министерството за одбрана во нивните општини и на веб-страницата на Министерството за одбрана.

Кличко вежба со украинската армија, го нарече Путин „гангрена“

Актуелниот градоначалник на Киев и поранешен боксерски шампион во тешка категорија, Виталиј Кличко се приклучи на вежбите на украинските резервисти, додека тензиите меѓу Русија и Украина се зголемуваат.

Кличко во интервју за британскиот „Дејли телеграф“ оцени дека таквата обука е неопходна за високи и средни функционери на земја, која „е во војна речиси осум години“.

– Многумина од нас веќе имаат отслужено војска и тие вештини мора да ги вратиме. Тоа е многу важно за сите официјални лица во Украина, бидејќи нашата земја е во војна осум години. Војската е слична со спортот – ти треба самодисциплина, посветеност, упорност и фокусираност без разлика што правите – вели Кличко во интервју за „Дејли телеграф“.

Не фрлајте ПETAPДИ, ФРЛАЈТЕ БOMБИ Cлoвенечкaтa apмиja ce изблaмиpa, пa бришeшe oбjaви (Фoтo)

„Не фрлајте петарди! Пријавете се за доброволно служење во армијата, активирајте експлозиви и фрлајте бомби“, гласеше пораката која утринава била избришана на Фејсбук страницата „Стани војник“.

Несмасна Фејсбук-објава од словенечката армија во која се бара граѓаните на Словенија наместо да фрлаат петарди за Нова Година, да се пријават во војска и да активираат вистински бомби ја шокираше јавноста во оваа земја, а три дена беа потребни објавата да биде симната од социјалните мрежи.

„Не фрлајте петарди! Пријавете се за доброволно служење во армијата, активирајте експлозиви и фрлајте бомби“, гласеше пораката која утринава конечно беше избришана.

Секторот за односи со јавност на Министерството за одбрана на Словенија очигледно многу несмасно го напишал огласот.

29 години се грижат за нашата безбедност – АРМИЈАТА го слави својот роденден 💪

На платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на Армијата на Македонија. Свеченоста ќе се реализира согласно протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници.


Од Генералштабот на Армијата информираа дека обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.


Согласно сценариото, во рамки на свеченоста ќе бидат доделени одликувања и признанија на единици од Армијата и соработници кои придонесуваат за развојот на одбраната. Претседателот Пендаровски ќе врачи Орден за воени заслуги и Повелби на Македонија, додека министерката Шекеринска и началникот Ѓурчиновски ќе доделат признанија на претставници од институции со кои соработува Армијата.



На свеченоста, командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт кој се наоѓа во неколкудневна работна посета на Македонија, на министерката Шекеринска ќе и додели медал за истакната служба, а на генералот Ѓурчиновски медал за заслуги.

На централната свеченост ќе присуствуваат и претседателот на Владата на Македонија Зоран Заев, пратеници од Собранието, министри во Владата, претставници од воено дипломатскиот кор, градоначалникот на Скопје, поранешни министри за одбрана и началници на генералштабот, армиските генерали, претставници од организации, државни институции, локални самоуправи и здруженија со кои соработува Армијата.



По повод одбележувањето на Денот на Армијата, со воени почести и полагање венци цвеќе на Алејата на великаните на градските гробишта во Бутел во Скопје во 14 часот, повеќе делегации ќе им оддадат почит на поранешните претседателите и врховни команданти на Армијата, Борис Трајковски, Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски, како и на спомен обележјето на загинатите бранители во кругот на Министерството за одбрана и Генералштабот во 9 часот.

За роденден на Армијата е избран 18 август, денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев”, кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Процесот за формирање на современата македонска армија, пак, започна во 1992 година, кога тогашниот претседател Киро Глигоров, со раководството на ЈНА го потпиша договорот за дислокација на федералната армија од територијата на Република Македонија

Специјална единица од Армијата на САД ќе биде тестирана со АПЧИЊА ПРОТИВ СТАРЕЕЊЕ

ВАШИНГТОН: Командата за специјални операции очекува следната година да премине во клинички испитувања на таблета што може да инхибира или намали некои од дегенеративните влијанија на стареењето и повредите – дел од поширокиот притисок на Пентагон за „подобри човечки перформанси“, пренесува Брејкинг дефенс.

Пилулата „има потенцијал, ако е успешна, вистински да го одложи стареењето, вистински да спречи појава на повреди – што е неверојатно замена на играта“, истакна Лиза Сандерс, директор за наука и технологија на силите за специјални операции, аквизиција, технологија и логистика (SOF AT&L).

„Завршивме претклинички студии за безбедност и дозирање во пресрет на следното тестирање на перформансите во фискалната 2022 година“, Navy Cmdr. рече Тим Хокинс, портпарол на СОКОМ.

СОКОМ е Програма за човечки перформанси која вклучува иновативни способности за физички тренинг, ублажување на повредите и исхрана според перформансите.

„Овие напори не се однесуваат на создавање физички карактеристики кои веќе не постојат природно. Ова е за подобрување на подготвеноста за мисијата на нашите сили преку подобрување на карактеристиките на изведбата што обично опаѓаат со возраста “, рече Хокинс.

„Во суштина, работиме со водечки партнери во индустријата и клинички истражувачки институции за развој на нутрацевтика, во форма на пилула која е погодна за различни употреби и од цивили и од воени припадници, чии што придобивки може да вклучуваат подобрени човечки перформанси – како зголемена издржливост и побрзо закрепнување од повреда “, вели тој.

Хокинс рече дека СОКОМ потрошил 2,8 милиони УСД за да се лансира во 2018 година.

„Мала молекула“ во биологијата е органско соединение со мала молекуларна тежина, од кои многумина ги регулираат биолошките процеси и честопати претставуваат основа за лекови, т.е. „фармацевтски производи“. А „нутрацевтик“, напротив, е „храна што содржи здрави адитиви и медицинска корист “, вели Оксфордскиот речник.

Но, во случај на програмата СОКОМ, предметната пилула е резултат на биотехнологијата.

На веб-страницата MetroBiotech се објаснува дека „намаленото ниво на NAD + е поврзано со стареење и бројни болести, вклучително и дисфункција на митохондрија, воспаленија и разни придружни болести. Овие нивоа опаѓаат како што стареат луѓето и остануваат осиромашени за време на состојбите на болеста. Предклинички докази сугерираат дека функционалното опаѓање поврзано со болеста и возраста може да се ублажи со зајакнување на NAD +, што ја поддржува хипотезата на Metro International Biotech дека одржувањето на оптималното ниво на NAD + може да им овозможи на луѓето да водат подолг и поздрав живот “.