Tag Archives: Аут

Голот што беше несуден АУТ, направи потрес на мрежите (Видео)

Јапонија го освои првото место во групата Е на СП во Катар откако успеа да ги победи и Германија и Шпанија, но сепак, многумина се сомневаат дека победничкиот гол за 2:1 против Шпанија, едноставно не требаше да биде признаен.

Иако во топката „Ал Рихла“ има чипови со кои се следи офсајд ситуацијата, и покрај деталните ВАР снимки, се одлучи дека оваа топка не излезе надвор од игра, предизвикувајќи бура коментари на социјалните мрежи.

Според правилата, топката треба целосно да излезе од аут-линијата за да се смета дека е надвор од игра. Голот исто така имаше голем влијание на исходот на групата Е – така Јапонија го освои првото место, а Германија беше елиминирана.

Долги дискусии има на социјалните мрежи за денешните случувања.

Македонска прва лига: Навивач удри играч со топка во глава (Видео)

Видеото од натпреварот помеѓу Скопје и Академија и потегот на навивач кој наместо да му ја подаде на фудбалерот топката од аут, го удри во глава, наиде на осуда од спортските фанови.

Ова може само кај нас, видео: