Tag Archives: автобусканесреќа

Управителот на „Беса транс“ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВЕН за автобусот што изгоре во Бугарија кој 20 пати излегувал од земјава со ФАЛСИФИКУВАНА ЛИЦЕНЦА

„Не се чувствувам виновен“, одговорот е што на почетокот на денешното судење го даде Беким Хаџиу, управител на „Беса транс“ обвинет за фалсификување на лиценца со која автобусот кој изгорел во Бугарија нелегално излегувал од земјата. Освен Хаџиу, обвинета е и компанијата како правно лице за фалсификување извод од лиценца за вршење меѓународен патен сообраќај за автобусот со кој во ноември лани во несреќа во Бугарија загинаа 45 лица.

Претходно беше опишан обвинителен предлог во кој е наведено дека Хаџиу преку возачите што го управувале автобусот употребувал извод за лиценца која воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски. Со фалсификуван изводот од лиценца за меѓународен сообраќај автобусот лани во периодот од 10 јануари до несреќата во ноември, кажа обвинителот, 20 пати излегол од државата. Автобусот што изгоре во несреќата лани најмногу или 10 пати поминал на „Деве Баир“ и возел на релација од Скопје кон Истанбул. Девет пати ја излегол од државата преку преминот „Блаце“ и најчесто возел од Скопје кон Призрен или Драч, а еднаш автобусот поминал и на преминот „Ќафасан“.

И претставник на Мини на Министерството за транспорт врски потрди дека „Беса транс“ имала лиценца за пет автобуси, но помеѓу нив не е автобусот од несреќата.

Загинаа 11 лица, 25 се повредени во автобуска несреќа во Хрватска (Видео)

Најмалку 11 лица загинаа, а поголем број се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи утринава околу 5,40 часот на хрватскиот автопат А4 во правец кон Загреб, меѓу местата Јарек Бишашки и Подворец, кога автобус со полски национални таблички излетал од патот, јави Хина.

Десетици повредени се пренесени во болниците во Вараждин и Загреб.

Според неофицијални информации до кои дојде порталот Индекс. хр во несреќата тешко се повредени 25 лица.

Од полициската управа Вараждин кусо соопштија дека на местото на несреќата, покрај полициски службеници од полициската управа Вараждин и Загреб, биле ангажирани и неколку екипи на Брза помош и противпожарна помош од двете жупанија.

ВИДЕО: Се појави снимка од тешката автобуска несреќа на бугарските фудбалери

Бугарската фудбалска репрезентација доживеа сообраќајна несреќа неколку минути по слетувањето на нејзиниот авион во Тбилиси, главниот град на Грузија.

На пат од аеродромот до хотелот, каде што требаше да биде сместена екипата, возачот на првиот од двата автобуси во кои бил бугарскиот тим изгубил контрола над возилото, што резултирало со сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила поради неприспособена брзина во услови на дожд, а според барањата на УЕФА, репрезентацијата била поделена на два помали автобуси и патувала со полициска придружба.

Возачот на еден од автобусите возел со голема брзина по влажен коловоз и изгубил контрола бидејќи пред него наеднаш застанал автомобил, а во него удрил другиот автобус.

Фудбалерот на Ботев Пловдив, Тодор Неделев, беше најтешко повреден, но е вон животна опасност по двочасовна операција поради повреда на главата.

Останатите членови на тимот и стручниот штаб на бугарската репрезентација се добро.

Натпреварот од групата Ц од Лигата на нации меѓу Грузија и Бугарија е закажан за утре од 18 часот.

Бугарската истрага заклучи – возачот на автобусот е виновен за трагедијата

Се укажува дека возачот на автобусот е виновен а тој е мртов. Вака бугарските истражители и обвинителството ќе ја затворат истрагата за несреќата во која загинаа 45 мна државјани на македонија на автопатот Струма во Бугарија, пренесува Телма.

Заклучокот е дека причина е единствено човечка грешка и со тоа и ќе се заклучи овој случај. Истражителите не најдоа никакви пропусти ниту во сигнализацијата на патот.

“Со сигурност може да се каже дека нема друга причина освен однесувањето на возачот на автобусот. Навистина линиите на хоризонталната сигнализација, страничните линии се поизбледени, но не се невидливи. во тоа време немало магла, ништо друго не ја намалувало видливоста освен ноќните услови и до избвесен степен влажниот коловоз поради ситнитиот дожд. Средната линија е доста јака и таа е скоро исполнета и со сигурност е јасно видлива” – изјави Младен Петров од националната истражна служба.

Проверени се и сите претпоставки за присуство на запаливи течности во автобусот и јасно е утврдено дека такви немало. Утврдено е дека во Автобусот навлегла заштитната ограда кога тој удрил во неа, се создал притисок на резерворот за гориво и горивото се запалило од големото искрење.

“Состојбата на автобусот како што е техничката исправност, и подготвеноста за патување на релацијата но и она што го превезувал беа предмет на многу детално истражување. Имаше многу претпоставки но апсолутно сите се отфрлени и категорично може да се каже дека нема никакви показатели за пренос на запааливи материи. Оштетубањето на автобусот и горивото довеле до запалување на автобусот, а од тука па натаму пожарот се развивал многу бргу” – тврди Петров.

Но, нема објаснување зошто толку бргу огнот се разгоре а целото возило исгоре сосе патниците за само неколку минути. Сега се чека обвинителите да шресечат околу крајот на истрагата. по ова истражителот најави дека ќе бидат вклучени и роднините на загинатите и преживеаните осуммина патници за правата кои им следуваат.

Државниот обвинител на Македонија, Љубомир Јовески, неодамна не ја отфрли можноста дека роднините имаат право на жалба на одлуката на бугарското обвинителство.

Рече дека може да поднесат и граѓанска тужба за надоместување на штета. Можат да побараат и увид во списите на предметот рече Јовески.

Бугарија ја завршија истрагата, еве кој е виновен за автобуската несреќа во која загинаа 45 луѓе

Истражниот тим во Бугарија кој спроведе истрага за несреќата на македонскиот автобус на „Беса транс“ на автопатот „Струма“Б, во која загинаа 45 луѓе. Заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов рече дека заклучокот на истражителите е дека возачот на автобусот, кој исто така загина, е виновен за несреќата.

„Причината е губење контрола врз автобусот од страна на возачот. И високата, да кажам несоодветна, но не над дозволената брзина“, изјави Сарафов, според Дневник.бг.

Обвинителот вели дека по ова, останува да бидат известени роднините на загинатите, кои имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата.

Автобусот на „Беса Транс“ удри во оградата на автопатот „Струма“ кај село Боснек во раните утрински часови на 23 ноември. Веднаш по ударот, автобусот се запали, а во страотниот пожар загинаа 45 луѓе, Само седуммина од патниците ја преживеаја несреќата.

Сарафов: БРЗИНАТА на автобусот од несреќата на „СТРУМА“ била НЕСООДВЕТНА со условите на патот

Со несоодветна брзина се движел возачот на автобусот во кој загинаа 45 македонски државјани. На автопатот во Бугарија возел повеќе од дозволените 90 километри на час, открива бугарскиот заменик главен обвинител Борис Сарафов.

Според првичните сознанија на  бугарските власти станува збор за човечка грешка, опдносно брзината со која се движел возачот била несоодветна со условите на патот.

„Брзината е прилично неусогласена, 90 километри на час биле надминати. Барањата за еден професионален возач на автобус се повисоки отколку за кој било друг возач. Затоа било неопходно и брзината да била соодветна на условите независно од ознаките на патиштата.“ – изјави Борис Сарафов.

Истражните органи не ја отфрлаат можноста дека ознаките на патот не биле соодветни, но според нив, причината за несреќата не е лошата патна сигнализација.

„Да, возможно е патните ознаки да не одговарале и тие очигледно не одговараат на барањата, но во никаков случај нема причинско-последична врска меѓу катастрофата и лошата патна сигнализација. Да, тоа во некаков степен придонесува возачот да биде повнимателен, да вози со соодветна брзина и со поголема концентрација и внимание. Тоа бара многу посериозна одговорност и ангажираност од тоа што било во случајот.“ – изјави Сарафов.

Епилог за автобуската несреќа се очекува кон крајот на месецов, односно истражните органи најавуваат дека истрагата е во завршна фаза. До 25 декември треба да бидат готови судското, техничкото и вештачењето кое треба да утврди како автобусот преполн со патници изгоре за само неколку минути.

Инспекторите кај нас пак досега не можеа да извршат инспекциски надзор во Беса транс, бидејќи во неколку наврати наидоа на затворени врати пред канцелариите на компанијата. ТВ 24 денеска разговараше со директорот на државен инспекторат за транспорт Руфат Хусеини, кој вели дека денеска во соработка со другите институции повторно ќе се обидат, но не се знае кој ќе биде исходот.

Истрагата за автобуската несреќа ја води бугарското обвинителство, со помош на експертски тимови од земјава. Првичната истрага покажа дека автобусот од непозната причина скршнал надесно и удрил во заштитната ограда, а од ударот се дупнал резервоарот по што избувнал пожар. Во несреќата животот го загубија 45 македонски државјани, а 7 беа повредени.

КОД дознава: Сопственикот на „Беса Транс“ два пати бил на распит во бугарското обвинителство

Улица 1 број 1 Село Рашче. Ако се отиде на оваа адереса на 16 тина километри од Скопје може да се види плац полн со автобуси комбиња но и семејна куќа. Но ако се погледне во централниот регистар на истата адреса се регистрирани две фирми, речиси со идентични имиња, чиј основач е Беса Транс, со сопственици кои имаат исто презиме Хаџиу, но со голема разлика во годините на формирање, пренесува Телма ТВ.

Првата Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје е формирана на 19 август 2009 а нејзин сопственик и управител е Беким Хаџиу. Низ годините таа била регистрирана и за градежни работи, но сепак основната дејност и била транспорт. Втората и многу подоцна создадена, на 18 август годинава е Беса Транс 2 и БТ 2000 ДООЕЛ, а нејзин сопственик е Мереме Хаџиу, сопругата на Беким Хаџиу кој после случувањето на несреќата повеќе не е достапен за македонските власти.

Тој е во Бугарија каде КОД дознава дека веќе дал две изјави поврзани со сообраќајната несреќа во која се запали автобус на неговата фирма и во него изгореа 45 луѓе. На какви околности бил испитуван за сега од бугарското обвинителство не откриваат, но ја потврдуваат информацијата за распитот на газдата на Беса Транс. Тој пак тука не е достапен за македонските истражни органи кои никако не можат да влезат во неговата фирма.

Продолжението следува во КОД

„Ќерка ми во Турција замина да купи чеиз за свадба и не се врати“

Дамир Османов во несраќата со автобусот на „Беса транс“ ги изгубил сопругата и ќерката. Тој не ја крие болката што му ја предизвикала оваа голема трагедија. Неговата ќерка во Турција заминала со мајка ѝ за да купи чеиз за свадбата што требало да се случи во април. Тој вели дека телата на неговите најблиски ќе бидат погребани денеска и дека е правилна одлуката да биде откажана поворката со телата на загинатите.

Прилог на Слободен печат:

Траорно во скопско Студеничани

Траорно беше денеска во скопското село Студеничани. 10 дена по големата автобуска трагедија во Бугарија, испратени во вечните почивалишта беа жртвите на голема несреќа.

Денешниот ден беше најтежок за семејствата кои ги дочекаа посмртните останки од своите најблиски.

Интервенираше и екипа на Брза помош.

Еден човек изгубил 4 члена од своето семејство…

-Тежината е ептен голема кај нас и цело време ние сме фокусирани сме само да се завршат овие последни погребни церемонии, тоа ни е битно во моментов. Ние како семејство имаме четири члена.

Посмртните останки на 45-те загинати во големата трагедија на автопатот Струма изутрината пристигнаа со два авиони на бугарската армија. На меѓународниот Аеродром во Скопје тие беа пречекани од државниот врв предводен од претседателот, премиерот и собранискиот спикер.

Последна почит кон загинатите граѓани дадоа и на плоштадот Скендербег. Знајни и незнајни. Пораката е иста од сите: вакви трагедии повеќе да нема.

45-мината загинаа на 23 ноември во автобусот кој се запали во сообраќајна несреќа на автопат во Бугарија.

Роднините и граѓаните се простуваат од загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

Граѓаните денеска оддадоа  почит,на жртвите во автобуската несреќа која се случи во Бугарија на плоштадот Скендербег.

-Дојдовме овде да им изразиме сочувство на сите фамилии кои ги изгубија своите чеда  во тешката сообраќајна несреќа.Не знам што да кажам, немам зборови за нивните фамилии за чедата кои ги загубија, не познавав никого но дојдов да оддадам почит,  нема тука вера ние сме еден народ и треба заедно да живееме, вели Славица Велковска која присуствуваше на плоштадот Скендербег во Скопје каде има поставени венци, пренесува Локално.мк

На барање на семејствата на загинатите откажана е поворката која требаше да се одржи по однапред утврдена патека до и низ главниот град. Семејствата велат дека овие десет дена минувале низ агонија, а секој изминат ден им траел како една година, и бараат телата на нивните блиски веднаш да им бидат предадени.