Tag Archives: автопат

Првиот знак при влез во Скопје – слика за цела држава! (Фото)

Твит на денот:

ФОТО: Кумановец ја раскажува битката со мечката на автопат кон Скопје: Еве како избегав жив!

Кумановецот Африм Исуфи во понеделникот вечерта доживеа навистина страшен момент, но благодарение на својата храброст успеа да побегне од мечка.

Инцидентот се случил на автопатот Тетово-Скопје во месноста Карпалак околу полноќ (11:45 часот). Во интервју за Open-TV, 40-годишникот го раскажува ужасниот настан. Вели дека стравот бил голем, благодарение на Бога се спасил жив.

Доаѓав од Гостивар во мојот дом во Куманово. Неколку километри откако ја поминав првата наплатна рампа во Тетово, како да возев со нормална брзина, наеднаш мојот автомобил Голф 5 удри напред од десната страна. А, после тоа мојот автомобил лебдеше во воздух и потоа по неколку метри падна на земја. Некако успеав да ја застанам колата на сред автопат и гледам како излегува пареа. Отпрвин помислив дека мора да е некоја дива свиња која ме удри, бидејќи беше нешто многу моќно. Излегов од автомобилот и гледам големо животно како доаѓа во мојот правец. Беше страшно и ништо не се гледаше. Се исплашив и влегов во автомобилот кој беше тешко оштетен. Тоа животно се приближи до мојот автомобил, а кога го видов тоа беше мечка или мечка. Почна да ми удира со бокс. Од нејзините тупаници, верувајте, колата се тресеше. Не поминало многу време додека мечката паднала на земја. Кога ја видов како падна на земја, излегов од автомобилот и ги видов нејзините повреди од сударот со мојот автомобил Голф 5. Таа повторно стана и јас влегов внатре. Целата оваа тага траеше 30 минути. Еднаш мечката повторно падна на земја и повеќе не стана, додека јас жив бев спасен“, признава Африм Исуфи.

Тој вели дека на местото на настанот излегла и полицијата која им ги фатила забелешките. Африми за Опен ТВ изјави дека има горчливи искуства со мечки. Ова е трет пат во животот да се кара со овие диви животни, тоа се случи еднаш за време на војната во 2001 година.

Тој рече дека мечките во вакви случаи знаат да се нервираат и да бидат многу опасни. Рече дека дошол дома во 5 часот наутро.

Африми рече дека од таа лоша вечер не може мирно да спие. Поради големата тага што ја доживеа таа вечер, тој прима медицинска терапија./Опен-ТВ.

ДА СЕ КАЗНИ И ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ ВОЗАЧКАТА – Снимка од татко и дете на автопат предизвика реакции (ВИДЕО)

Снимка направена на автопат некаде во Словенија предизвика вистинска полемика во регионот. Имено, запирањето на возачот и изнесувањето на детето на коловозната лента станало предмет на расправија дали таткото постапил правилно, односно дали го довел во опасност своето дете.

На видеото објавено на Фејсбук страницата „Возиме паметно со ДАРС“ се гледа маж, кој го запрел автомобилот на лентата за застанување и го извадил синот од задното седиште, го ставил до автомобилот на нокширот и чекал да се олесни.

Тој неколку пати го поместил детето кое во еден момент, како што може да се види на видеото, било пред задниот дел од возилото. Откако извршил нужда, таткото го вратил детето во автомобилот, ја фрлил содржината од нокширот на страна од патот и си заминал.

Словенците кои ја гледаа содржината многу бурно реагираа на ваквото однесување, особено кон странците кои патуваат низ оваа земја.

Видео:

https://www.facebook.com/615369691862242/posts/pfbid04rziugeiAmTNbFsJWx7uKRqfg6i8LDc124Znpx3dQumUpiYV2N6iaozefmWqdEhhl/?app=fbl

Адвокатот Митровски вели дека МВР лаже дека блокада на автопатишта е казниво

МВР лаже дека блокада на автопатишта е казниво. По Устав се има право да се блокира и протестира каде се сака, без претходни најави, напиша на својот фејсбук-профил адвокатот Јанаки Митровски по соопштението на МВР, во кое се вели дека блокирањето на автопатишта е спротивно на законот.

„Последен пат кога проверив Уставот имаше супремација“, додава тој.

Од вчера, струмичката полиција почна да ги казнува учесниците на блокадата во петокот на патот Струмица-Радовиш како дел од протестоте против францускиот предлог за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Казните се 35 евра за паркирано возило на блокадата и 50 евра за движење на пат.

Жан Дрвошанов од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица информира дека СВР Струмица претходно уредно добила најава за протестот и дозволи да се случи протестот обезбедувајќи го со голем број на униформирани лица.

„Доколку протестот во одредена смисла е незаконски СВР требало да го отфрли барањето и да ги предупреди граѓаните, наместо да ги препознава по снимки и според забележување.

Дали ова казнување по учество на протест на организатор и учесници го има некаде на друго место во светот? Во пријавите пишува – „лицето се движеше по место резервирано само за возила”… Началството на СВР Струмица наместо да се бави со разоткривање на убиства и расчистување на дрогата во градот, мафијашките зделки и меѓународните криминалци тие фингираат прекршочни налози за граѓани кои отишле на протест.

Народот во Струмица не се плаши. Во струмичани живее духот на Делчев, струмичани ги паметат петте струмички студенти, струмичани го памтат ќотекот на земјоделците во Куклиш од СДС. И покрај сите малтетирања пак ќе излезат и ќе си бранат државата, ќе ја бранат нацијата“, се вели во реакцијата на Дрвошанов.

Автопатот Охрид-Кичево се градел по принципот 19 метри на ден – 3000 денови се градат и уште не се доградени 57 км

Верувале или НЕ, изминаа над 3000 денови како „се гради” автопатот од Кичево кон Охрид, ова денеска преку статус на Фејсбук го пишува Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

-57 км долгиот автопат кога ќе го поделиме со 3000 денови би значело дека онаа машинерија од 600 машини (за која што лажат дека е на терен, нема ни 60) до сега да градела само по 19 метра на ден, автопатот ќе беше готов.

А тие заглавени на некои си 65% од вкупната реализација откако во 2017та наследила 50% прогрес.

Единствено цената на чинење ја зголемија за 200 мил евра, и си потпишаа анекси за продолжување на рокот на завршување на автопатот кој пред тоа сами си го зададоа и пробија.

Со министерот за транспорт и врски никако да се видиме пред камера, и го разбирам, после ваков неуспех не би сакал да се соочи со фактите.

Премногу е!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Драма на автопатот Тетово-Скопје: Полицајци со оружје му се заканувале на граѓанин

Вчера во 1 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Е.А.(30) од село Буковиќ, скопско, пријавил дека на 26.03.2022 околу 19:45 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот на автопатот Тетово – Скопје, пет лица му се заканиле, а двајца од нив имале огнено оружје.

По преземени мерки било утврдено дека станува збор за лицата Ф.Р.(44), А.А.(38), Д.Н.(41), Н.С.(28) и Д.Д.(48), сите од Гостивар и сите вработени во МВР.

За настанот бил известен Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Имаме нов рекорд на македонските патишта – ЛЕТАЛ со 224 км/ч!

На автопатот Штип – Свети Николе вчераутро 25-годишен возач го соборил рекордот на брзина снимен со дигитално броило: иако на тој дел од патот максималната дозволена брзина е до 130 километри на час, младиот возач возел со 224 км/ч.

Сообраќајната полиција успеала да го запре и да го казни. До Нова година, рекордот поставен од полициските броила беше 210 км/ч.

Брзиот возач кој „летал“ од Штип до Свети Николе е еден од вкупно 407 возачи кои се движеле над дозволената брзина и ги прекршиле безбедносните норми за другите учесници во сообраќајот, соопшти МВР.

„Од нив, 86 возила се движеле со брзина над 50 км/ч над дозволената, а 26 возила со над 70 км/ч повеќе од дозволената. Вкупно 119 возачи ја пречекориле дозволената брзина во населено место и 288 надвор од населено место“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Кичевчанец со „Шкода“ удри и усмрти мечка на автопатот Тетово-Скопје (ФОТО)

Четириесет и три годишен возач од Кичево со својот автомобил удрил во мечка ноќеска на автопатот Тетово-Скопје, а при инцидентот нема повредени луѓе.  Поради ударот мечка е усмртена.

-Ноќеска околу 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста „Карпалак“, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка. Нема повредени лица во возилото, соопшти денес портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Потоа на местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Си мислел дека е Ники Лауда- ,,Летечки Македонец“ фатен како вози над 250 км/ч на автопат Ниш-Белград

Припадниците на српската сообраќајна полиција околу 12:30 часот на автопатот Ниш-Белград кај Велика Плана, запреле возач на возраст од 32 години, кој возел со 252,8 килопметри на час, на делот од автопатот каде што е дозволена брзина од 130 километри.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, возачот на Ауди А8, кој е државјанин на Северна Македонија, е исклучен од сообраќајот и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава за насилничко возење.

МИА

Потера по КОЊ, ниту полицијата не можела да го сопре екстремно брзото животно (ВИДЕО) 🐎

Видео објавено на социјалните мрежи на кое се гледа дека во потерата по коњот се вклучиле повеќе полициски возила, но не можеле да го запрат коњот кој трчал со голема брзина.

Kоњот најверојатно избегал од својот сопственик-жител на потегот Скопје – Тетово, а за среќа, немало сообраќајна несреќа, но опасноста била голема затоа што го голема брзина коњот се движел во спротивна насока.