Tag Archives: баба

Доста е, порача бабата на убиениот тинејџер, поради кој почна хаосот во Франција

Бабата на момчето убиено во Франција. Нахел М, Надија, повика на смиреност по петтата ноќ на немири низ Франција што избувнаа откако полицијата го уби нејзиниот 17-годишен внук.

Не сакам да уништуваат продавници, автобуси и училишта. Тие го користат Нахел како изговор. Сакаме работите да се смират“, изјави Надја за ТВ БФМ.

Таа повика на смиреност и прекин на немирите, додавајќи: „Не ги уништувајте училиштата, не ги уништувајте автобусите. Има и други мајки кои ги користат тие автобуси“.

Таа претходно изјави дека демонстрантите ја искористиле смртта на Нахел како изговор за дивеење.

Во вторникот наутро, Нахел беше смртно застрелан во градите, од непосредна близина, зад воланот, бидејќи се обидел да избега при полициска сообраќајна контрола.

Ќерката на Цеца е бремена – Анастасија ќе стане мајка (Фото)

Ќерката на Цесa, како што дознаваме, е бремена во четвртиот месец, а парот неодамна го дознал полот на бебето.

Среќната вест дека чекаат девојче ја споделија само со најблиските пријатели и членовите на семејството.

Анастасија и Немања веќе го започнаа заедничкиот живот во Севиља каде уживаат во секојдневието. Пред три дена беа заедно на прослава, кога ги воодушевија сите со својот стајлинг.

Ражнатовиќ блесна во црвен фустан, со огромен цвет во косата и црвена роза на усните, а многумина потсети на вистинска Шпанка. Од друга страна, фудбалерот носеше свечено одело, но имаше шал на главата.

Иако се обиде да го сокрие тоа, стомакот веќе и се гледа на фотографии и видеа од забавата.

Тесниот фустан ги истакна нејзините атрибути, а како изгледа младата пејачка во четвртиот месец од бременоста погледнете во галеријата подолу.

Баба Трајанка на 93 години плете без очила, пали оган, се храни здраво

Иако ја тера 93-та година од животот, баба Трајана многу вешто и без наочари плете волнени чорапи, а ја продолжува и традицијата на производство на домашно сирење. МИА деновиве ја посети во нејзиниот дом преполн со љубов и позитивна енергија.– Фала и на судбината, се уште ми се гледа. Годините се многу. Се туркам, паѓам, станувам и па одам, заврза таа муабет со нас, а насмевката не се тргна од нејзиното лице, за целото време додека разговаравме.Таа ни откри дека очила носи само по потреба, ама за плетење не и требаат. И самите можевме да се увериме дека плете квалитетно, не испушта ниту еден котелец.Потекнува од кавадаречко Страгово, познато сточарско село прочуено по производството на квалитетно сирење. Занаетот за подготовка на сирење со извонреден квалитет, го научила од нејзината мајка. Уште кога била дете. Со години тој занает и тајната за правење на сирење за прсти да излижеш, се пренесуваат, како аманет во семејството. Педесет и трета година, како живеат во Неготино. За неа, велат дека со децении, ги радувала муштериите со млеко и вкусно сирење, вкус што се памети и за кој се прераскажува.

Скромната жена ни кажа дека нејзините родители, браќа и сестри, не биле многу долговечни како неа.– И од тија и од тија сој, по мајка и по татко, само ја су вака со повеќе години, коментираше таа.Самата смета дека долговечноста и се должи на здравата исхрана. Целиот нејзин живот одгледувале најпрвин овци, па крави, сега се уште кози. Домашно месо, млеко. Си правеле јајчаник, зелник, баник, масленица. Или, како што рече таа, ништо купечко, ништо вештачко.Сега одгледуваат седум кози и единасесетина јариња, колку да ги задоволат потребите на поширокото семејство.– Пијме млеко козјо и децта пијат. Угу иама домашно млеко. Порано, продаваме сирење и на пазарот. Ако ме нема на пазарот, дома идеа по сирење, откри оваа супер бабичка.Девет години е без сопругот. Ја зема неговата пензија, бидејќи таа целиот живот била домаќинка и сточарка. Има три деца, пет внуци и 10 правнуци. Задоволна е што се уште може да гледа и да слуша, што ја држи умот и помнењето. Витална е, за разлика од многу други на нејзина возраст. Самата се пере, си ја чисти собата. Огнот сама си го „вал“, а го „вале” дури и огнот на помладите во семејството, внуката и внукот со децата. Никогаш не пушела цигари. Не пие ниту ракија, ниту вино, иако живее во најголемиот и најпознат лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот.Вистинска домашна атмосфера владее во домот на Петрови. Шпоретот на дрва не само што топли, таа топлина дава некоја посебна магија што потсетува на детството. Циглата на плочата од шпоретот што се топли, како да зборува за едно минато време кога постарите ја вжештуваа, за да си ја натоплат половината во студените зимски денови. А тенџерето, тенџерето секогаш мистериозно како да се насмевнува, бидејќи само тоа најдобро знае дека најдобриот зачин во кујната е токму љубовта. Најслатко е јадењето зготвено со многу љубов и посветеност.Убаво си помуабетивме со една од најстарите неготинки, па и тиквешанки. Ја фотографиравме како плете. Последните волнени чорапи ги сплетила деновиве, за брзо време, да ги топлат нозете на внукот, додека бере дрва во планината. Долго ни раскажуваше за времињата поминати, за сплетените елечиња, џемпери, за миговите кога правела домашен сапун, ткаела на разбој килими, јамболии, кога деновите и поминувале во друштво со кросното, преѓата, вретеното.– Мачно се живееше, синко. Жнеј, копај, врши, се рачно и мачно, евоцираше спомени старицата.Животните предизвици и битки за подобро утре, оставиле бразди на нејзиното лице и раце. Се присети како во нејзино време, најголем дел од девојчињата не ги пуштале  да се школуваат после четврто одделение, оти требало да се учи во друго село. Тие морале да работат, за да им помагаат на родителите да го прехранат семејството. Многу пати се случувало женските деца интензивно да работат, додека машките продолжуваат да се школуваат.

 На овие години таа и е од голема помош на нејзината внука. Го надгледува ручекот, се грижи за малолетните правнуки, кога не се на училиште и градинка, а кога родителите им се отсутни. Но, истовремено, таа е бескрајно благодарна на наследничката што и го носи името, бидејќи во староста, може да се потпре на неа. Заедно го пијат и кафето.Со многу милост во гласот но и гордост, нагласи дека спечалиле многу во животот, но,  семејството е нејзиното најголемо богатство.Посебно се гордее со правнуките коишто се вртат околу неа, ја гледаат како плете, крадат што се вели од мајсторлукот. Марија, Симона, Стојне, Божица. Со радост и нестрпливост ги чекаат нејзините приказни крај шпоретот. Таа раскажува, а звукот од дрвата што горат, како да е некоја пропратна музика на секој нејзин збор.Како да има некоја посебна поврзаност помеѓу највозрасниот и најмладиот член во семејството. Можеби тајната за тоа лежи во фактот што и бабата и правнуката Марија која догодина ќе биде прваче,  се родени тука некаде, во месеците септември и август.Немам, одговори на прашањето баба Трајана, дали можеби има договор со судбината, колку долго да живее. Колку е пишано, толку, рече.И не е важно колку ќе живее. Важно е дека е опкружена со внимание, а таа шири позитивна енергија наоколу. Нејзините наследници, ќе има по што да ја споменуваат и да се сеќаваат на неа. На жената што и во десетата деценија од животот и пркоси на староста.  Другарувајќи со иглите и конецот, плете и убави моменти, по кои ќе се сеќаваат на неа. Секој би посакал таква баба

КАКО ДА И Е СЕСТРА – свекрвата на Антониа Гиговска е вистинска убавица, ќе стане млада баба (ФОТО)

Антониа Гиговска последниве недели е во фокусот на медиумите и јавноста. И заради музиката, но многу повеќе заради приватноста.

Антониа не ја симнаа од насловниците на порталите и коментарите на социјалните мрежи, откако обзнани дека е бремена и очекува дете со клавијатуристот од својот бенд, Роберт Спасенцоски со кого наедно ја криеја врската. Во тоа време се вртеа приказните околу неверството како причина за раскинувањето со сега екс-момчето и пријател на Роберт, пејачот Иван Јованов.

Сега веќе речиси се’ е на мегдан, но јавноста секогаш е гладна за нешто повеќе, а тоа повеќе секогаш и го има.

Уште пред да објават јавно дека се заедно, Вистина.мк пишуваше за соработката на Антониа и сега веќе идниот свекор Боби Спасенцоски, кој за пошироката јавност е познат и како естраден уметник, поточно пејач од македонската фолк естрада, а исто така и директор на државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје.

Тато Боби со веста дека ќе стане свекор јавно се пофали, а исто така напиша дека Антониа веќе ја смета за ќерка.

Од семејството Спасенцоски безгласна по ова прашање остана идната „баба“ и свекрва на Антониа која најмалку би личела на баба со својот младешки изглед.

Имено, сопругата на Боби, госпоѓата Весна Спасенцовска за разлика од својот сопруг не се огласила по повод главната новина во нивното семејство кое наскоро ќе стане поголемо.

Весна е активна на социјалните мрежи од каде може да се види дека е млада мајка, за која многумина би рекле дека е другарка на своите два сина, Роберт и помладиот Александар, па и на снаата.

Синовите многу често знаат да и посветат внимание на мама, да ја даруваат со цвеќе, ласкави епитети и тон внимание… А таа гордо да го истакне тоа пред своите пријатели на Фејсбук.

Антониа допрва ќе ја видиме како ќе изгледа во невестинско, но нема сомнеж дека свекрвата ќе ја помешаат меѓу другарките на невестата, а пак во иднина кога здравје ќе се роди внучето, тешко кој би ја гледал како баба, иако навистина ќе ја има таа важна улога, која без оглед на возраста и изгледот, веруваме дека ќе и ласка.

„ЗОШТО Е ТОЛКУ СЛАБ, КАДЕ МУ СЕ РОДИТЕЛИТЕ? Оваа баба е апсолутен хит на интернет и верен фан на Ноле (Видео)

Новак Ѓоковиќ ја забележа 25-та последователна победа во Мелбурн, откако во четвртото коло го совлада Алекс де Минор со 6:2, 6:1, 6:2.

По овој меч, една баба која дојде во Мелбурн да му даде поддршка на српскиот тенисер стана хит на социјалните мрежи.

Таа на самиот натпревар дојде со внукот, додека пред салата се сликаше и со голем број навивачи на Новак.

Погледнете ја царицата најверен фан на Ноле:

Баба дилала дрога во Србија, ја фатиле во шума со „стандардна опрема“ – вага, кесички, нож

78-годишна жена во Србија е фатена со поголемо количество дрога, а полицијата ја сомничи дека ја продавала на локални зависници во Земун, пишуваат српските медиуми.

Бабичката, која воопшто не изгледала сомнително, е уапсена вчеравечер во шума кај српскиот град, каде полицијата ја следела и пронашла стандардна дилерска „опрема“: вага, „паковки“ во најлонски кесички, како и нож. Во кесичките имало околу 400 грама бела прашкаста материја, која е испратена на вештачење, за да се утврди каква дрога продавала осомничената жена.

Шумата се наоѓа во населбата Галеника во Земун, а жената со иницијали В.Н., е приведена и против неа ќе биде поднесена пријава, соопшти полицијата

Тажна исповед на баба Милена: Ги родив, пораснав – Ќерката не ми дава ни денар, кај пак синот главна е сопругата

Тажна исповед на баба Милена: Ги родив, пораснав – Ќерката не ми дава ни денар, кај синот главна е сопругата – realnews2

Ова не е судбината на баба Милена само таква, туку на голем број стари луѓе.

Имам возрасен син и ќерка. Јас и сопругот им помагавме во сè, почнувајќи од студии до купување куќа и грижа за нивните деца. Денес живеам сама, мојот сопруг почина пред неколку години.

Имам мала пензија, едвај ги покривам основните потреби. Понекогаш кога купувам лекови, буквално морам да се откажам од храна.

Децата се свесни за мојата состојба, но ниту еднаш не ми понудија да ми помогнат.

Џепарлакот на внука ми е поголем од мојата пензија. Еднаш навестив дека тие можат да плаќаат половина од месечните сметки затоа што ќе останат со стан кога ќе умрам.

Синот се преправаше дека не разбира што реков, а ќерката рече дека едвај ги плаќа своите трошоци.

Ниту еден од нив не оди на работа со превоз, тие имаат скапи автомобили. Тие летуваат секоја година на скапи места во скапи хотели.

Ќерката на мојата ќерка секој месец купува нова облека, му дава премногу пари на детето. Можам слободно да кажам дека внука ми за џепарлак има повеќе од целата моја пензија.

Во куќата на син ми, сите пари ги контролира неговата сопруга. Дури и да сака да ми помогне, таа не дозволуваше. Кога една сосетка гордо ми кажа како нејзините деца плаќаат за годишен одмор, носат храна и ги плаќаат сметките, буквално се навредив.

Јас го направив истото за моите деца како и таа. Порано позајмував пари од неа, но не се осмелувам повеќе, се плашам да не ме праша зошто децата не ми помагаат како неа.

Им помогнав на моите родители колку што можев. Никогаш не ги оставив со празни раце. Помогнав и физички и финансиски.

Зарем не успеав правилно да ги воспитам своите деца? Немам заштеда, бидејќи јас и сопругот не чувавме ништо, им дававме сè на децата. И така ми вратија.

НОВО ВИДЕО од апсењето на сестрите МОНСТРУМИ, a еве што се случува со малтретираната старица

По ужасната снимка од изживувањетона медицинските сестри врз безпомшно старо лице, штитеничка во Домот за стари лица во Пеќ, се појавија видео снимки од нивното апсење. Скандалот што беше виден во центарот „Оренда“ продолжува да се коментира во целиот регион.

Полицијата на Косово денеска уапси ги уапси вработените осомничени дека ја злоставувале Манира Нура, која е згрижена таму.

Таа беше жртва на брутален и нехуман напад во домот за стари лица, а во центарот на скандалот беше медицинската сестра Аурона Пелај, која, како што се гледа на снимнката, ја држи за раце и ја удира. Медицинските сестри добија притвор 48 часа, а на социјалните мрежи се појави видео од апсењето.

Последната информација е дека Домот за стари е затворен од страна на надлежните во Косово.

Уапсена и трета медицинска сестра по тепањето на жената во домот!

Трета медицинска сестра е уапсена по објавувањето на видеото на кое се гледа е малтретирана старица во Домот за стари лица „Оренда“ во Пеќ, Косово, потврдил Фадиљ Гаши, портпарол на полицијата во Пеќ, пренесува „Репортери“.

– Сега има три лица кои се уапсени. Има три различни кривични дела, првото се товари за кривично дело „напад“, второто за „помагање во кривично дело напад“, а третото за „неовластено снимање“, изјавил Гаши за новинарите.

Портпаролот на полицијата во Пеќ нагласи дека случајот е веќе префрлен во секторот за тешки кривични дела.

По објавувањето на видеото, Основното обвинителство во Пеќ соопшти дека главниот обвинител на Основното обвинителство во Пеќ ангажирал двајца обвинители и ја овластил косовската полиција да ги преземе сите неопходни мерки против лицата инволвирани во делото.

Вознемирувачко видео! Медицински сестри тепаат бабичка, се смеат додека плаче и ја снимаат во дом за стари лица во Пеќ

Портпаролот на полицијата на Пеќ Фадиљ Гаши ја потврди веродостојноста на видеоснимката која деновиве се шири по интернет. На снимката медицинска сестра ѝ влепува шлаканици на штитеничка на домот за стари лица, а други сестри се смеат и снимаат додека кутрата жена плаче.

Кога ќе се обиде да се одбрани, сестрата ја удира со колено по стомак.

Гаши информира дека медицинските сестри се приведени, а обвинителството во Пеќ веќе подготви обвинение за кривично дело „напад“ и „помагање во извршување на кривичното дело напад“.

Видеото е многу вознемирувачко!!!:

https://fb.watch/gyE4cz6U_U/