Tag Archives: Балашевиќ

Што му пишал Балашевиќ на Синиша Михајловиќ кога разбрал дека е болен: Што да ти кажам сине?

Писмото што Ѓорѓе Балашевиќ му го испратил на Синиша Михајловиќ на 11 декември 2019 година, откако беше објавено дека Михајловиќ боледува од леукемија, ја здогледа светлината на денот.

– Што да ти кажам, сине? Ме изненади само еднаш во животот, на оној турнир во Бачка Паланка, кога со истиот „лажњак“ Мане Радиновиќ и мене не испрати на излет во Илок. Оттогаш знам со кого си имам работа… И сиве овие години само ја зголемуваше гордоста што се познаваме. Не ти испраќав пораки кога слушнав за таа твоја „болест“, бидејќи знаев дека тоа не може да биде „твоја“ болест и дека брзо ќе ѝ дадеш до знаење дека тоа е само болест и ништо повеќе… А твоето е нешто друго, твое е семејството, љубовта, твој е чесниот живот што отсекогаш си го водел.

Чекам на пролет да те видам „со сините кадрици“, мене, за разлика, косата веќе нема претерано да ми израсне, но ќе ме препознаеш. Биди ми подобро и помирен со секој ден, ти благпдарам што се сети на уморниот стар це-фор од Паланка, не Вокри, туку оној другиот, дебелиот, што го шутираше последниот пенал. Тогаш можеби за влакно изгуби, оттогаш веќе никогаш не изгуби, колку што знам, и нема да изгубиш, без грижа. Идеме понатаму, румено момче…Се ова нужно се смеа само како „запрено време“, ништо повеќе. Ѓ. – стои во пораката која Оливера Балашевиќ ја објави на социјалните мрежи.

(ВИДЕО) Премиера на необјавена песна на Ѓорѓе Балашевиќ

На адресата, „Јован Цвијиќ 33“ во Нови Сад, односно семејната куќа на Џоле, беше претставена антологија на љубовната поезија на Ѓорѓе Балашевиќ, и премиерно беше изведена негова досега непозната песна, пишува „РТС“.

„Се сеќаваме на Џоле секогаш кога сме културни, секогаш кога некому му се заблагодаруваме, секогаш кога некого сакаме, секогаш кога сме најдобри домаќини на странците“, вели Алекса Балашевиќ.

„Џоле е некаде безбеден и неговото присуство во оваа куќа е такво. Конечно“, тврди Јелена Балашевиќ.

Повторната средба со со него, пред неговата куќа, беше посебен аудио-визуелен настан, тамбурџии и членови на семејството. Целиот регион ги чекаше овие стихови, а ќе ги има уште, бидејќи во новата книга има и необјавени песни и преписки меѓу сопружниците. Секоја содржи и оригинални делови од ракописот на Балашевиќ.

НА ЈУТУБ СЕ ПОЈАВИЈА НЕОБЈАВЕНИ ПЕСНИ НА БАЛАШЕВИЌ: Фановите воодушевени, слушнете ги! (ВИДЕО)

На официјалниот јутјуб-канал на Ѓорѓе Балашевиќ се појавија две песни кои повеќето обожаватели веројатно никогаш не ги слушнале. Балашевиќ никогаш не ги објавил песните „Седум дена“ и „Баладата на лебедот и гавранот“ ниту со нив настапувал на концерти, а неговите обожаватели ширум светот би можеле да бидат воодушевени од необјавените материјали, пишува Индекс.

Се работи за детски песни со карактеристичен текст, а и двете траат нешто повеќе од минута. Обожавателите на Балашевиќ во коментарите под песната „Седум дена“ пишуваат дека Балашевиќ ја извел во детската емисија „Полетарац“, во која тој учествувал кон крајот на седумдесеттите и почетокот на осумдесеттите години од минатиот век.

Три песни од Балашевиќ ќе влезат во српските учебници

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ влезе во учебниците за музичка култура за основно училиште. Од оваа година, неговата „Дрвена песна“ се најде во учебникот за осмо одделение, додека песните „Д-мол“ и „Девојка са чардаш ногама“ го најдоа своето место во пониските одделенија, јавува „Евроњуз Србија“.

Обожавателите на Балашевиќ на социјалните мрежи воодушевено коментираат дека знаеле дека тоа мора да се случи и дека песните на Балашевиќ заслужено влегле во наставата во училиштата.

Една од авторите на учебникот за музичка култура, Маја Соколовиќ Игњашевиќ истакна дека Балашевиќ бил еден од најголемите текстописци во областа на поп-музиката, и дека треба да му се даде значење и помладите генерации да се запознаат со неговото дело.

„Нашата цел беше да го приближиме Балашевиќ, но и другите автори кои го задолжија нашето општество на младите. Во нашите учебници се појавуваат Шабан Бајрамовиќ, Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, како и бројни странски популарни бендови и автори“, изјави Соколовиќ Игњашевиќ за „Евроњуз Србија“.

Легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ почина на 19 февруари, на 67-годишна возраст, од последици на коронавирусот.

„Животот почнува со една свеќа на торта, а завршува со една свеќа без торта“: Синот на Ѓорѓе Балашевиќ емотивно

Познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ на 11 мај би го прославил својот 68. роденден, а неговиот син Алекса испрати емотивна порака.

– Како што рековте, животот започнува со една свеќа на торта и завршува со една свеќа без торта. Животот е таа линија помеѓу некои важни броеви и драми, а вечноста е оние три точки што малку луѓе ги пишуваат … Меѓу другото, ти ги напиша одамна. Само да те потсетам на твојот роденден – напиша Алекса.

Емотивно Скопје тагува и му оддава почит на Балашевиќ (Видео)

Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ, човек кој не ги познаваше границите и чии песни се чувствуваа исто во Белград, Загреб, Сараево, Љубjана и Скопје…

https://youtu.be/VpdXQevA13U

Колку беше важен српскиот кантавтор, сведочат и граѓаните кои вечерва се собраа пред платото на „неговата“ Универзалната сала со цел да му оддадат последна почит.

„Скопје за Балашевиќ“ – последен поздрав пред Универзална сала

Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно.

„Скопје за Балашевиќ“, денес со старт во 19ч. пред неговата Универзалната сала, да се собереме и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда

Последните зборови на Балашевиќ го расплакаа регионот – се борел за секој здив

Како што открива извор од болницата, последните часови од животот на Балашевиќ биле многу тешки и исполнети со борба за секој здив.

Во петокот наутро состојбата одеднаш многу му се влоши. Сатурацијата паѓаше од час во час и покрај сите напори на лекарите. Тој дишеше многу тешко и речиси и не можеше да зборува. Пред да го префрлиме на интензивна нега, се обиде да разговара со неговата сопруга Оливера, постојано го кажуваше нејзиното име, нè молеше да ја повикаме. Нејзиното име беше последното нешто што го изговори – вели изворот.

67-годишниот српски музичар и 61-годишната актерка и гимнастичарка стапиле во брак во 1981 година. Тие имаат три деца.

Песната „Оливера“ е само еден од хитовите на Балашевиќ за кои инспирација му била неговата сакана.

Едни од најмоќните стихови на Балашевиќ: Ќе ти зборуваат за пловидба, тие што не кренале сидро

Секогаш ќе се сеќаваме на неговите стихови.

И да се појавеше за десет години, пак би стигнала во право време. Ретките ги наоѓаат ретките… Кога-тогаш.

Има тишини на кои се сеќавам повеќе отколку на најубавите зборови.

Постојат милион градови во кои можеш да заминеш, но само еден во кој можеш да се вратиш.

Ќе ти зборуваат за пловидба, тие што не кренале сидро.

 Бедно е пријателството кое останува како ситен кусур од крупните љубовни банкноти.

Таа, случајно, се омажи на 18 мај 1980. Да се омажеше за мене, веројатно, како вистински маж, понекогаш и ќе го заборавев тој датум. Вака, го запаметив засекогаш

Од накит имаше само очи.

Не се баравме, само се пронајдовме… А сега кога се пронајдовме, како пак да се бараме. Можеби тоа е смислата на љубовта, таа убавина на неизвесноста

Дали тоа навистина беа подобри денови или ние бевме тогаш подобри?!

Цел регион стравува за животот на Балашевиќ

Пејачот и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ (66) бил итно примен на Инфективната клиника во Белград откако развил пневмонјиа. Тој десетина дена се лечел дома од воспаление на белите дробови, но сега состојбата му се влошила, пишува порталот Нова.рс.

Сепак во објавата не е наведено дали пневмонијата на славниот „панонски морнар“ е резултат на зараза од Ковид-19 или се работи за сезонски грип или обична настинка?!

Инаку, Балашевиќ пред две години преживеа инфаркт, по што му беа вградени неколку стента. И заради возраста и заради претходната здравствена состојба тој спаѓа во ризичната група на лица, кои ако се заразат со корона тешко ја надминуваат инфекцијата, пишува порталот.