Tag Archives: балисти

Приведено е лицето кое го симна црковното и го постави албанското знаме на Попова Шапка (Видео)

Вчеравечер е уапсено едно лице кое попладнето од црквата Свети Наум Охридски Чудотворец лоцирана на Попова Шапка прво го симнал знамето на МПЦ – Охридска Архиепискоција а потоа поставил знаме на Албанија.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (28.11.2023) околу 23.30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија. По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, информира МВР.

https://youtu.be/GMXr3JzI6K0?feature=shared

Навивачката група „Балисти“ славеше јубилеј со извици „Каурски пи*ки!“

„Каурски пи*ки!“ – со ваквите етнички навреди со сексуални алузии, повеќепати извикувани, како и „Косово“, „Албанија“, вечерва навивачката група „Балисти“ од Тетово го „прослави“ својот јубилеј 30 – години од постоењето, изведувајќи марш од трговскиот центар „Палмамол“ низ улиците на градот до плоштадот во центарот.

Ова е видно и може да се чуе од видео-снимката, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“, кој ја објави следната вест: „Навивачката група Балисти денеска полни 30 години. На овој 30-годишен јубилеј прославија како никогаш досега. Тетово изгледа само црвено-црно. И во овие моменти Тетово е блокирано од црвено-црните бои и од балистите, кои извикуваат и пеат разни песни за празниците на Ноември“.

Вечерва беа испукани и огномети. Полицијата го обезбедуваше „славеничкиот марш“ на навивачката група „Балисти“ низ улиците на Тетово.


Во Македонија изразот каурин се користи за навредливо именување на немуслиманите како неверници. Изразот пи*ка е популарен назив за женски полов орган но и за означување на некој што е плашлив. Линк до видеото https://www.facebook.com/tetovasot.mk/videos/885350995791072/