Tag Archives: Бардовци

Ново ВИДЕО од тепање пациент во Бардовци: Добредојде кај Џомбата, извини нема …

Вознемирувачко видео на кое пациенти во психијатриската болница Бардовци снимаат и тепаат новодојден пациент се појави на социјалните мрежи кое се појави вчера по социјалните мрежи.

Читател на Булевар.мк ни испрати уште едно видео на кое се гледа насилство врз пациенти во Бардовци кое е на истиот профил на кое беше постирано вчерашното видео.
Погледнете за што се работи:

Денеска медиумите известија дека ДЗСИ веќе издал налог за вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Психијатриска болница „Бардовци“.

Пациенти тепаат новодојден пациент во „Бардовци“ (Вознемирувачко видео)

Вознемирувачко видео на кое пациенти во психијатриската болница Бардовци снимаат и тепаат новодојден пациент се појави на социјалните мрежи.

На видеото се слуша како еден од пациентите бара од човекот да се претстави, а потоа им дава насоки на другите во просторијата да го тепаат.

„Седи тука, воспитни! Така се пречекуваат новите гости“, се слуша на видеото.

Млад пациент избегал од болницата во Бардовци

На 11.09.2022 во 18:00 часот во Полициската станица Карпош, Ј.К.(56) од Скопје пријавил дека од болницата во Бардовци се оддалечил неговиот внук Г.Д.(22) од Скопје.

Тој и претходно бил пријавуван дека се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

На 25.09.2021 во 00:30 часот во Полициската станица Карпош, од Итна медицинска помош било пријавено дека во собата за дежурни лекари во Психијатриска болница Скопје бил пронајден починат дежурниот лекар Љ.Н.(61) од Скопје.

Смрт без траги на насилство констатирала екипа од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.