Tag Archives: Беќаровски

Д-Р БЕЌАРОВСКИ: За одење во странство платија 2 милиони евра да ги тестираат децата, сега не дозволуваат бесплатно

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија, на својот Фејсбук профил напиша свој коментар поврзан со најавениот скрининг на децата во училиштата.

-Повеќе од 100.000 тестови за Sars-Cov-2 се направени на малолетници во Македонија за да патуваат во странство, а нивните родители за тоа платиле околу 2 милиони евра. Истите тие родители, сега не дозволуваат бесплатно нивни деца да бидат тестирани, за да имаат побезбедни училишни денови,- коментира Беќаровски.

Беќаровски pacпали: Само твpдоглaви Балканци нema да веруваат, се сомнева во ефикасноста на вakцината на Синофapм

Д-р Нико Беќаровски на својот фејсбук профил ја пренесува вчерашната прецизна статистика на српските здравствени власти, за тоа колку од пациентите што се на болничко лејкување од ковид во таа држава се вакцинирани, но и со кои видови на вакцини, а и какви хронични заболувања имале овие граѓани.

Од српската статистика може јасно да се види дека најголемиот број од ревакцинираните пациенти кои завршиле во болница поради компликации од коронавирусот, всушност ја примиле вакцината на Синофарм. Притоа, убедливо најголемиот дел од нив се постари пациенти кои се дијабетичари, а има и онколошки пациенти, како и пациенти кои се на дијализа.

Д-р Беќаровски пишува дека се надева оти во најкратко време и нашето министерство за здравство ќе излезе со наша слична статистика.

„Појасно, здравје. Само тврдоглавите Балканци никако да поверуваат“, пишува д-р Беќаровски.

А еве што покажува вчерашната статистика на српските здравствени власти.
Според релевантните податоци, до вчера во Србија се вакцинирани следниов број граѓани и со следниве видови на вакцини.

3,7 милиони дози се дадени од вакцината на Синофарм, 602.000 дози Спутник В, 255.000 АстраЗенека, и 1,3 милиони дози Фајзер.

Во текот на вчерашниот ден на болничко лечење биле 6.155 граѓани, а на респиратор биле 291 пациент.

Од 6.155 граѓани во болница, 5.850 се невакцинирани, што е 95,04 отсто, додека, пак, 305 се вакцинирани, што е помалку од 5 проценти.

Од 305 вакцинирани граѓани колку што се во болница, пресекот на видови на вакцини е следен:

299 граѓани се вакцинирани со Синофарм, а од нив, 201 се дијабетичари, сите над 65 години, 21 се онколошки пациенти над 60 години, 31 пациент се на дијализа и се сите над 50 години, а останатите 46 граѓани се сите над 50 години и имаат нејасна историја на болести.

Потоа, тројца пациенти примиле Спутник В, сите имаат над 70 години, а од нив еден е дијабетичар, двајца се со АстраЗенека, и двајцата се дијабетичари од 58 и 72 години, а еден е што ги примил дветер дози на Фајзер и е дијабетичар од 72 години.

Од 251 пациент кои се на респиратор, нема ревакцинирани, односно сите се невакцинирани.

Во последните 45 дена нема ниту еден пациент кој е ревакциниран.

Д-р Беќаровски: Со толку доктори во советничките листи, ќе може да се направи мини општинска поликлиника

Др. Нико Беќаровски од клиниката за Токсикологија, на својот Фејсбук рофил даде предлог до сите негови колеги доктори кои се на советничките листи.

„Со толку многу мои колеги доктори во сите советнички листи, во секој општински совет ќе може да направите МИНИ ОПШТИНСКА ПОЛИКЛИНИКА.Барем воведете и ден кога во општинските згради ќе има бесплатен консултативен преглед за граѓаните од Општината.Да имаат некаков бенефит и тие, напиша д-р Беќаровски.

Д-р Беќаровски: Парите за реклами за ИЗБОРИ пренаменете ги за БРЗИ ТЕСТОВИ за во скопските УЧИЛИШТА

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, со статус на Фејсбук упати апел до сите кандидати за градоначалниици на Скопје и истакна дека тие треба да се откажат од парите за реклами и рекламенн материјал во престојната кампања и да се пренаменат за брзи тестови за Ковид19 за скопските училишта.

Почитувани КАНДИДАТИ за ГРАДОНАЧАЛНИК на Скопје, зависни, смешно независни, зелени, камикази … Парите за билборди, реклами по телевизии, пенкалца, запалки, ПРЕНАМЕНЕТЕ ГИ ЗА БРЗИ ТЕСТОВИ за Ковид-19, ВО СКОПСКИТЕ УЧИЛИШТА !!!!! Само така може да ме предомислите на 17-ти октомври да не “правам ајвар” – напиша докторот.