Tag Archives: бебиња

Штипјанка роди четворка, трите момчиња и едно девојче голема радост во семејството

Штипјанката Благица Зикова од Штип вчера на свет донесе три момчиња и едно девојче на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Бременоста на родилката ја следела докторката Елена Ели Николовска, која го извршила и породувањето.

Бебињата на брачниот пар Благица и Александар Зикови се родени во 31-недела од бременоста и се во добра здравствена состојба.

БЕБИЊАТА ИМ СПИЈАТ НАДВОР, и на минус 30 – опасно или добра рутина ?

Ако патот ве однесе до Шведска, Данска, Финска и забележите дека многу бебиња спијат безгрижно во своите колички надвор, иако времето можеби не е идилично, всушност е екстремно студено, немојте да се чудите! Ова е вообичаена практика во земјите од северна Европа, а температурата под нулата не ги спречува родителите да ги остават своите бебиња на тераса, игралиште, пред продавница или ресторан …

Додека родителите пијат кафе или купуваат секојдневни потреби, бебињата во Скандинавија спијат надвор, а има дури и посебни зони само за детски колички.

Идејата за „спиење на ладно“ потекнува од Финска на почетокот на 20 век, кога стапката на смртност кај бебињата била многу висока. Арво Илпо, педијатар, укажал на тоа дека децата не треба да поминуваат многу време во мали, затворени и лошо проветрени простории бидејќи затоа се повеќе склони на вируси и бактерии. Верувал дека децата уште од најраните денови од животот треба да се зајакнат за да ја издржат суровата финска клима. Неговите методи го донесоа посакуваниот ефект.

Тамошните експерти истакнуваат неколку предности од дремка на свеж, леден воздух:

1. Подолг и подобар сон

Тим фински научници предводени од Марја Торула тврди дека децата кои спијат надвор поминуваат од 1,5 до 3 часа во сон, додека децата кои спијат внатре спијат само 1 до 2 часа. По дремката надвор, тие се далеку посвежи, поенергични и подобро јадат. Покрај тоа, побрзо заспиваат ноќе. „Ограниченото движење заради облеката веројатно го продолжува спиењето, а студената средина дозволува да не се прегреат“, вели Торуло за Би-би-си, додавајќи дека нејзиното истражување покажало дека -5 степени е најдобрата температура за спиење на отворено, иако некои родители со кои разговарала децата ги изнесуваат на спиење дури и на -30!

2. Подобар имунитет

Спиењето надвор не го зголемува ризикот од инфекции, дури и децата кои дремат на студ имаат поефикасен имун систем и многу поретко се разболуваат.

3. Вложување во иднината

Оцврснувањето на децата од најрана возраст води до подобар академски напредок кога ќе почнат на училиште. Тоа, пред се, се должи на фактот што се поотпорни на болести, па многу помалку ги пропуштаат часовите. Секако, Скандинавците ја прескокнуваат оваа практика ако квалитетот на воздухот во нивната област е лош или има премногу смог. „Мислам дека е добро да бидат на свеж воздух. Особено во зима кога има многу вируси … Децата се поздрави“ „Мислам дека е добро за нив да се на свеж воздух. Особено во зима кога кружат многу вируси… „Мислам дека е добро да се на свеж воздух. Особено во зима кога кружат многу вируси… Децата се поздрави“, вели Лиза Мардон за Би-би-си во Стокхолм. Нејзините три деца спијат надвор од раѓање.

Најмладиот Алфред своевремено надвор спиел и два пати на ден, а кога наполнил две години, тој спиел надвор еднаш дневно по час и половина. Мајката на Лиза го правела истото со неа кога била бебе. А и таткото на Лиза, Питер, мајка му го оставила во количка пред куќата, а го внесувала внатре дури кога температурата ќе падне на -10.

И денес, повеќето градинки во Шведска ја негуваат оваа рутина, па не е реткост да се видат редови на детски колички наредени на снегот за спиење. Има дури и предучилишни установи каде децата целото време го поминуваат на отворено, од 9 до 15 часот. Децата на свеж воздух прават се што би сакале и во затворен простор, а внатре влегуваат само за време на оброците или кога е невообичаено студено.

„Многу е важно децата да имаат нешто волнено облечено најблиску до  телото, топла облека и топла вреќа за спиење“, вели Мартин Јарнстром, директор на една шведска градинка.

Експертите се поделени околу тоа дали оваа скандинавска практика има основа во реалноста и дали децата кои спијат на отворено навистина „заработуваат“ помалку настинки и слични состојби. Педијатарот Маргарета Блену нагласила дека извештаите на Шведската агенција за заштита на животната средина покажуваат контрадикторни резултати.

„Во некои студии, открија дека децата од предучилишна возраст кои главно поминуваат многу време надвор, не само додека дремеле, имале помалку отсуства од оние кои поголемиот дел од времето го поминувале во затворени простории. Во други студии, немало разлика“, рекла таа.

Бебиња и кај хималајскиот тар во скопската Зоолошка градина (ФОТО)

Бебиња и кај хималајскиот тар во скопската Зоолошка градина.

Изминатиот период убави и радосни вести ни пристигнуваа од Зоолошката градина во Скопје. По повеќе од 20 години се родија мали лавчиња, потоа Зоолошката градина се збогати за уште една лама, лемурите нè израдуваа со нов подмладок, па на крајот се роди бебе камила. Имено, пролетта во скопската Зоолошка градина убаво започнува, овој пат со трето бебе лама.

Сега има бебиња и кај хималајскиот тар.

Најслатки: Еве како изгледаат бебињата лавчиња во скопската зоолошка градина (ФОТО)

Пред нецел месец, во скопската зоолошка градина се родија бебиња лавчиња. Тие малку пораснаа и ќе бидат вистинска радост за посетителите.

„На 24 дена од раѓањето, лавчињата одлично напредуваат. Бела е одлична мајка и грижливо ги чува“, посочува директорот на ЗОО Скопје, Кристијан Стаменов.

Две недели ги криевме бебињата во засолништа: Ќе победиме и ќе ги вратиме децата во нивниот Суми

Повеќе од 70 деца беа евакуирани од сиропиталиштето во Суми, откако поминаа речиси две недели во засолниште криејќи се од руските бомби, изјави гувернерот Дмитро Живицки, кој објави и фотографии.

Во објава на Фејсбук, тој објави неколку слики и напиша: „Ги криевме овие бебиња во засолништа речиси две недели“.

– Фала му на Бога, успеавме да ги најдеме оние кои можат да ги сместат на безбедно место, во друга земја. Штом ги најдовме, за прв пат ги изнесовме децата од специјализираниот дом за деца без родители низ хуманитарниот коридор. Тоа се деца кои немаат родители и на повеќето им е потребна постојана медицинска помош – вели Живицки.

Тој додава дека од се срце е благодарен за грижливиот прием на децата.

– Ви благодариме на сите што го овозможивте ова! Безбедно преселување, лекување и засолниште подалеку од војната.Ќе ги победиме орките и ќе ги вратиме децата во родното Суми – напиша Живицки.

Центар.мк

Нови бебиња во Зоолошката градина, се родија мали патаси

Принова кај патасите во скопската Зоолошка градина. Живеалиштето на мајмуните од видот патас од пред неколку дена е побогато со две бебиња.

-За поголемото веќе знаеме дека е момче и ќе се вика Бах, додека за помалото се уште го немаме утврдено полот. Да ни се живи и здрави, информираат од ЗОО- Скопје.

Што се случува во Гевгелија !?50 БЕБИЊА И ДЕЦА ПОБАРАЛЕ ЛЕКАРСКА ПОМОШ за респираторни инфекции…

Министерството за здравство ја информира јавноста дека изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината. Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во ОБ Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.

– Во мометов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само само две бебиња, поради возраста, а 20 -тина деца се на терапија, но истите не се задржани во болница. ОБ Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи и по завршувањето на истите јавноста ќе биде информирана, велат од Министерството за здравство.

Тим од Клиниката за детски болести од Скопје денеска во Гевгелија заедно со тамошните лекари во Општата болница ќе испитуваат од каква респираторна инфекција заболеле педесеттина деца и бебиња. Тестовите за Ковид-19 кај децата биле негативни, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека сè уште нема информации ниту детали за тоа за каква инфекција се работи и од што е таа предизвикана.

-Ваков тип на инфекции не се карактеристични за летниот период, туку за есен, и затоа ќе се испитува што ги предизвикало, истака Филипче одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Според информациите со кои тој располага вакви случаи не се пријавени во други градови во земјава.

Во скопската Зоолошка за првпат се родија белоносести коати

Во скопската Зоолошка градина за првпат се родија бебиња белоносести коати, или уште познати и како коатимунди.

-Како вид потекнуваат од шумските предели на Централна и Јужна Америка. Тие се нарекуваат уште и коатимунди. Коатите тежат до 4 килограми и со своите опашки многу потсетуваат на ракуните, велат од Скопје ЗОО.

Нов светски рекорд – 37 годишна жена роди 10 бебиња !😮

37-годишна жена родила десет бебиња и постави светски рекорд, подобрувајќи го претходниот на Халима Сисе која роди девет деца во Мароко во мај.

Жосиаме Ситол стана мајка на седум момчиња и три девојчиња кои се родени во болница во главниот град на Јужна Африка – Преторија.

Таа се породила со царски рез, според локалните медиуми, информирани од нејзиниот сопруг Тебохо Цотеци.

– Таа беше седум месеци и седум дена бремена. Среќен сум и возбуден. Жал ми е, не можам да зборувам многу во моментов – изјави тој пред новинарите.

Жосиаме за време на бременоста за медиумите изјави дека е „шокирана и фасцинирана“ од фактот дека носи толку многу бебиња.

Првично се сметаше дека се осум, но тестовите подоцна потврдија дека биле десет бебиња.

Лекарите велат дека случајот е вистинска реткост, бидејќи не е резултат на третман со неплодност.

Бебињата ќе ги поминат следните неколку месеци во инкубатори.

Тие се со недоволна тежина и лекарите ќе се борат за своите животи.

Пудрата на „Џонсон и Џонсон“ пpeдизвикува paк на јајниците! Компанијата треба да плати 2$ милијарди обештeтyвaње

Американскиот Врховен суд донесе одлука дека компанијата „Џонсон и Џонсон“ ќе исплати вкупно две милијарди долари обештетување на жените кои тврдат дека добиле рак на јајници поради употребата на бебешка пудра во прав од таа компанија, пишува Independent

Судиите денеска не коментираа за одбивањето на жалбата поднесена од компанијата „Џонсон и Џонсон“.

Компанијата тврди дека немала фер третман во едно испитување со 22 жени со рак, од различно потекло од 12 различни држави.

Судот од Мисури првично додели отштета од 4,7 милијарди долари на жените, но Апелациониот суд ги отфрли тужбите на двете жени и го намали обештетувањето на две милијарди долари.

Бебешката пудра во прав произведена од „Џонсон и Џонсон“ содржи азбест, а азбестот може да предизвика рак на јајниците, утврди жирито, додека компанијата ги оспори обете точки.

„Џонсон и Џонсон“, со седиште во Њу Бранзвик, Њу Џерси, престанаа да ја продаваат својата позната бебешка пудра во САД и Канада, додека пудрата се уште се наоѓаат на пазарот на друго место во светот.