Tag Archives: Белград

(ВИДЕО) БЕЛГРАД ПОГОДЕН ОД НЕВРЕМЕ Пороен дожд ги поплави улиците

Српскиот хидрометереолошки завод од утрово издаде повеќе соопштенија и предупредувања за временски промени и невреме со обилни врнежи од дожд.

По невремето што ги зафати Суботица, Нови Сад, Чачак и Краљево, силен дожд падна и во Белград. Силниот дожд беше пропратен со бурен ветер.

Српскиот хидрометереолошки завод од утрово издаде повеќе соопштенија и предупредувања за временски промени и невреме со обилни врнежи од дожд.

Невремето од Хрватска најпрвин пристигна во Суботица, каде падна пороен дожд пропратен со грмежи и силен ветер, по што интензитетот на невремето полека се зголемуваше.

Потоа невремето се спушти кон Нови Сад, каде на моменти налетите на ветерот беа неверојатно силни, проследени со обилен дожд што го отежна сообраќајот.

Каков билборд во Белград! БРАВО МАМА (Фото)

Браво за оваа мајка 👇👏🤩

– Му се извинувам на синот Марко што не верував дека ќе заврши факултет. Ти честитам, сине, небото е граница! Мама Дијана – гласи пораката.

Фото:

ХОРОР ВО БЕЛГРАД: Мајор се самоуби во касарната

Мајорот И.Н. на должност во Министерството за одбрана кој бил на командно-штабна обука, денеска околу 16 часот и 45 минути бил пронајден обесен во просториите на касарната „Генерал Јован Мишковиќ“ во Белград, соопшти полицијата.

И покрај исклучително брзата реакција на екипата за итна помош, обидот за реанимација беше неуспешен.

Мајорот И.Н. е роден 1977 година во Шибеник, а во војската на Србија служи од 2000 година.

Се споија небото и земјата: Страшно невреме во Белград (Видео)

Силно невреме започна во главниот град на Србија.

Како што јавија српските медиуми, црни облаци се надвиснаа над градот. Дожд врне во Нов Белград, Миријево, Дорчол…
Во центарот на Белград, како што велат, има поплава…

Во делови од градот се очекува да наврнат над 20 до 30 мм дожд на метар квадратен.

Во следните два часа во белградско ќе има повремени обилни врнежи со грмежи, кои локално ќе бидат придружени со град и засилен ветер. Поројни врнежи со грмежи и град се очекуваат и во подрачјето на централен и јужен Банат и западна Србија – пишува на веб-страницата на РХМЗ.

ЛИНК од видеото

Брутална тепачка меѓу средношколци од две белградски гимназии (Видео)

На социјалните мрежи е објавено видео од тепачка во Звездарска Шума. Се гледа како машките се удираат со тупаници, клоци, а девојчињата викаат по нив да не користат факели. Видеото за краток период видеото стана вирално, а се испостави дека станува збор за матуранти во Шестата и Седмата белградска гимназија.

Директорот на Шестата белградска гимназија, Радисав Милиќ и директорот на Седмата белградска гимназија Мирослав Маркиќевиќ кажаа што се случувало дента.

– Тој ден се беше убаво во училишниот двор, децата се однесуваа соодветно, се поздравија со учителите. После тоа сами се собраа во Звездарска шума, не знам која е причината за тепачката – рече Радисав Милиќ, директор на Шестата белградска гимназија.

За матурантите на Седмата белградска гимназија, директорот Мирослав Маркиќевиќ изјави дека нивните ученици биле љубезни додека биле во училишниот двор. Тој тврди дека не знае како се случил инцидентот во Звездарска Шума.

Бран насилства ја „тресат“ Србија, за што имаше и протести. Претходно, се случија два масакри, еден во училиште во Белград, а друг во Младеновац.

Стојанова се пофали дека Скопје го има она што Белград го нема (ВИДЕО)

Македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова ни минута не мирува. Туку што заврши со еден, сега се подготвува за нов летен предизвик на егзотична дестинација, заедно со својата избрана „женска армија Праскички“, како што ги нарекува своите членки и придружнички на нејзините предизвици.

Во меѓувреме, инфлуенсерството полека и станува втора професија, па Ана се’ почесто има прилика нешто да рекламира. Услуги или производи, зависи од понудата, а таа овој пат беше дел од женскиот асортиман за летните денови што доаѓаат. Конкретно, костимите за капање на еден познат македонски бренд беа тиа што на Ана Стојанова и нејзината избрана женска екипа им беа доверени за реклама на билборди.

Ана замина во соседството во српската престолнина по своја работа. И додека се возеше по белградските улици, успеа да забележи дека Белград го нема она нешто што Скопје го има…

Со два куршума во грбот бил ранет македонскиот државјанин во Врачар (Видео)

Во вчерашната престрелка во Врачар ранет е 21 годишен македонски државјанин.

Како што соопшти српската поилиција најпрвин бил ранет А.П. (26), а потоа со два куршуми во грбот бил ранет македонскиот државјанин Д.Л. (21).

Како што информираат српските медиуми повикувајќи се на информации од српското МВР, другарот на ранетиот Македонец го пренел на безбедно и повикал полиција и брза помош. 

Младо момче од Македонија застрелано в грб во престрелка во Белград

Две млади момчиња се ранети во престрелката во понеделникот вечерта на укицата Максим Горки“ во централната белградска населба Врачар.

Дваесет и деветгодишниот А.П. вечерва во 19,40  часот на аголот од улиците „Цар Николај Втори“ и „Максим Горки“ бил застрелан во пределот на десната надколеница. Ранетиот во досието има 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништва. Во сила е налог за издржување затворска казна.

Во престрелката е повреден и македонскиот државјанин 21-годишниот Д.Л.. Тој беше застрелан во грбот. Засега не се знае дали бил во друштво на А.П или, пак, случајно бил ранет.

Се трага по напаѓачот. Според описот е на возраст од околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки. По пукањето побегнал кон Чубурски парк, пренесува Пинк.рс.

Во моментот на пукањето паркот бил полн со деца и кога се слушнале истрелите сите се исплашиле, а потоа некој сугерирал дека најверојатно се петарди и играта продолжила.

По 12 дена борба за живот, почина девојчето кое беше рането во училиштето во Белград

Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот.

Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишно момче на 3 мај во ова училиште, кое уби девет ученици и чувар, пренесуваат српските медиуми.

Девојчето починало во болница, а имала тешки повреди на главата, но и покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегнало на повредите.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изрази сочувство до семејството на повреденото девојче.

50 ИЛЈАДИ НА МАСОВЕН ПРОТЕСТ ВО БЕЛГРАД – Се бара затворање на медиумите кои промовираат омраза (ВИДЕО)

Смена на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ и на директорот на Безбедносно информативната агенција Александар Вулин беше побарана на протестниот марш „Србија против насилството“, што вечерва се одржува во Белград како реакција на неодамнешните масовни пукања, во кои беа убиени 17 луѓе, главно деца и млади.

Илјадници граѓани и претставници на опозицијата, која го организира маршот, прво се собраа пред зградата на парламентот, по што мирно продолжија кон владата. Најавено е дека протестот ќе помине без говори и обраќања од учесниците.

Истовремено се одржува протест и во Нови Сад и други градови низ земјата.

„Во оваа земја никој не се чувствува сигурно. Затоа и бараме оставки на Гашиќ и Вулин. По она што ни се случи, ова се малку луѓе“, изјави актерот и опозиционер Сергеј Трифуновиќ за „Н1“.

На почетокот на протестот беа прочитани барањата до владата, на која ѝ се дава рок до петок да ги исполни. Меѓу другото, се бара затворање на печатените медиуми кои промовираат омраза и насилство и во континуитет го кршат новинарскиот кодекс, како и одземање на националните фреквенции на телевизиите „Пинк“ и „Хепи“.