Tag Archives: бензинскапумпа

Таче ,,се појави” на бензиска ! (Фото)

Банер со лик на премиерот Ковачевски се појави утрово на бензинска пумпа во скопската населба Карпош.

Организаторите на ,,Герила” акцијата со банерот на кој е сликата на премиерот на граѓаните го пренесуваат неговото задоволство од тоа што тие го полнат буџетот со кој располага неговата влада.

Премиерот ,,се појави” на бензинска пумпа откако вчера СДСМ, ДУИ и коалицијата во Собранието го отфрли законскиот предлог за намалување на акцизите и даноците на нафтените деривати поради кои цените на бензинот и дизелот дојдоа до речиси две евра за литар.

По Германија вчера и Хрватска ги намали акцизите и даноците на горивата со што сега Македонците плаќаат поголеми цени на бензините од повеќе европски богати држави.

Ја ЗАБОРАВИЛ СОПРУГАТА на бензиска пумпа, после 100 километри се сетил

Аргентинец ја заборавил спопругата на бензиска пумпа, но за работата за биде уште полоша, тој сватил дека “нешто не е во ред“ после поминати 100 км.

При враќањето од патување во Бразил, Самуел и Клаудија, брачни пар од Аргентина застанале на бензиска пумпа за тој да го наполни резервоарот и малку да се одмори. Откако наполнил бензин и отишол од тоалет, Самуел си го придолжил патот со автомобилот. Концентриран на сообрајќајот, не ни забележал дека Клаудија ја нема во колата. Самуел бил уверен дека неговата жена спија на задното седиште како што спиела пред да стигнат на бензиската станица.

Всушност, додека тој го полнел автомобилот со бензин, Клаудија се разбудила и одлучила да оди до продавница и да купи нешто за јадење. За да се биде уште почудно, со нив бил и 14 годишниот син кој седел на совозачкото седиште и ништо не забележал што се случува бидејќи играл игри на мобилниот телефон.

Кога жената увидела дека сопругот и синот заминале без неа, Клаудија пробала да му телефонира на сопругот, но поради лошиот сигнал не успеала. “Напуштената“ сопруга на крај заминала во полициска станица каде почекала сопругот да се сети на неа. Но, тој тоа го направил по “само“ 100 км.

Кога после 2 часа тој се појавил, а жената почнала да го удира автомобилот од бес – раскажале полицајците.