Tag Archives: бездомници

Бизнисмен ја прослави свадбата на својата ќерка со изградба на 90 куќи за бездомници! (ВИДЕО)

Бизнисмен ја прослави свадбата на својата ќерка со изградба на 90 куќи за бездомници.

Индискиот тајкун Ајај Мунот ја прослави свадбата на својата ќерка на малку необичен начин.

Изградил дури 90 куќи за бездомници. Овој дарежлив човек, инаку трговец со облека и пченица, потрошил 11 милиони долари за свадбата на својата ќерка.

Замислете само церемонија во која се вложени толку многу пари.

Но, младенците не останаа со празни раце – добија нов дом и во исто време се согласија со идејата на Мунот да изградат домови за оние кои немаат покрив над главата.

Ова е навистина вест што не ја слушате секој ден и заслужува голема пофалба.

Погледнете го и видеото:

Бездомен пар e 24 години заедно, а немалe пари за венчавка, фризерот ги скоцка

Еден бездомен пар ја откри својата трансформација откако доби изненадувачка промена за гламурозна свадбена фотосесија.

Розалин Ферер (50) и Ромел Баско (55) од провинцијата Пампанга, Филипини, веќе неколку години живеат во мала колиба со своите шест деца.

По 24 години заедно, тие не биле во можност да се венчаат затоа што не можеле да си го дозволат тоа и биле премногу зафатени собирање осттоци за добивање доволно храна за јадење секој ден.

Ричард Страндц, кој е сопственик на фризерски салон во близина на домот на двојката, го запознал парот додека собирале пластика за да продадат за да имаат пари за храна и разговарал со негови пријатели за да договорат комплетен пакет за венчавки за парот.

Ричард им помогнал на парот да ги обработат документите за нивниот брак и ја финансирал нивната венчавка во црква.

За нивната гламурозна фотосесија на 13 февруари, Розалин добила бела венчаница, а Ромел носел костум од Тарагол Баронг.

Розалин рече: „Еднаш сонував дека имам бела венчавка, но тоа беше кога бев мало девојче. Одамна тоа ми излезе од умот.

– Никогаш немавме доволно пари и се на што се концентриравме беше тоа да добиеме доволно храна да јадеме секој ден. Сега се чувствувам толку благословено што се случи. Јас сум многу благодарен.

Првата дама зготви оброци за бездомните и социјално загрозени лица

Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска денеска се вклучи во активноста на граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк“, односно подготовка на храна за бездомни и социјално загрозени лица.

Храната се подготвувала во кујната на црквата „Гласност“.

Од претседателскиот кабинет информираат дека согласно со досегашната практика, оброците ќе бидат распределени во текот на претстојниот викенд, кога не функционираат народните кујни.

„Кризата којашто е последица на пандемијата на Ковид-19, најтешко се одрази кај овие категории на ранливи граѓани. Оттука, зголемена е и потребата за топол оброк. Да бидеме хумани и солидарни, да им помагаме на оние на кои таа помош им е најпотребна. Да споделиме храна со граѓаните коишто не можат да обезбедат оброк за себе или за своето семејство“, истакна Ѓоргиевска.

Во активностите на „Ретвитни оброк“, како што додаде Ѓоргиевска, може да се вклучи секој што смета дека може да придонесе.

Неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“ заедно со здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци „Вистински дела на љубезност“, повеќе од пет години, им помагаат на најранливите граѓани.

Двете организации беа дел и од хуманитарната акција иницирана од Кабинетот на претседателот Пендаровски, „Волонтираме за солидарно општество“ .

МИА