Tag Archives: Благоевград

БУГАРИЈА ОДБИ ДА ГО РЕГИСТРИРА МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ „НИКОЛА ВАПЦАРОВ“ ВО БЛАГОЕВГРАД

Бугарските власти одбија да го регистрираат македонското здружение „Никола Вапцаров“ кое го отвори истоимениот културен клуб во Благоевград во октомври минатата година, соопштија од клубот. Бугарската Агенција за регистрација завчера ги известила основачите на здружението дека нивното барање за регистрација е одбиено со образложение дека е неуставно.

Оваа постапка на бугарските власти е спротивна на 15-те пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур против забраната за здружување на Македонците, како и на препораката на Комитетот на министри на Советот, кој во декември ја повика Бугарија да дозволи регистрација на здруженија кои имаат за цел признавање на македонското малцинство во Бугарија.

„Македонскиот културен клуб ‘Никола Вапцаров – Благоевград’ беше отворен по приватна иницијатива на крајот на октомври годинава, а неодамна беше скршен излогот на клубот и приведени четири лица во врска со инцидентот. Целите на здружението, декларирани од клубот, се: ‘културна комуникација меѓу народите и земјите од Балканот за мир и добрососедство, како и поддршка на универзалните човекови права, вклучително и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата’. На 10 февруари добивме решение за одбивање на регистрацијата, што значи дека на нашето здружение му е ускратена легитимноста и е забранета“, велат од клубот „Никола Вапцаров“ во пораката до медиумите.

Бугарската полиција НЕ ИМ ДОЗВОЛИ на Македонците да развеат МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ во Благоевград

Македонците од Пиринска Македонија во организација на ОМО Илинден Пирин го одбележаа раѓањето на великаните на македонската револоуционерна борба за слобода и самоопределување Гоце Делчев.

Денот бил одбележан во неколку бугарски градови и села кои со полициско присуство. Свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Горна Џумаја, денешен Благоевград, положија членови на ОМО „Илинден“-ПИРИН, на Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија и македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ и на други македонски организации.

Присутни беа активисти од Благоевград, Софија и Разлошко.

За значењето на Гоце Делчев пред присутните зборувал Ангел Радонов, член на Централниот совет на ОМО „Илинден“-ПИРИН.

Полицијата не им дозволи на Македонците да веат македонски знамиња во Благоевград: знамето со ѕвездата од Кутлеш, знамето на ОМО Илнден – ПИРИН, па дури и знамето на Европската алијанса за слобода.

Иако Македонците им рекле на полицијата (вклучувајќи ги и цивилите) дека тоа секогаш го правеле во последните години, полицијата не дозволила под изговор „да немаме проблеми, ниту вие, ниту ние“.

За разлика од Бугарите кои денеска ја нападнаа македонската олиција, Македонците во Бугарија ги испочитувале зборовите на бугарските полицајци и дотојно му оддадоа почит на македонскиот великан Гоце Делчев.

Во Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ продолжи прославата во чест на Делчев.

ЛИНК од првата објава

ЛИНК од втората објава

ЏАМБАСКИ сепак СИ ОСТАНА во Благоевград, оттаму ги упати НАВРЕДИТЕ (ВИДЕО)

Иако бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски првично најави дека ќе дојде во Скопје на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, денеска тој сепак остана во Благоевград, каде од пред споменик ги упати своите вообичаени провокации и пораки.

Градоначалникот на Благоевград не може да се помири со отворањето на македонскиот клуб

Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов во врска со вчерашните случувања околу отворањето на клубот „Никола Вапцаров“, за БНТ изјави дека е важно што се поминало мирно и без нарушување на јавниот ред во градот, јавува дописникот на МИА од Софија.

Стојанов не очекува нови тензии. Според него, Благоевград е многунационален град во кој живеат и живеат луѓе од различни националности како една заедница меѓу себе. Така да не очекува никакви нарушувања на состојбата во таа насока.

Илко Стојанов коментира дека македонскиот клуб е нелегитимен бидејќи не е во согласност со Законот за организација на територијата на Бугарија и додаде дека тој повеќе е канцеларија во која се собираат луѓе на приватна основа. Според Стојанов, клубот не треба да го носи името на Никола Вапцаров.

Отворен македонскиот културен клуб во Благоевград

Отворен е македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Отворањето на клубот, според основачите, е со цел да ги зближи двата народа и да ги надмине разликите.

– Ова е клуб којшто ќе помогне во Бугарија да ја препознаат македонската култура, а со неа и македонскиот народ. Културниот момент е тој којшто навистина може да ги зближи народите и да ги надмине разликите, беше речено на отворањето на клубот.

Отворањето на клубот го следат голем број новинарски екипи, а има и засилено полициско обезбедување.

Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански проследена со гласна музика. ВМРО-Бугарско национално движење најави и протест. (МИА)

Џамбаски повика на протест во Благоевград – да се урне ,,македонизмот на србоманите од Скопје”

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски повторно провоцира во пресрет на утрешното отворање на македонскиот клуб Никола Вапцаров во Благоевград, во Пиринска Македонија.

Џамбаски ги повика сите да излезат на протест со цел да се урне „македонизмот мотивиран од србоманите од Скопје”.

Бугарскиот национален интерес мора да биде заштитен затоа секој вистински Бугарин треба утре да дојде во Благоевград пред споменикот на Георги Николов Делчев. Заедно да ја заштитиме иднината, сегашноста и минатото, рече Џамбаски.

Бисер Балкански ечи во ноќен клуб во Благоевград, Цаки Кисми порача, вака се сака Македонија (ВИДЕО)

Бисер Балкански, Јовано Јованке, Ја излези Ѓурѓо се само дел од македонските песни кои публиката ги пееше заедно со Цаки Кисми во Благоевград викендов.

Фолк пејчаот објави видео на Фесјсбук од атмосферата во ноќниот клуб во Благоевград и порача, вака се презентира и сака Македонија во Бугарија.