Tag Archives: близнаци

Чудо во Индија – Новороденче во својот стомак ги носело телата на своите 8 близнаци

Како што објави Њујорк пост, извонредниот феномен се случил на 10 октомври откако во приватна болница во областа Рамгар во државата Џарканд се родило бебе со ненормално отечен стомак.

На почетокот, родителите на девојчето биле загрижени дека израстокот всушност може да биде тумор, а првичната дијагноза се чинело дека е точна, дури и поткрепена со томографија. Меѓутоа, откако девојчето било префрлено во Детската болница и истражувачкиот центар Рани, тим предводен од д-р Мохамед Имран открил дека тоа не е вистина, туку нешто побизарно.

Имено, се покажало дека новороденото девојче има феномен познат како фетус во фетус, а тоа е облик на малформација слична на онаа на споени близнаци. Тоа се случува само еднаш на околу 500.000 родени бебиња, а се случува на самиот почеток на бременоста кога јајце клетката од одредена причина не успева целосно да се подели на два дела, од кои би се развиле две идентични близнаци.

Во случај на фетус во фетус, доминантниот фетус расте додека другите живеат во него. Оние кои се заробени можат да живеат и да растат во стомакот со години како паразити, додека не станат толку големи што не почнат да му штетат на својот домаќин. Тоа се случило со ова мало девојче.

Но, нејзиниот случај е особено уникатен затоа што таа носела рекордни осум неразвиени фетуси во абдоминалната празнина, за што лекарите тврдат дека е најголемиот број на ембриони забележани досега. Откако девојчето го држеле 21 ден под опсервација, лекарите успеале да ги извадат сите ембриони, а девојчето добро закрепнува по операцијата.

Ова ВИДЕО со БЛИЗНАЦИТЕ доби милиони прегледи, а еве и зошто?!

Познато е дека помеѓу браќата и сестрите близнаци постои некоја посебна врска.

Па така можеме да слуснеме дека едни со други имат предчуство кое е многу тешко логично да се објасни, а најчесто се работи за предвидување дека на другиот нешто му се случува.

Дека ваква врска постои уште од самото раѓање, покажува и оваа снимка која се појави на друштвените мрежи, снимка поради која се појавија лавина на коментари, а доби и милиони прегледи.

Имено како сто може да се види на снимката, еден од близнаците среде ноќ ја фрли цуцлата кон својата сестра која спиеше во кревето до него.

Бидејќи девојчето не реагираше одма, нејзиниот брат почна да плаче, а таа веднаш ги отвори очите, се протегна и одма знаеше што тој сака од неа.

Стана, му ја даде цуцлата, а притоа се врати во својот кревет.

Помеѓу близнаците сепак постои некоја тајна врска, НЕЛИ?

@boehmetwins This will make your day!!! #twins ♬ original sound – boehmetwins — Jack and Ivy

Во Калифорнија родени близнаци кои ќе слават различни родендени

Персоналот на болницата во калифорнискиот град Салинас и брачната двојка Фатима Мадригал и Роберт Трухиљо ќе ја паметат новогодишната ноќ по необичен настан – близнаци родени во две години, петнаесет минути пред полноќ на 31 декември и на полноќ на 1 јануари 2022 година.

Фатима и Роберт прво го добија својот син Алфред Антонио во 23:45 на последниот ден од 2021 година, а неговата сестра близначка Ајлин Јоланда Трухило се роди на полноќ на 1 јануари, јавија локалните медиуми.

Болницата на Твитер објави дека веројатноста за тоа да се случи е еден на два милиони.

– Лудо ми е што се близнаци и имаат различни родендени, изјави мајката Фатима Мадригал, признавајќи дека и самата била „изненадена и среќна”.

Матичната лекарка во болницата, докторката Ана Абрил Ариас, изјавила дека ова породување е „едно од највпечатливите” во нејзината кариера.

– Беше апсолутно задоволство да им се помогне на овие малечки безбедно да пристигнат во 2021 и 2022 година. Каков неверојатен начин да се започне Новата година, рече Ариас.

Двете бебиња наскоро ќе одат дома кај своите три постари сестри и брат-две девојчиња и едно момче

ЖЕНАТА со близначињата, со двете деца ВО РАЦЕТЕ ИЗГОРЕЛА ПРЕД ВРАТАТА НА АВТОБУСОТ

Жена со две деца во рацете изгоре пред вратата на автобусот, јавуваат бугарските медиуми, се претпоставува дека станува збор за семејството.

Пред средната врата од автобусот има изгорено жена со две деца во рацете, најверојатно близнаци, јавува „24 часа“.

Инспекторите во моментов проверуваат за дополнително гориво бензин во автобусот, бидејќи дизелот тешко експлодира, а автобусот бил на дизел.

Еден од преживеаните патници на премиерот Зоран Заев му раскажал дека го разбудила голема експлозија.

Инаку засега е познато дека 45 лица живи изгореа во автобусот на автопатот Струма во два часот утринава, сите патници се од Македонија, а поголемиот дел од Скопје.

Пред местото на несреќата е пронајдено и парче гума, што најверојатно пукнала, по што возачот удрил во заштитната ограда.

Седумте преживеани од автобусот се спасиле откако го искршиле стаклото и излегле низ него.