Tag Archives: Бобан

Утре пред судот во Тетово повторно ПРОТЕСТ ЗА ПОДДРШКА НА ДОКТОР БОБАН

Почитувани сограѓани на ден 21.03.2023 (Вторник) со почеток од 09:00 часот пред Основниот суд во Тетово ќе се оддржи мирен граѓански протест во знак на поддршка за неправедно обвинетиот Д-р Бобан Вучески – пишува на настанот на Фејсбук кој го организира група граѓани за поддршка за доктор Бобан.

Докторот е обвинет дека дозволил влез на роднини во модуларната болница во која избувна пожар, а тоа не било дозволено и било спротивно на препораките за постапување во време на пандемија.

Предметот е во почетна фаза на судење, а со оглед дека низа рочишта се одложија поради отсуство на адвокати, обвинети, но и поради доказниот материјал, од кој се бараше копија за обвинетите.

Преку протестите што се организираат пред секое судење се бара докторот да биде ослободен од вина, односно да биде повлечено обвинението против него.