Tag Archives: бокс

Димитар Ѓоргиев е нов СВЕТСКИ ШАМПИОН во кик-бокс!

Најдобриот македонски кикбоксер, Димитар Ѓоргиев по шест години повторно ја врати светската шампионска круна во кик-бокс во свои раце. Ѓоргиев на Светското кикбокс првенство кое се одржува во Италија, стигна до златниот медал во дисциплината лоук-кик.

Македонскиот кикбоксер имаше извонредна финална борба победувајќи го Никола Дробњак од БиХ со 3-0, за нова светска круна. Претходно, како што е познато, Ѓоргиев во полуфиналето славепе и против Никола Николов од Бугарија.

За Димитар Ѓоргиев ова е четврто светско злато во кариерата уште еднаш потврдувајќи дека е еден од најдобрите светски кикбоксери. Претходно, со светската шампионска титула се закити на СП во 2011, во 2013 и во 2015 година. На светските првенства во 2017 и во 2019 година го освои бронзениот медал. Во својата кариера Ѓорѓиев има и европска шампионска титула од ЕП 2018, а на ЕП 2012 го освои сребрениот медал.

СИТЕ БОРБИ НА ДИМИТАР ЃОРГИЕВ НА СП 2021 ВО ИТАЛИЈА:

ДИСЦИПЛИНА ЛОУ КИК (до 81 кг.)
Димитар Ѓоргиев – Давид Дано (Италија) 3-0
Димитар Ѓоргиев – Милош Даковиќ (Србија) 3-0
ПОЛУФИНАЛЕ
Димитар Ѓоргиев – Никола Николов (Бугарија) 3-0
ФИНАЛЕ
Димитар Ѓоргиев – Никола Дробњак (БиХ) 3-0

Мајк Тајсон ce вpaќa вo pингoт вo ceптeмвpи?

Тренерот на Мајк Тајсон, Рафаел Кордеиро зборуваше за времето на можно враќање на боксерот во рингот.

– Продолжуваме со тренинзи. Тој е спортист и секогаш вежба, работи на нозе во фитнес центар. Мислам дека ќе имаме нешто во септември. Не знам кои ќе бидат ривали, бидејќи неговата компанија „Legends Only League“ работи на тоа.

Таа преговара за договор со ТВ – само тие можат да го објават распоредот, а ние тренираме. Ќе се бориме во септември, рече Кордеиро.

Да потсетиме, во ноември 2020 година, Тајсон имаше дуел со Рој Џонс јуниор.

Кој е Македонскиот боксер кој ја освои титулата во европската УБФ ?(фотогалерија)

Македонскиот професионален боксер Горјан Гого Славески ја освои УФБ ферзијата до 76 килограми на вчерашниот турнир во Минхен, Германија.

За 26-годишниот Македонец ова беше осма победа на десет досегашни борби во профи рингот.

Славески го победи Србинот Славиша Миодраг со нокаут во петтата рунда во мечот кој беше предвиден да трае осум рунди.

Следен предизвик за Славески е мечот за ВБФ балканската бокс федерација.

Се очекува Славески во вторник да се врати во Скопје и да има разговори со надлежните за да се приклучи на македонската боксерска репрезентација.

Фотогалерија: