Tag Archives: борба

По 12 дена борба за живот, почина девојчето кое беше рането во училиштето во Белград

Девојчето А.А кое беше тешко повредено во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, почина по 12 дена борба за живот.

Таа е 10-та жртва на масакрот што го изврши тринаесетгодишно момче на 3 мај во ова училиште, кое уби девет ученици и чувар, пренесуваат српските медиуми.

Девојчето починало во болница, а имала тешки повреди на главата, но и покрај натчовечките напори на лекарите, девојчето им подлегнало на повредите.

Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и во име на Министерството за здравство изрази сочувство до семејството на повреденото девојче.

Ангелов до Државниот врв: На денот на „победата над УЧК“ да оддаде почит на бранителите

По положувањето цвеќе на споменикот на бранителите, претседателот на партијата Достоинство, Стојанче Ангелов, синоќа упати повик до државниот и политичкиот врв на државата на 26 март да им оддадат почит на бранителите од 2001 година.

– Го покануваме претседателот на државата Стево Пендаровски, како врховен командант на вооружените сили, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, другите клучни министри, но воедно и лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, лидерот на Левица Димитар Апасиев и претседателите на помалите политички парламентарни и вон парламентарни партии на 26 март во 12 часот, денот кога македонските безбедносни сили извојуваа победа над УЧК, да дојдат овде и да оддадат почит на македонските бранители, рече Ангелов.

Според Ангелов, ова нивно барање до државниот и политичкиот врв не треба да предизвика, како што рече, никакво влошување на меѓуетничките односи.

Ахмети: НЕ ОТИДОВ ВО ХАГ затоа што борбата ми беше ПРАВЕДНА

Ајде вечерва да разговараме и да видиме што сме направиле, што сè уште не сме направиле и што треба да направиме. Вечерва сме тука по речиси тринеделни средби. Ајде да докажеме дека стоиме зад мирот и младите, нема да го напуштам бродот без да ја ставам ДУИ на реформскиот пат, изјави во Желино лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Јас сум за младината, да ја поддржиме и да останеме силни затоа што само со поддршка од заслужените луѓе може да ги водиме процесите напред. Помина времето на квантитетот, денес ни треба квалитет. Денеска треба да видиме како треба да постапиме, бидејќи Европа не не прифаќа без стандарди. ДУИ е добро организирана и  етаблирана партија, така што оваа партија е наше национално богатство. ДУИ е крвта на затворените, мртвите Албанци, тоа е дело на интелектуалците, затоа сите идеалисти и мисионери  застанаа покрај нас, инвестираа и инвестираат, а секако да не ја заборавиме и жртвата на нашиот народ. Посветени сме на мирот, стабилноста, развиената економија, борбата против криминалот и корупцијата како и  ефикасната администрација. Албанеците денес се одлучувачки фактор во државата.  Бујар не претставува во ОБСЕ, Фатмир не прави горди со Светска банка, Насер, Крешник и Артан… колку повеќе инсталираме вредности, толку повеќе непријатели се создаваат. Ова не му се допаѓа на Мицкоски и знам зошто, не отидов во Хаг затоа што борбата ми беше праведна, па нека не ми одговара со калаш. Тој ја гледал војната само на телевизија, додека јас сум потпишал меѓународни договори.

Тој праша зошто инвестирале во стабилност?

Придонесовме за решавање на спорот со името, преговораме  со ЕУ со единствена цел на овој регион да му ја загарантираме мирот и стабилноста. Времињата се променети, не треба да ги повторуваме трагедиите, туку треба да размислуваме за нови можности. Имаме рани кои не зараснуваат така лесно, многу луѓе загинаа за оваа земја, но одмаздата не е решение. Косово мора да најде решение со Србија, бидејќи во овие времиња Русија е заинтересирана за крвопролевање и конфликти. Градејќи го проеропскиот фронт се приклучуваме кон прогресивни процеси, кон нови стандарди, така што ниту Мицкоски ниту Албанците кои работат покрај Мицкоски не можат да го спречат ова затоа што ние сме за напредок, а не за уназадување. Членството во ЕУ ја запира имиграцијата, ја зајакнува економијата, платите и животниот стандард, така што членството во ЕУ дефинитивно мора да се случи, бидејќи ова е наша заедничка жртва за да постигнеме успех, изјави Ахмети

Се боревме со тие што тврдат дека сме Бугари!

На социјалните мрежи беше споделена кратка аудио-снимка од легендарниот генерал и прв редовен член на МАНУ – Михајло Апостолски. Генералот раскажува за борбата меѓу партизаните и бугарските фашисти за време на Втората светска војна.


„Секоја чука на Плачковица е забележана со борби и тоа баш против Бугарите, против тие што денеска тврдат дека сме Бугари. А кој може сам против себе да се бори?

Новинарот: Ако сме Бугари… па зошто тие влегоа?

Генерал Апостолски:
 Ако сме Бугари… Тоа… Јас затоа инсистирам не да подигаме големи споменици , него плоча на која ќе биде обележано местото, со кого кој се судрил и време кога се судрил.

Новинарот: Другар Апостолски, ви благодариме за гостувањето во оваа наша емисија.”

Волкановски заработи 492 илјади долари за одбранетата светска круна во Ултимејт Фајт

Александар „Велики“ Волкановски за одбраната на својот шампионски појас во Ултимејт фајт шампионатот (УФЦ) заработи вкупно 492 илјади долари.

Од таа сума за самата борба со Американецот Брајан Ортега во Лас Вегас австралискиот борец од македонско потекло доби 400 илјади долари, а останатите 92 илјади се бонус за добиениот меч со едногласна одлука на судиите.

Ортега, пак, доби 332 илјади долари, од кои 250 илјади за дуелот со Македонецот по татко му од битолското село Беранци, а остатокот како поразен во „борбата на вечерта“.

Видео: Жена турна мечка од ограда за да ги спаси своите кучиња

На видеото се гледа како жена турка мечка која е качена на оградата во нејзиниот двор за да ги спаси своите кучиња.

Снимката е поставена на интернет од страна на Бренда (@bakedlikepie), која и е братучетка на Хејли која успеа да ја турне мечката.

На клипот кој е снимен од безбедносната камера поставена во задниот двор, се гледа како голема кафеава мечка и нејзините младенчиња се качуваат на оградата, кучињата почнуваат да лаат се доблиижуваат до мечката а таа почнува да ги напаѓа. Во тој момент доаѓа Хејли, ја турка мечката за да ги спаси своите кучиња.

Видеото собра 3,9 милиони лајкови и повеќе од 28 милиони прегледи на Тик Ток, каде илјадници луѓе коментираа за да ја пофалат нејзината храброст.

Повторно се слушна ѕвончето на Детска клиника – малата Ана ја победи болеста ❤️

Детската клиника не престанува да нè радува со прекрасни вести за малите борци, кои ја напуштаат клиниката како победници. 

Така и Ана, која покрај тешката болест со која се бореше, успешно го победи и коронавирусот. 

Таа вчера беше дочекана со аплауз од лекарите и медицинскиот персонал на клиниката, а како симбол на победата, заѕвони на ѕвончето, давајќи им сила и верба на сите останати пациенти во одделот. 

Нема поголема радост кога мајка си го гушка оздравеното дете  особено ако станува збор за една опасница Ана, која како од шега отепа една Корона и една досадна малигна болест.Денеска сите на Универзитетска Клиника за детски болести потпевнуваа:

Браво Ана – браво Ана ” !

Епа, навистина браво Ана !

*видеото е објавено со дозвола на родител – пишува на нивната објава.