Tag Archives: БорисТрајковски

18 години од смртта на Борис Трајковски – вечниот почитуван претседател на Република Македонија

“Човек – изјава“, вака во новинарската фела го нарекоа Борис Трајковски, кој како заменик министер за надворешни работи во 1998 година, во екот на бегалската криза на Косово, кога Македонија ги отвори границите за бегалците и минуваше низ тешки денови, често обвинувани за начинот на кој се справуваме со тогашната криза, тој  на меѓународната заедница и порача:

“Пратете авион и земете ги“.

На крајот од 1999 година, како кандидат на десно-центристичката влада на Љубчо Георгиевски, тој станува втор претседател на Македонија, но и овие избори остануваат под превезот на партиски обвинувања. Според бројот на гласови Трајковски во првиот изборен круг беше далеку зад тогаш првопласираниот Тито Петковски. Но во втриот изборен круг, Трајковски ја понесува победата која беше прогласена за “пирова“, добиена преку “контингент гласови на Албанците.

СДСМ тогаш Трајковски го нарече “Граѓанинот Борис Трајковски“, но по обелоденувањето на аферата “големото уво“ работите се променија, а тогашниот шеф на државата Трајковски на некој начин воспостави соработка со СДСМ.

Кобното утро, на 26 февруари, 2004 година, Борис Трајковски, го загуби животот во авионска нереќа кај Мостар. Уривањето на владиниот кингер, и покрај серијата на истраги, наоди и сознанија, за дел од јавноста сеуште е мистерија.Борис Трајковски, кој беше особена личност и народен човек кој го живееше својот живот посветен на својата земја и по 18 години од трагичната смрт претставува инспирација и гордост за сите граѓани.Многумина се убедени дека да беше меѓу нас, Трајковски ќе ја направеше Македонија далеку подобра земја од денес.

Во чест на неговиот живот и дело и 18 години од неговата смрт денеска пред вечното почивалиште на гробиштата во Бутел се поклони државниот врв и оддадоа почит стотици граѓани.

48 позиции во „Борис Трајковски“ од 08 до 20 часот по 5.000 лица дневно ќе се вакцинираат

Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација.

Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно.

Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот.

Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 730 граѓани на пунктовите низ државата. Дневно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт. Според податоците на Националниот систем „Мој Термин“, голема е заинтересираноста на граѓаните над 77 години кои од вчера почнаа да се вакцинираат, односно само два отсто од граѓаните кои имале закажано термин не ја примиле вакцината, соопшти Министерството за здравство.

Вакцинацијата на лицата кои спаѓаат во 1б групата стартуваше вчера во поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир и Букурешт во Скопје, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.

Борис пред трагедијата ми го кажа ова! (ФОТО)

Денеска се навршуваат 17 години од страшната хеликоптерска несреќа во близина на Мостар во БиХ каде загина македонскиот претседател Борис Трајковски.

Тоа магливо утро во 2004 година речиси нема да го заборави секој граѓанин на оваа земја, а Трајковски до ден денес остана синоним за вистински лидер и претседател со свој став и углед во Европа и светот.

Трагедијата ја зави Македонија во црно, а светот го остави во неверување од веста дека тој повеќе не е жив.

Трајковски зад себе ја остави сопругата Вилма и децата Сара и Стефан.

Неговата сопруга и поранешната прва дама на Македонија од 1999-та до 2004-та година Вилма Трајковска по неговата смрт се повлече од јавноста, но не и од зачувување и негувањето на ликот и делото на Борис Трајковски.

Таа е основач на меѓународната фондација „Борис Трајковски“, како и основач на ВИТРА, непрофитна и невладина фондација формирана во 2001-та година со цел да ја афирмира жената и нејзината улога за сестран развој на општеството.

Весникот „Нова Македонија“, една година по несреќата во 2005-та година направи интервју со Вилма и тоа беше нејзино прво обраќање во јавноста по трагедијата.

-Неколкупати забележав дека гледа во една точка и ништо не зборува, чиниш не слуша. На лицето му се гледаше загриженост, иако се трудеше тоа да го скрие од нас. вторникот вечерта на 24 февруари ми се јави од кабинетот, каде што често остануваше до доцна во ноќта, за да ме праша дали би сакала да одам со него на карневалот во Струмица. Се извини што заборавил порано да ми каже. По гласот почувствував дека е преморен. За жал, јас веќе имав договорено некои обврски со синот, не можев да ги откажам, во Струмица беше Сара со другарките. Ноќта, влегувајќи во градот, веднаш ѝ се јавил по телефон. Ја прашал каде е, сакал да ја види. Таа му рекла дека е далеку од свечената ложа, дека има многу народ и дека ќе му треба многу време за да се пробие со обезбедувањето до неа. Не успеале да се видат.

По завршувањето на карневалот, Борис со преостанатите гости заминал на прием во хотелот „Сириус“. По извесно време, одеднаш станал и рекол дека ќе оди дома, да го види татко си. Луѓето од обезбедувањето биле збунети; било доцна. Набрзо стигнале дома; Борис го разбудил татко си и му рекол: „Тате, дојдов само да те видам“. Потоа малку поразговарале, го гушнал и си заминал. Бог знае зошто токму таа ноќ почувствувал потреба да го види.

-Ноќта во средата, ноќта пред утрото предвидено за полетување за Мостар, остана на работа до 22.30 часот. Кога си дојде дома, децата веќе спиеја. Тој речиси до полноќ разговараше по телефон. Не знам колку беше часот кога Сара се разбуди и се симна долу. Таа вели дека засекогаш ќе ја помни последната слика на татко си: тој во бела кошула и вратоврска седи крај масичката со телефонот и разговара.  Го гушна татко си, го погледна и му рече: „Тато, ти многу се промени; ми изгледаш остарено“. Борис ме погледна мене, како да сакаше да каже: „Зарем навистина сум остарен?“. Имаше само 48 години. Сара и сега многу тагува; не може да сфати зошто му го кажала токму тоа и токму во последната ноќ од неговиот живот.

Целото интервју Нова Македонија со Вилма Трајковска го направи во 2005 година.

Борис Трајковски со својот син Стефан игра фудбал на стадионот „Младост“ во Струмица

Човекот кој сите го сакаа, човекот кој вистински ја сакаше Македонија. Ретка фотографија како Борис Трајковски игра фудбал со својот син Стефан на стадионот „Младост“ во Струмица!