Tag Archives: Босна

И кај нас вака уште малку – Тинејџер од Босна самиот ги поправа дупките на улицата (Фото)

Петнаесетгодишно момче од Босна и Херцеговина сам ги поправа дупките на патот бидејќи властите со години го игнорираат проблемот.

На Фејсбук-страницата на граничниот премин Маљевац објавена е приказната за 15-годишното момче Енес од Јоховица, село во Босна и Херцеговина, кој сам го поправал патот.

Се работи за пат во близина на граничниот премин Боговоља – Хаџин Поток, а населението од овој крај со години апелира до комуналните власти на градот Чазин, кои се надлежни за одржување на тој локален пат, да ја санираат четирикилометарската делница од граничниот премин до селото Штурлиќ. Но, надлежните не одговараат на нивното барање.

Затоа, Енес решил да ги земе работите во свои раце. Дупките на патот ги наполнил со црн песок што впива вода и со свои пари ангажирал машина за да го зацврсти, па, како што вели, сега изгледа речиси како асфалт.

„Народот ми е благодарен што го одржувам патот затоа што возат поскапи коли, па сега помалку ќе бидат уништени“, вели Енес, кој има порака и за возачите, пренесува ГП Маљевац.

„Забележав некои луѓе што доаѓаат од ЕУ како фрлаат ѓубре на страната на патот и тоа не е во ред. Да се ​​грижиме за природата бидејќи тоа е нашиот живот. Исто така, би сакал поединците да возат побавно за да не ме удрат на страната на патот. На сите им посакувам безбеден пат и поздрав од Енес до сите“, вели момчето.

Македонец со Ауди излетал во реката Босна, на кров чекал да го спасат (ФОТО)

Македонецот З.Љ. (48) кој утрово со „ауди Q7“ паднал во реката Босна во Добој, не е повреден, потврдиле за Српскаинфо во Полициската управа во Добој. Возачот по несреќата излегол од автомобилот, се качил на покривот и чекал помош. Полицајците дошле со чамец и го пренеле до брегот.

Портпаролот на оваа Управа, Драгана Керкез, изјави дека утрово околу 9.30 часот во Костајница кај Добој се случила сообраќајна несреќа кога автомобил излетал од патот кон реката Босна.

– Возилото го управувал З.Љ. од Македонија. Во извлекувањето на возачите учествувале полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој и припадници на Територијалната противпожарна единица Добој – појасни Керкез.

Возачот превентивно бил испратен на преглед во Здравствениот дом Добој.

Увид извршиле полициски службеници од Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој.

Како што претходно објави „Српскаинфо“, тој по несреќата излегол од автомобилот и се качил на покривот и чекал помош. Со чамец му помогнале полицајци, кои потоа го пренеле до брегот.