Tag Archives: БожидарБожиновски

,,Оние крлежи шо спиеа пред влада за функции, хонорари и криминали каде се – Гоце и мртов вреди да се чува!”

Битолчанецот Божидар Божиновски на Фејсбук остро удри поради слабиот одзив на граѓани вчера вечер во чест на великанот на Македонија, Гоце Делчев.

,,Оние крлежи шо спиеа пред влада за функции, хонорари и криминали нешто ги заебавале овие што го чуваат гробот на Гоце. Гоце и мртов вреди да се чува, вие го чувавте Заев…” , пишува Божиновски.

,,Дур има гробни места нема потреба од филтри и борба против загадувањето, важно тендери да врват…”

Убо е, шо има везе… Од Нова година уште еден блок од РЕК ќе се пушти, дур има гробни места нема потреба од филтри и борба против загадувањето, важно тендери да врват…пишува Божидар Божиновски – Моџо Килингтон, овогодишен добитник на 4-то Ноемвриската награда за едногодишни достигнувања на општина Битола.

Паметна младина гледа колку е сатот – Паметни се, ќе им се радуваат Германија, Малта, Америка…

Божидар Божиновски ги коментира најновите анкети кои покажуваат дка девет од десет малди Македонци сакаат да се иселат од државата.

– “90% од младите сакаат да се отселат од Македонија”

Некои велат дека ова е поразително, но воопшто не е. Значи имаме паметна младина која гледа колку е сатот, дека држабичево и општеството е плодно тло само за криминалци и полтрони, дека корупцијата е навлезена од влада до најниски локални ограноци на институциите, дека оние кои нѐ владеат веќе го имаат целиот капитал кај себе и не е ни важно веќе кој е на власт, власта се менува – олигарсите не можиш да ги смениш. Сфаќаат дека овде убива воздухот, храната, почвата, водата, лажните дипломи, неправдите, не сакаат да си го фрлат цел живот во борби со ветерници со партиски глувци кои се побројни и знаат само да глодаат буџети, да глодаат надеж, да го глодаат оние кои не им се живее во нивната партиска канализација која за такви глувци е рај. Властите ја продада и иднината и минатото и сегашноста, ги продадоа и младите, ја убија и надежта дека може да е подобро. – пишува Божиновски на Фејсбук.

Паметни се младите, за жал нив ќе им се радува Германија, Америка, Малта, Австралија…вели тој.

Новиот менаџерски тим на Скопје (Фото)

Чест ми е што сум дел од новиот менаџерски тим на град Скопје, како главен инспектор за проверка на карти на бесплатниот превоз, заедно со колегата Kire Čorbe кој е директор на скопскиот голф терен “Васко Жабата ексклузиве” и Зоран надлежен за одржување на зеленилото на скопскиот космодром.

Честито нека е народе – пишува Божидар Божиновски.

Божиновски: Свирењето им било простачко, ко ќе ги пцуе Талат им е музика за уши

,,Свирењето им било простачко.
Ко ќе ги пцуе Талат им е музика за уши.
Само прогресивно другарчиња”, напиша на својот Фејсбук профил Божидар Божиновски.

Целата антифашистичка борба, споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза! Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња

Сценаристот Божидар Божиновски алијас Мр Моџо килингтон, дежурен шегобиец на Фејсбук, овојпат со смртно сериозна, драматична објава за катастрофалните последици од францускиот предлог.

„’Страните ја потврдуваат својата посветеност да преземат мерки против појави на говор на омраза и ги назначуваат министерствата за надворешни работи како контакт-точки за заедничка идентификација на такви случаи во натписите на јавни згради и споменици, текстови во учебници и наставни програми и во медиумите (вклучително и онлајн и социјалните медиуми)’ – протоколот.

„Целата антифашистичка борба ќе е говор на омраза. Споменот на жртвите ќе е говор на омраза. Споменот на депортираните Евреи ќе е говор на омраза. Повторно ѝ ја отсекувате главата на Дуња, повторно го мачите Страшо, повторно ги убивате децата од Ваташа, повторно ги товарате Евреите во возови на смртта. Повторно ги убивате сите жртви за Македонија. Крвта ви е на рацете, нема да се мие. Со бришењето на историјата не станувате предавници само на оваа генерација, туку и фашистички соработници кои им ги прикриваат злоделата“, вели Божиновски.