Tag Archives: бременост

Антониа Гиговска споделуваше лични искуства од бременоста – вели најтешкото го поминала (ФОТО)

Антониа Гиговска кариерата ја стави во мирување, а сега најде време за да им одговори на нејзините фанови на „Инстаграм прашања“ на познатата социјална мрежа.  Таа уште од самиот почеток сака да го сподели нејзиното лично искуство со следбениците со цел да им помогне на идните мајки.

Така беше и овој пат, младата пејачка постираше фотографија од неа наместена во удобна поза, а со таа објава ги повика следбениците на прашања:

https://relievedgeoff.com/watch.703094616494?key=40d0fe2bccb8f0cd1ced78a96392cca3&kw=%5B%22%E2%80%9E%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%82%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE%D1%82%D0%BE%22%2C%22%D0%B3%D0%BE%22%2C%22%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%B2%E2%80%9C%22%2C%22%E2%80%93%22%2C%22%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B0%22%2C%22%D0%B3%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0%22%2C%22%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%88%D0%B5%22%2C%22%D0%BB%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8%22%2C%22%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0%22%2C%22%D0%BE%D0%B4%22%2C%22%D0%B1%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%22%2C%22%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%22%2C%22%E2%80%93%22%2C%22%D0%B2%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%22%2C%22%D0%BC%D0%BA%22%5D&refer=https%3A%2F%2Fvistina.com.mk%2Fnajteshkoto-go-pominav-antonia-gigovska-spodeluvashe-lichni-iskuvstva-od-bremenosta-foto%2F%3Futm_source%3Dvistina%26utm_medium%3Dlink%26utm_campaign%3Dfeatured&tz=1&dev=r&res=12.31&uuid=96771544-f5fb-4b23-905a-307d42f5c44c%3A2%3A1

– Што ќе ме прашате? – напиша таа секако очекувајќи ги прашањата поврзани со бременоста, а потоа се разбира и на музички план.

– Како си? Само да знаеш дека си најдобра – гласеше комплиментот упатено до Антониа,  а таа алудурајќи на бременоста одговори:

– Подобра не сум била никогаш. Фала ти најмногу !

– Kако оди бременоста? Jас сум шеста недела и имам многу мачнини… –  Гиговска за тоа имаше само утеха, па даде и таков одговор:

– Ако сакаш да те утешам јас бев ужас, најтешкото го пројдов, со лесно ќе помине дури да трепнеш.

Обожавателите беа нестрпливи да го дознаат полот на бебето, па веднаш следуваше и тоа љубопитно прашање:

– Дали ќе ни го откриеш полот на бебенцето ?

– Секако многу наскоро –  кажа таа,  сѐ уште чувајќи го во тајност па и овој пат ги разочара и не одговори прецизно…

-Да го видиме мешето колку пораснало?

– Еве сме! – им  напиша на фотографијата со емотикон смајли идната мама.

– Што му правиш на лицето или чиста генетика?

– Генетика! Имам многу чисто лице најверојатно затоа што не се шминкам секојдневно и скоро цело време сум без шминака, освен на настап, снимање и фотосесија. Во ПМС имам една бубуличка, а сега во бременост многу малку се исфрлам – Задоволно им  ја откри и позитивната страна од блажената состојба,  дека и се исчистило и лицето за кое рече дека најзаслужна е генетиката.

Пристигна и првото прашањето на музички план, а младата пејачка изјави дека е сѐ во свое време и секако плановите околу музиката не се оставени на страна туку таа посветено работи на нови песни.

– Дали ќе продожиш со кариерата и после бременоста и кои се твоите планови?

– Нормално се враќам во моментот кога ќе се почувствувам спремна. А планови околу музиката имам многу но сѐ во свое време. Сега сум посветена на нови песни. Верувам дека сите ќе чекате нешто интересно од мене.

Тоа веднаш и го потврдија фановите на кои  веќе почна да им недостига па доби покана за настап:

-Дојди некогаш во Битола на настап!

– Ќе темперим прв настап после пауза во Битола – одговори таа, покажувувајќи со раката голем лајк.

Се гледа дека Антониа зрачи од убавина иако бременоста ги менува жените, таа се збогува со мачнините , па сега слободно може мирно да ужива во блажената состојба после која повторно ќе им се врати на настапите и на вераната пубика.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска

Текст: Вистина.мк

ПИСАТЕЛКАТА КСЕНИЈА НИКОЛОВА СКРШЕНА ОД БОЛКА – Се соочи со уште една неуспешна бременост, јавно проговори низ што поминала… (ВИДЕО)

Писателката Ксенија Николова објави дека имала биохемиска бременост, односно дека била бремена и за неколку дека се променила состојбата.

„Пред десетина дена имав биохемиска бременост, односно бев бремена и за неколку дена се загуби тоа што се нарекуваше бременост. Иако многумина ќе речат дека тоа не било ни бременост, сепак за мене беше важно, посебно кога го добив резултатот со повисоко ниво на ХЦГ. Повисоко и доволно за бременост, се надевавме дека ќе порасне, но за жал се загуби бременоста“, вели Николова.

Таа додадва дека во ваква ситуација нема да се јави докторот со стратегија како да го постигнеш тоа што го сакаш и нема кој да дојде и да ти даде надеж и сила.

„Во изминатите 10 дена сфатив дека ние жените сме најсилни суштества на планетата Земја. Не сме свесни колку сме силни и колку моќ има во нас за да ги надминеме најтешките ситуации“, искрено раскажува Ксенија.

УШТЕ ЕДНА МАКЕДОНКА Е БРЕМЕНА – поранешна учесничка во „Задруга“

Поранешната задругарка Тара Симов на својот Инстаграм профил објави дека чека дете со своето момче.

Имено, таа позираше со својот избраник и го покажа трудничкиот стомак, додека во раката држеше фотографија од ултразвукот на бебето, а сето тоа се случуваше во Скопје.

– Да, да и да! Стануваме родители! Искрено, не знам од каде да почнам или што да кажам. Секој што ме следи знае дека пред неколку години се помирив со фактот дека можеби никогаш нема да бидам мајка, поради нецелосно развиената работа на јајниците и матката. Сепак, на слава на моето семејство, ја добивме најдобрата вест во светот! 4 месеци се боревме да го одржиме бебето здраво, бидејќи поминувавме низ ризична бременост и многу компликации, сепак официјално се е во ред! И јавно ќе му ветам на нашето бебе дека ќе биде најсреќното дете на светот!“, започна Тара и додаде:

– Секоја болка што можеби сме ја поминале, секоја солза и секоја болка, ќе ја заобиколиш! Љубов моја, ти благодарам за целиот труд и нерви во последниот период и најсреќна сум што си ти! И за само неколку месеци цел свет е наш, ти, бебето и јас! – напиша Симов.

ГОЛЕМА ТРАУМА! Луна Џогани го изгуби бебето – пејачката отворено проговори и ја откри причината!

Победничката на втората сезона на Задруга Луна Џогани објави тажна вест. Имено, таа го изгубила плодот во 12-та недела од бременоста, а ги открила сите детали од овој немил настан.

– За разлика од 2021 година, 2022 е многу лоша за нас. Ја изгубивме оваа бременост. Ќе го наречеме така, бидејќи беше на самиот почеток. Не поминаа ни тие 12-те недели во кои треба да зајакне плодот. Се случува луѓето да го загубат плодот во првите 12 недели. Се случува. Така е замислено, така треба да биде. Можеби не требаше толку многу да зборуваме за тоа. Така требаше, веројатно ми помина некој вирус, така тврди докторот. Бев болна, седум дена бев болна или поради патувањето, не знаев ни кога се враќав од Америка дека сум бремена – рекла Луна и додала:

-Жал ми е што моравме вака да објавиме, побрзавме да ја објавиме бременоста. Животот е непредвидлив, тоа е чудо, никогаш ништо не можеш да планираш. Среќни бевме, тоа е прекрасна вест, мислевме дека се ќе биде во ред. Ни рекоа дека ќе имаме деца, ние сме млади, здрави, имаме едно и немаме причина да очајуваме и да бидеме тажни. Следниот пат кога ќе бидеме сигурни нема да трчаме да објавиме дека сум бремена. Ова ни беше лекција, нема да правиме врева, наша должност беше да ве информираме дека ја загубивме бременоста, но ќе продолжиме понатаму – најави Џогани.

Инаку, Луна неодамна имаше операција на градите, бидејќи и беше дијагностициран бениген тумор, за што јавно проговори и апелираше до сите жени редовно да одат на прегледи.

Да потсетиме, Луна во јуни минатата година го роди своето прво дете, ќерката Миа. Таа се породила со царски рез, а породувањето поминало без проблеми.