Tag Archives: Британија

Маж пронашол змија во брокулата што ја купил во продавница

Невил Линтон, 63-годишен Британец, пронашол жива, неотровна змија во куп брокула што наводно ја купил во продавница на Алди.

„Беше прилично страшно. Не сум добар со змии“, рекол тој за „Скај њус“.

Брокулата ја купил во Стурбриџ, Вест Мидлендс, а неотровната змија ја пронашол кога ја извадил брокулата од фрижидер за да подготви ручек.

„Среќа што не ја оставив брокулата во кујната“, изјавил Линтони и додал дека му било понудено обештетување, но дека бара повеќе пари.

Како што вели, понудената сума не го компензира ризикот на кој бил изложен неговиот син со инвалидитет.

Портпаролот на маркетите Алди изјавил за „Скај њус“ дека нивниот добавувач никогаш не добил поплаки од ваков карактер.

„Го истражуваме овој изолиран инцидент и му се извинивме на Линтон што нашите вообичаени високи стандарди не беа исполнети“, соопштиле од компанијата.

Вереникот ја оставил затоа што била предебела: Две години подоцна станала „Мис на Велика Британија“(Фото)

Британката Џен Аткин негирала дека имала какви било проблеми со исхраната додека нејзиниот вереник не ја оставил поради нејзината тежина. Тогаш, како што вели, се соочила со болната вистина.

Па, како ја изгубила тежината?

„Отсекогаш бев дебела како дете. Во средно училиште килограмите се натрупуваа затоа што сакав храна и мразев вежбање. Мајка ми готвеое здрави оброци, но јас се прикрадував и јадев грицки и слатки. Стомакот ми беше како дупка. јадам и јадам и се чувствувам како никогаш да не сум била сита“, признала Џен.

Џен на 14-годишна возраст имала 83 килограми и морала да носи облека за возрасни.

„Ја држев главата надолу на училиште и малтретирањето беше страшно и често се враќав дома во солзи. Иронично, храната ми беше утеха и тоа беше единственото нешто на кое се радував“.

На 18 години си нашла партнер, но здравствената состојба и се влошила.

„Ги сакавме ноќите во барови и ресторани и уживавме во готовата храна што ја јадевме пред телевизорот. Негирав дека сум дебела, дури и кога слушав како луѓето мрморат дека сум „дебела крава“, секогаш се обидував да ја потиснам тоа. Одбивав да стапнам на вагата. Мојот став беше дека ако не знам колку тежам, нема проблем“.

Меѓутоа, реалноста ја натерала да се соочи со болната вистина.

„Мислев дека мојот дечко ме сака таква каква што бев. Се надевав дека ќе се венчаме во декември 2015 година, но во март истата година ми рече дека е готово. Бев уништена. Останав сама и почнав да се чувствувам лошо и уште повеќе да јадам. Неколку недели подоцна се облекував за кај една пријателка кога не можев да влезам во мојот омилен фустан. Мислев дека можеби се смалил при перењето, но кога зачекорив на вагата за прв пат по години, видов дека имам 114 килограми. Не можев да поверувам, па дури и го соблеков накитот за да бидам полесна“, ја опишала Џен прилично тешката ситуација.

Голема улога во целиот процес на слабеење имала нејината пријателка Софија.

„Ме запиша во теретана каде што работеше и кога видов други луѓе, кои исто така имаат вишок килограми, како креваат тегови или трчаат, полека почнав да ги следам. Ја подобрив и исхраната. Пред тоа секогаш коаг пазарев количката ми беше полна со бисквити и чипс, но сега почнав да ја гледам калориската содржина и готвев здрава храна“.

„Беше толку добро што продолжив. Мојот шеф не можеше да поверува колку сум се променила, не само физички. Порано бев намќор, но сега бев среќна и мотивирана на работа. Купив велосипед и почнав со него да одам во работа“.

Во 2018 година, Џен влегла во натпреварот за Мис Јоркшир – и победила. На натпреварот за Мис Британија го зазела осмото место, а следната година го освои второто место. Во 2020 година беше прогласена за Мис на Велика Британија.


Аткин верува дека нејзиниот поранешен би се гордеел со неа, но таа нема намера да контактира со него. Таа ја пронашла љубовта на својот живот и се омажила за Крис пет месеци пред да ја освои титулата.

Британија ќе биде домаќин на првиот глобален самит за безбедност на вештачката интелигенција

Велика Британија ќе биде домаќин на глобален самит за безбедност на вештачката интелигенција подоцна оваа година, соопшти британската Влада, додавајќи дека премиерот Риши Сунак и американскиот претседател Џо Бајден исто така ќе разговараат за тоа за време на денешниот состанок.

На самитот ќе се разговара за ризиците што ги носи вештачката интелигенција, вклучително и граничните системи, и ќе се дискутира за тоа како тие можат да се ублажат преку меѓународно координирана акција, се вели во соопштението на британската Влада.

Неколку влади разгледуваат како да ги ублажат опасностите од новата технологија, која бележи бум во инвестициите и популарноста кај потрошувачите во последниве месеци по објавувањето на ChatGPT на OpenAI.

Тоа ја вклучува и Кина, каде Владата се обидува да иницира регулативи за вештачка интелигенција, според милијардерот Илон Маск, кој се сретна со официјални лица за време на неговото неодамнешно патување во Кина.

Регулаторите ширум светот се обидуваат да изготват правила за регулирање на употребата на вештачка интелигенција, која може да создава текст и слики, чие влијание се споредуваат со појавата на Интернет.

Сунак, кој е во посета на САД, денеска ќе се сретне со Бајден во Белата куќа. 

Британија започна кампања со која ќе апелира Албанците да не се населуваат во земјата

Лондон почнува кампања во која апелираат до албанските граѓани да не мигрираат во Британија Министерството за внатрешни работи на Велика Британија во наредните денови ќе почне кампања со која ќе ги советува албанските граѓани да не мигрираат во Британија.

За таа цел е направен оглас на албански јазик кој ќе им се појави на албанските корисници на Фејсбук и Инстаграм, а во него Албанците се предупредуваат дека во случај на обид за миграција ќе се соочат со притвор или депортација. , објави Би-Би-Си.

Владата во Лондон најави дека кампањата ќе започне следната недела и дека ќе биде многу јасно што ги чека мигрантите кои ќе пристигнат со чамци.

Албанците најмногу аплицираат за азил во Британија и до март годинава 13.714 државјани на Албанија побарале да останат на островот.

Според британската полиција, Албанија е „безбедна и просперитетна земја“ и многу националности патуваат низ бројни земји за да стигнат до Британија, а потоа кога ќе пристигнат поднесуваат барања за азил на лажни основи.

„Луѓето кои служат со љубов се ретки, а водачите кои служат со љубов сè уште поретки“ – Величенствена церемонија на последното патување на кралицата

Ковчегот на кралицата Елизабета Втора го започна своето последно патување од Лондон до замокот Виндзор, каде што ќе биде погребана покрај нејзиниот сопруг војводата од Единбург.

Стотици илјади луѓе се собраа во Лондон на рутата низ главниот град на Британија за да го кажат своето последно збогум, додека милиони ширум светот го гледаа државниот погреб на телевизија.

Кралот Чарлс Трети и неговите браќа и сестри одеа зад ковчегот додека заминуваше од Вестминстерската опатија по државниот погреб, додека другите членови на кралското семејство патуваа со автомобил.

За време на богослужбата, кралот Чарлс беше видно трогнат и неколку пати за малку ќе заплачеше особено додека се пееше националната химна во Опатијата. Тој во венецот на ковчегот, кој е направен со цвеќиња кои лично ги избрал, стави рачно напишана порака до неговата мајка.

Во љубов и посветено сеќавање, пишуваше во пораката.

По поворката од Вестминистерската опатија до Велингтон Арх во Хајд Парк ковчегот со возило се пренесува до капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор.

Во капелата 15 часот по Гринич ќе се одржи церемонија, по што ќе следи приватна погребна служба на која ќе присуствуваат високи членови на најтесното кралско семејство.

На погребот на кралицата во Вестминстерската опатија присуствуваа околу 2.000 луѓе, меѓу кои и членови на кралски семејства од цела Европа, политичари од сите страни на политичкиот спектар и светски лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон.

Кралот Чарлс и кралицата сопруга Камила одеа веднаш зад ковчегот додека влегуваа во готската црква за богослужбата, по што следеа принцезата Ана и нејзиниот сопруг вицеадмиралот Тим Лоренс, потоа принцот Ендрју, а зад него и принцот Едвард и неговата сопруга Софи.

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот беа со своите родители, а беа следени од принцот Хари и неговата сопруга Меган и други членови на кралското семејство.

За време на својата проповед, надбискупот од Кентербери Џастин Велби рече дека изливот на емоции за кралицата „произлегува од нејзиниот изобилен живот и служба со љубов, која сега ја нема“.

Велби ја опиша кралицата дека допрела „мноштво животи“ и оти била „радост“ за многумина.

– Луѓето кои служат со љубов се ретки во која било област од животот. Водачите кои служат со љубов сè уште се поретки. Но во сите случаи оние кои служат ќе бидат сакани и запаметени кога ќе се заборават оние кои се држат до власта и привилегиите, рече тој.

– Тагата на овој ден – што ја чувствува не само семејството на покојната кралица, туку и целата нација, Комонвелтот и светот – произлегува од нејзиниот изобилен живот и служба со љубов, кои сега ги нема, додаде.

Велби, стоејќи во црквата каде што кралеви и кралици се крунисани од 1066 година, исто така рече дека кралицата на својот 21-ви роденден изјавила „дека целиот нејзин живот ќе биде посветен на служење на нацијата и Комонвелтот“.

Тој додаде: „Ретко кога такво ветување е толку добро одржано. Малкумина лидери го добиваат изливот на љубов што го видовме“.

Помеѓу химните испеани на богослужбата, беше изведена и „Господ е мојот пастир“ која се пееше и на свадбата на кралицата со војводата од Единбург во опатијата во 1947 година.

Последен од кралицата во Вестминистерската опатија се прости кралскиот гајдаџија, полицаец од прва класа, Пол Брнс кој ја отсвире традиционалната тажалка „Спиј, мила, спиј“. Беа отсвирени и The Last Post, Reveille и националната химна.

Вечерва во Виндзор ќе се одржи приватен погреб со високи членови на кралското семејство, каде што кралицата повторно ќе се соедини со нејзиниот сопруг, војводата од Единбург.

Последното почивалиште на кралицата ќе биде меморијалната капела на кралот Џорџ Шести, анекс на главната капела каде што биле погребани нејзината мајка и татко, заедно со пепелта на нејзината сестра, принцезата Маргарет.

Ковчегот на Филип ќе се премести од кралскиот свод во меморијалната капела за да биде до ковчегот на кралицата.

Денешниот државен погреб на кралицата Елизабета Втора се смета за најголемата безбедносна операција во историјата на Велика Британија, надминувајќи ја операцијата за платинестиот јубилеен викенд и Олимпијадата во Лондон 2012 година.

КРАЛОТ НИКОГАШ НЕ РУЧА, а секој ден ова го прави со Камила

По смртта на кралицата Елизабета Втора, на тронот дојде нејзиниот најстар син, кралот Чарлс III. Иако нацијата се уште тагува поради заминувањето на Елизабета, која владееше 70 години, Британците полека ги запознаваат навиките на Чарлс. Британските медиуми известуваа за секојдневниот живот и работата и животното темпо на нивниот нов крал.

Џулијан Пејни, сегашниот претседател за корпоративни работи на Еделман, претходно работел како секретар за комуникации на Чарлс и Камила кога тој сè уште беше „само принц“.

Чарлс никогаш не руча

Открил дека Чарлс никогаш не прави пауза за ручек и појадува овошје и семки и, секако, чај. Овие изјави дојдоа откако се проширија гласини дека Чарлс секое утро јаде јајца приготвени на различен начин.

„Никогаш не сум видел ниту едно варено јајце на појадок во сите години што работев таму“, изјави Џулијан за британските медиуми.

„Кралот не руча, па една од првите лекции што ги научив кога бев на пат со него беше да појадувам голем појадок или да земам неколку енергетски плочки за да изржам“, додава поранешниот соработник на кралот. Домаќинството го води мал, но посветен тим на персонал кој работи за Чарлс со децении.

По појадокот започнуваат работните обврски

Тој го опишал и бурното темпо на просечниот работен ден на кралот и неговите соработници, кој започнува веднаш по појадокот.

„Работниот ден е прилично немилосрден. Започнува со вестите на радиото, поминувајќи низ насловите со појадок со сезонска овошна салата, семки и чај“, рече Џулијан. Еден ден во канцеларијата е многу зафатен – Чарлс одржува 45-минутни состаноци за нови добротворни проекти, претстојна турнеја или дискусија за државни прашања.

Во 13 часот паузира од напорниот распоред, но не за храна, туку за прошетка околу својот дом.

„Кралот не сака да остане предолго во затворен простор и секогаш има ширум отворени прозорци“, вели Пејни.

Со документација се занимава до доцна во ноќта

Првата вистинска пауза следува во 17 часот, кога кралот застанува со своите обврски и пие чај. Потоа „ги полни батериите“, а тоа време често го поминува со сопругата Камила и јадат по некое парче овошна торта или сендвичи.

По пауза, кралот се враќа на своето биро за да се справи со документите, а вечерата е закажана точно во 20:30 часот. Потоа Чарлс се враќа на своето биро во 22 часот и често останува таму и после полноќ.

Освен горенаведениот распоред, дневните планови понекогаш вклучуваат патувања и јавни настани. Џулијан додава дека кралот сака да разговара со луѓе, што често ги нарушува понатамошните планови за тој ден. Чарлс сега се соочува со уште побурна секојдневна рутина во неговата долгоочекувана улога, бидејќи некои настани сега стануваат неопходен дел од неговите кралски должности.

Се огласи новиот крал на Британија Чарлс III : Смртта на мојата сакана мајка е момент на најголема тага

Штотуку е издадено соопштение од кралското семејство во име на Чарлс, новиот британски крал.

Тој пишува: „Смртта на мојата сакана мајка, нејзиното височество Кралицата, е момент на најголема тага за мене и за сите членови на моето семејство.

„Длабоко жалиме за смртта на обожуваната суверена и многу сакана мајка.

„Знам дека нејзината загуба длабоко ќе се почувствува низ целата земја, кралството и Комонвелтот и безброј луѓе ширум светот.

„Во овој период на жалост и промени, моето семејство и јас ќе бидеме утешени од нашето знаење за почитта и длабоката наклонетост во која кралицата беше толку широко прифатена“.

Кралицата е на смртна постела? – цела Британија е загрижена

По дополнителните прегледи ова утро, лекарите на кралицата се загрижени за нејзиното здравје и препорачаа да остане под редовен медицински надзор. Кралицата останува во Балморал“, соопшти палатата.

За Шкотска веднаш отпатувале принцот Чарлс и неговата сопруга Камила и принцот Вилијам.

Ова следува само ден откако 96-годишната кралица се повлече од вчерашниот онлајн состанок на Тајниот совет, зашто лекарите ѝ препорачале да мирува.

Новата премиерка на Обединетото Кралство и Северна Ирска, Лиз Трас на Твитер:

– „Целата земја ќе биде длабоко загрижена од вестите од Бакингемската палата поручеква.

Моите мисли – и мислите на луѓето низ нашето Обединето Кралство – се со Нејзиното Височество Кралицата и нејзиното семејство во овој момент“.

(Видео) Британски министер падна на руски пранкери: Британија е подготвена да и помогне на Украина да развие нуклеарна програма

Руски пранкстери тврдат дека разговараат за украинската нуклеарна програма со шефот на министерството за одбрана на Обединетот Кралство.

Функционерот кој е измамен е Бен Валас… шегобијците што го „излажаа“ да верува дека е на линија со кабинетот на премиерот на Украина, тврдат дека Британија би можела „да му помогне на Киев“.

Објавен е тизер од наводниот дијалог, кој сугерира дека Вестминстер би можел да биде подготвен да и помогне на Украина да развие нуклеарно оружје.

Повикот, наводно, се случил на 17 март. Се вели дека Валас во тоа време бил во Полска и мислел дека зборува со Денис Шмихал – тој одговорил дека „Русија навистина би го мразела“ и ќе разговара за ова прашање со Борис Џонсон.

Шегаџиите велат дека целосното видео ќе го објават во наредните денови.

Британска банка на десетици илјади луѓе по грешка им уплатила 155 МИЛИОНИ ЕВРА

Десетици илјади луѓе на божиќното утро биле изненадени од банката Сантандер, која по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 сметки.

Вработените во Сантандер сега брзаат да ги вратат парите, а оваа задача е тешка бидејќи голем дел од нив е уплатен на сметки во други банки, јавува денеска Би-Би-Си.

Настанала грешка кога двапати биле извршени плаќања од деловните сметки од 2000 година.

Банката нагласила дека веќе започнала разговори со другите банки – Barclays, HSBC, NatWest, Co-operative Bank и Virgin Money.Сантандер соопштиле дека банките „ќе бараат да вратат пари од сметките на нивните клиенти“.

Сепак, не е јасно како ќе постапат банките во случај нивните клиенти веќе да ги потрошиле парите, бидејќи враќањето на средствата може да доведе до пречекорување.

Сантандер навестиле дека може директно да контактираат со луѓето за да си ги вратат парите, пишува Би-Би-Си.