Tag Archives: брзина

Возел со 241 КИЛОМЕТАР НА ЧАС

Полициски службеници на СВР Тетово од 22.00 часот на 11.06.2022 од 02.00 часот на 12.06.2022 спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата со т.н. ноќен радар, во која вкупно се изречени 96 мерки (ТЕ-66 и ГВ-30). Од нив 41 мерка (ТЕ-23 и ГВ-18) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Меѓу нив, 6 возачи (ТЕ-4 и ГВ-2) ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час над дозоленото.

Во контролата биле откриени и санкционирани и 55 пречекорувања на пропишаната брзина (ТЕ-43, ГВ-12) во населено место, а санкционирани, исто така, биле и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-2).

СВР Тетово апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и да ги почитуваат важечките знаци на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, како и на регионалните и локалните патишта и на тетовските и гостиварските улици.

Имаме нов рекорд на македонските патишта – ЛЕТАЛ со 224 км/ч!

На автопатот Штип – Свети Николе вчераутро 25-годишен возач го соборил рекордот на брзина снимен со дигитално броило: иако на тој дел од патот максималната дозволена брзина е до 130 километри на час, младиот возач возел со 224 км/ч.

Сообраќајната полиција успеала да го запре и да го казни. До Нова година, рекордот поставен од полициските броила беше 210 км/ч.

Брзиот возач кој „летал“ од Штип до Свети Николе е еден од вкупно 407 возачи кои се движеле над дозволената брзина и ги прекршиле безбедносните норми за другите учесници во сообраќајот, соопшти МВР.

„Од нив, 86 возила се движеле со брзина над 50 км/ч над дозволената, а 26 возила со над 70 км/ч повеќе од дозволената. Вкупно 119 возачи ја пречекориле дозволената брзина во населено место и 288 надвор од населено место“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Сарафов: БРЗИНАТА на автобусот од несреќата на „СТРУМА“ била НЕСООДВЕТНА со условите на патот

Со несоодветна брзина се движел возачот на автобусот во кој загинаа 45 македонски државјани. На автопатот во Бугарија возел повеќе од дозволените 90 километри на час, открива бугарскиот заменик главен обвинител Борис Сарафов.

Според првичните сознанија на  бугарските власти станува збор за човечка грешка, опдносно брзината со која се движел возачот била несоодветна со условите на патот.

„Брзината е прилично неусогласена, 90 километри на час биле надминати. Барањата за еден професионален возач на автобус се повисоки отколку за кој било друг возач. Затоа било неопходно и брзината да била соодветна на условите независно од ознаките на патиштата.“ – изјави Борис Сарафов.

Истражните органи не ја отфрлаат можноста дека ознаките на патот не биле соодветни, но според нив, причината за несреќата не е лошата патна сигнализација.

„Да, возможно е патните ознаки да не одговарале и тие очигледно не одговараат на барањата, но во никаков случај нема причинско-последична врска меѓу катастрофата и лошата патна сигнализација. Да, тоа во некаков степен придонесува возачот да биде повнимателен, да вози со соодветна брзина и со поголема концентрација и внимание. Тоа бара многу посериозна одговорност и ангажираност од тоа што било во случајот.“ – изјави Сарафов.

Епилог за автобуската несреќа се очекува кон крајот на месецов, односно истражните органи најавуваат дека истрагата е во завршна фаза. До 25 декември треба да бидат готови судското, техничкото и вештачењето кое треба да утврди како автобусот преполн со патници изгоре за само неколку минути.

Инспекторите кај нас пак досега не можеа да извршат инспекциски надзор во Беса транс, бидејќи во неколку наврати наидоа на затворени врати пред канцелариите на компанијата. ТВ 24 денеска разговараше со директорот на државен инспекторат за транспорт Руфат Хусеини, кој вели дека денеска во соработка со другите институции повторно ќе се обидат, но не се знае кој ќе биде исходот.

Истрагата за автобуската несреќа ја води бугарското обвинителство, со помош на експертски тимови од земјава. Првичната истрага покажа дека автобусот од непозната причина скршнал надесно и удрил во заштитната ограда, а од ударот се дупнал резервоарот по што избувнал пожар. Во несреќата животот го загубија 45 македонски државјани, а 7 беа повредени.