Tag Archives: БујарОсмани

Загинале тројца македонски државјани во Газа? – Османи нема потврда

На прес конференцијата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи беше презентиран извештајот за досегашните државни напори да се извлечат македонските државјани кои се наоѓаат во воените подрачја во Газа и Израел. Османи на новинарско прашање рече дека нема информација за тројца загинати македонски државјани во Газа, како што соопшти Еврејската заедница во Македонија.

Османи сподели информација дека има само една брачна двојка заглавена во Појасот Газа, која се нашла на па непосредно пред затворање на преминот, по што останала во блокираниот дел.

– Тие во моментот се безбедни. Ситуацијата таму е многу променлива, и тие можеме да сметаме дека се во некаков ризик. Работиме и со властите во Египет, за да ги ослободат да излезат, а потоа ќе организираме превоз од Египет. Меѓутоа, засега немаме начин како да ги извлечеме од Газа, објасни Османи.

Инаку, досега , како што рече Османи, се контактирани 150 наши граѓани од Израел, од кои 60 веќе се вратени, додека останатите 90 би требало да пристигнат утре.

Бујар Османи: Србија да ги ослободи притворените косовски полицајци

Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денес објави дека остварил комуникација со шефовите на дипломатиите на Србија и Косово, повторувајќи го повикот за активности од двете страни за итна де-ескалација на состојбите на северот од Косово.

„Од клучно значење е Србија да дозволи итен пристап и ослободување на притворените косовски припадници на полицијата. Косово и Србија треба да почнат со имплементација на предложениот план за де-ескалација на меѓународната заедница, потсетувајќи се дека КФОР има задача да обезбеди безбедност и стабилност во северните општини на Косово.“ – посочил Османи.

Во капацитет на претседавачот со ОБСЕ, Османи, уште еднаш повика сите страни да работат на мир и стабилност, посочувајќи на подготвеноста на ОБСЕ за активна улога во овој процес, соодветно на потребите.

Бујар Османи не знае кој е Емануел Макрон

за надворешни работи Бујар Османи денеска во Братислава заедно со премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон.

Објавувајќи фотографии од средбата на Фејсбук, Османи напиша дека се сретнал со премиерот на Франција Емануел Макрон, наместо претседателот на оваа држава.about:blank

-Во рамки на ГлобСек во Братислава, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, средба со премиерот на Франција, Емануел Макрон, објави Османи.

Речиси еден час подоцна, објавата беше корегирана.

Пред само една недела пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева на социјалните мрежи објави фотографија на која е сликана со претседателот на украинскиот парламент, но во описот таа целосно го згреши неговото име и функција.

БИЛ ПЛАНИРАН АТЕНТАТ ВРЗ БУЈАР ОСМАНИ? Возилото-бомба требало да пукне во Молдавија!

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи бил цел на напад за време на посетата на Молдавија во својство на претседавач со ОБСЕ, јавуваат молдавските медиуми“, објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

„Журнал“ пренесува: Според пишувањето на медиумот „Реалитатеа“, бил испланиран напад врз Мисијата на ОБСЕ во Бендер, а експлозијата требало да се случи пред еден месец, на 14 февруари, кога претседавачот на ОБСЕ Бујар Османи бил во посета на овој регион

„Реалитатеа“ пишува дека официјален Тираспол, кој е главен град на Транснистрија – регион отцепен од Молдавија, ја обвинил Службата за безбедност на Украина дека го испланирала нападот. Како што пишува овој информативен портал, било предвидено нападот да се изврши со автомобил, во кој бил поставен експлозив. Според тврдењето на надлежните, автомобилот требало да биде паркиран во близина на замокот Бендер, пренесува ПлусИнфо.

Како што пишува во текстот на „Реалитатеа“, по спречувањето на оваа намера кај Бендер, делегацијата на Османи, која броела околу 20 луѓе, требало да биде нападната на патот за градот Кишинев, но тогаш сторителот се откажал од идејата да нападне за да не го изложи во опасност сопствениот живот.

СКАНДАЛОЗЕН НАСТАП на Бујар Османи за Бугарската телевизија БТВ – Ја охрабруваме бугарската заедница да отвори ПОВЕЌЕ КЛУБОВИ

-„Не треба да влегуваме во вистинска научна дебата за улогата на овие историски личности. Ако мнозинството Македонци се чувствуваат навредени од ова, да ја разбереме оваа чувствителност на народот. И верувајте дека тоа е во интерес на бугарската заедница. Ова го велам како некој кој поминал низ слични тешкотии во обединувањето и интеграцијата на заедницата.“ – Изјави Османи.

Клубовите ќе морале да ги сменат имињата, не затоа што тој се согласувал со тоа, туку затоа што така изгласало Собранието. Османи, се пожали дека до неодамна, како припадник на малцинска група, бил дискриминиран во Македонија, а и тогаш не сме го признавале тоа, и затоа сега се сметал за најповикан да им помогне на Бугарите во Македонија да се обединат и интегрираат во општеството. Отиде до таму, што дури и ги охрабрува да отвораат повеќе клубови.

„Бугарската заедница во Северна Македонија е во период на консолидација, прикажување и интеграција во општеството. Со оглед на фактот дека и јас потекнувам од малцинска група, која на почетокот исто така имаше проблеми со нејзиното обединување и интеграција, се чувствувам најсилно повикан да ја советувам бугарската заедница дека овој процес треба да го направиме внимателно, без да предизвикаме негативни чувства кај останатите дека има некаква злоба во какви било иницијативи. Ја охрабруваме бугарската заедница да се обедини во клубови, да отвори повеќе клубови.“ – Додаде Османи.

Бујар Османи се сретна со Зеленски: „Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата“

Во рамки на посетета на Киев, Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи денес оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски на која ја изрази својата поддршка за украинската Влада, акцентирајќи дека ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и напори за враќање на мирот и стабилизација на регионот.

„Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на Претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина. Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата. ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и ќе продолжи одблизу да ја набљудува состојбата. Неопходна е оваа поддршка на украинските напори да се врати мирот и да изгради стабилна иднина за нејзините граѓани”, истакна Османи.

Османи порача дека ОБСЕ ги има механизмите и капацитетот да им помогне на луѓето од конфликтните подрачја преку работата на терен.

“Еден од првите чекори треба да биде итното враќање на теренска мисија на ОБСЕ во Украина. Мисијата ќе направи голема разлика на терен за обезбедување на стабилност, безбедност и почитувањето човековите права за секој граѓанин”, порача Османи.

Посетата на Османи на Украина е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето на  Македонија со ОБСЕ во 2023 година, во кое фокус се става кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија, велат од МНР.

Ќе реагира ли Османи? Курти додели слики со „Голема Албанија“ сосе пола Македонија во неа

Премиерот на Косово Албин Курти продолжува со провокациите. Тој на една свеченост во Приштина додели слики и признанијана кои е означена картата на „Голема Албанија“ со западна Македонија.

Исти такви признанија додели и претседателката Вјоса Османи. Останува да видиме дали ќе има официјална реакција од владата или од МНР на Бујар Османи ?

Бујар Османи во одбрана на косовската полиција

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Република Косово. Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив. Охрабруваме сеопфатно решение во согласност со европско и американско посредување, пишува во статусот на Османи.

Османи прима инфузија додека држи состанок

На социјалните мрежи вирално се споделува фотографија од Кабинетот на министерот за надворешни работи Бујар Османи, пренесува ТВ21,

Имено, на фотографијата може да се забележи како министерот при состанок со неколку лица, прима инфузија.

Османи ја потврди фотографијата за која вели дека е направена минатата недела, а веќе сега се чувствува подобро.

АПАСИЕВ: „БУГАР ОСМАНИ-ИДАТ ПАРТИЗАНИ“

По неуспешниот обид новинарката Бесмира Ејупи, која скандалозно заработувала хонорари од пет државни институции, да стане генерална конзулка во Њујорк со несоодветна диплома од приватен универзитет, Османи ја вработи во МНР, при отсуство на компетенции, очевидно по сопствена иницијатива, пишува лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев во објава на ФБ.

-За овој случај, Антикорупциската комисија најави кривичен прогон на Државниот правобранител Фехми Стафа, како и на градоначалниците Блерим Беџети од Сарај, Висар Ганиу од Чаир, Енвер Пајазити од Брвеница и Борче Митовски од Петровец. Дополнително, без претходно искуство и соодветно звање, ИВАНА КОСТОВСКА е најновиот вработен во МНР по согласност од деспотот Османи. Се работи за сопругата на пратеникот Мартин Костовски, кој гласаше ЗА „францускиот предлог“ и беше спремен да предизвика насилство во Собранието за бугаризација на Македонија.

Потсетуваме дека претходно за генерален конзул во Чикаго беше испратен синот на провладиниот политички аналитичар, Алберт Муслиу.  Само пред некој ден, Пендаровски ги потпиша указите за амбасадорите во Софија и Брисел (амбасадорски места од исклучително значење за Републиката доколку се земат во предвид случувањата околу заклучоците и преговорите со Бугарија) без да бидат сослушани пред собраниската комисија, со што направи уште еден дипломатски преседан.

Преку низа скандалозни одлуки за кадровски решенија, карактеристични за тоталитарно општество, владејачката клика неминовно потврдуваат дека се измеќари на туѓите интереси!Ангажирање на партиски послушници, кои имаат лични и семејни релации со функционери на СДСМ и ДУИ, е режимска алатка на Владата со тенденција за зголемување на тимот кој ќе продолжи со деструктивните дипломатски одлуки за докусурување на Македонија, стои во постот на Апасиев.

https://www.facebook.com/dimitar.apasiev/posts/5462847320447228